H
Hip.Hop_MKD
Гостин

ЕУ вовела ембарго на увоз на иранска нафта, Техеран најавил затворање на Ормускиот теснец, а САД тоа не го дозволува.
Европската унија официјално вчера вовела санкции на иранската нафта и го замрзнала имотот на Иранската централна банка. Техеран одговорил дека, како што ветиле ќе го затворат Ормускиот теснец, најважната рута за транспорт на нафта во светот. Кога ќе се случи тоа, расправијата во светски рамки ќе биде неизбежна, бидејќи САД и сојузниците најавиле дека нема да го толерираат затворањето.
Дипломати од сите 27 држави членки на ЕУ во Брисел се договориле на Иран да му воведат ембарго, кое веднаш стапува во сила и се однесува на новите договори за сирова нафта и нафтени деривати, додека пак претходно склопените договори ќе важат до јули оваа година. Во ЕУ исто така е одлучено да се замрзнат паричните средства на Иранскaта централна банка во странство.
Иран тоа го очекувал, па на санкциите одговорил со закани.
"Ако се случи било каков прекин во врска со продажбата на иранската нафта, Ормускиот теснец дефинитивно ќе биде затворен.", изјавил Мохамед Косари, заменик претседател на Одборот на иранскиот парламент за надворешни работи и национална безбедност.
Инаку, низ Ормускиот теснец поминуваат повеќе од третина нафтени танкери на глобално ниво и петина од вкупната количина на нафта произведена во светот. Иран е вториот светски произведувaч на нафта, пред кого е единствено Саудиска Арабија која е сојузник на САД на Блискиот исток.