Се сеќавам една моја другарка на времето пред 6-7 години заминаа фамилијарново Австралија (Мелбурн). Првин отиде татко и, па по 6 месеци она со мајка и и брат и. Знам дека на татко и му пратија некакво гарантно писмо, мислам дека демек го бараа за работа, ова преку нивни познат човек што веќе беше исселен таму.
Еве веќе седма година како се таму и абер немаат за тука, само еднаш си дојдоа и толку

Знам дека и државјанство си доби, си студираше и се тоа легално. Вака незнам дали е тешко да се замине сам, без никој, ама ако имаш некој свој човек таму и те како е полесно. Ако ништо друго барем ќе имаш каде да се сместиш додека да се снајдеш.
Него, ако има заинтересирани за бегство натаму, ќе ја распрашам неа, па ќе ми каже точно како заминаа, пошто не се ни сеќавам убаво.