Полуфинале: Србија - Хрватска [27.01.2012 - 20:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Србите наметнуваат бавно темпо на утакмиците на ова ЕП. Се игра со малку голови, долги напади. Играат добра одбрана, на голот е феноменалниот Станич, ама нападот им е послабо оружје.

Хрватите веќе неколку години се во врвот на ракометот и јас мислам дека ова им е шанса да освојат прво место. Имаат добар тим, на неколку постари играчи ова можеби им е последно ЕП, па сигурен сум дека Хрватите ќе го дадат својот максимум.

Значи типувам на победа на Хрватите, ќе треба ептен да се распуцаат во напад Србите за да победат, многу голема улога ќе има и публиката, очекувам одличен дуел.
 
Хрватите се неколку класи над Србите.Кога веќе ние не влеговме во 1/2финале се надевам дека они ќе го освојат европсково.
 
Хрватска ги мразам тоа србите гнасен народ многу се
Некогаш мораш да користиш запирки ако сакаш да те разберат:

Хрватска ги мразам, тоа Србите гнасен народ многу се.
Хрватска, тоа Србите ги мразам гнасен народ многу се.

:)
Јас те разбрав, некој ќе се мисли дали ги мразиш едните или двете :)
 
Скоро цел живот на големите првенства навивам за Хрватска(во отсуство на нашите) и секако помило ќе ми биди ако Хрватите го добијат овој дуел..сепак мене поинтересно ќе ми биди како ќе биди на трибините:D...сигурно ќе уима одреден дел на хрвати и ќе има провокации до максимум од дветестрани..кој знае колку работаќе имаа џандарите..калакурници!
 
Леле ако им тепаат хрватите на сред белградски ташаклук,како ние,леле колку ќе се смеам. :icon_lol:
 
Скоро цел живот на големите првенства навивам за Хрватска(во отсуство на нашите) и секако помило ќе ми биди ако Хрватите го добијат овој дуел..сепак мене поинтересно ќе ми биди како ќе биди на трибините:D...сигурно ќе уима одреден дел на хрвати и ќе има провокации до максимум од дветестрани..кој знае колку работаќе имаа џандарите..калакурници!

Дали ќе има Хрвати на трибините?
http://www.index.hr/sport/clanak/otkazat-ce-se-putovanja-hrvatskih-navijaca-u-beograd/595770.aspx
 
Реално Хрватска може лекции да им држи на Србите за ракомет. Хрватите имаат еден цел тим, Србите го имаат Даре и домашен терен. Ќе видиме што ќе биде клучно. Само се надевам дека судењето ќе биде фер и нема да ги соголат Хрватите со судиски одлуки.
 
Секако за Хрватите, едноставно не можам да навивам за некој кој е брат на нашите крвници од југ, плус Хрвативе се дефинитивно најкултурен народ на Балканов. Може од политички причини но сепак и тимовите се политички. :D
 
Полека пријателе со видеа, може и ваква страна да се прикаже

Или пак нешто најтазе:
426022_288754664512678_100001344398282_762262_1647623175_n.jpg


Македонците се пријатели со двата народа, не се ударајте у груди ни за едни ни за други, држете си некој вид неутралност :)
 
Јас навивам за сите држави од екс-ју и баш ми е мило што во Топ 6 влегоа и Србија, и Хрватска и Македонија и Словенија. Во полуфиналево благо наклонет на Хрватите ќе бидам, поради тоа што се доктори за ракомет во последниве 10-ина години, поради тоа што се пријателски настроени и отворено навивале за нас во многу пригоди. И поради тоа што сме ги хејтале тука без никаква причина.

Во секој случај, Македонија убер алес - ако изгубиме од Словенија ќе морам да навивам за Србија да тепа до крај за да отидеме еднаш на таа Олимпијада. Срамота е веќе на дефилето цела делегација да ни ја собира под знамето, дури имаме и вишок место.
 
Јас сум неутрален за таа утакмица.

Инаку веќе има 5000 Хрватски навивачи во Белград меѓу кои и Bad Blue Boys. Така да изминатиов период имаше инциденти и одземени знамиња. А кој знае што ќе биде на утакмицата.
 
Јас сум неутрален за таа утакмица.

Инаку веќе има 5000 Хрватски навивачи во Белград меѓу кои и Bad Blue Boys. Така да изминатиов период имаше инциденти и одземени знамиња. А кој знае што ќе биде на утакмицата.
Сега има и муабети дека се откажале организираните патувањата од Хрватска. Не можам да го најдам линкот сега :cautious:
А ќе има и 5000 полицајци на денот на утакмицата така да не верувам инциденти да има. Ко геј парада да е :P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom