Македонија - Полска [23.01.2012 - 16:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Пф, а шо мислеа тие така е ова нема без проблеми да помини, гага влезници...
 
Ислаѓаните пак ќе судат :mad: .....
Тогаш судеа за Германците пошто Германија можеше да отпадне а ЕХФ не смее да си дозволи такво нешто.Не знам овој пат како ќе судат ама да се надеваме нема како тогаш.
Иначе пред натпреварот имам трема се некако мислам дека ќе се заебат нашиве.
 
Кога сме кај голманите...Добар класа голман е што се вика пола екипа. Со голман од калибарот на Станиќ оваа репрезентација ќе беше минимум за 30% посилна, а да не спомињам и плус со асален тренер. А ако на тоа се додате и нормална спортска среќа...кај ли ќе ни беше крајот ?! :D
Али тоа е веќе друг муабет, најбитно до сега е што момците стварно го оставија срцето, не се штедат и покрај големиот ќутек кој го изедоа, играа стварно добар ракомет и не дозволија буквално 3-пати поголеми ракометни нации од нас да не надиграат.
Од мене капа доле.

незнам дали некој се сеќава (би требало), кога хрватска стана Светски мислам беше првак, најзаслужен играч покрај Балиќ им беше голманот Шола. Па човекот имаше по околу 20 одбрани на секоја утакмица. Е ние да имаме таков голам, ни Шведска, ни Германија, па ни Данска ќе мириснеа бодче.

Не дека нашиве се толку слаби, ама се некој си просек, а не врвен квалитет каков шо ни треба!
 
На арно тргна денов, ќе ги уништиме денес.
 
Многу сум разочаран од начинот на кои ги изгубивме бодовите,лесно можевме сега да бидеме во ситуација каде што само бод од денешниов натпревар не носеше во полуфинале,не ми се верува колку среќата ни го сврте грбот на овој шампионат:place: .Многу тешко ми падна поразот од Данска,утакмица која ја имавме во свои раце,три пати водевме по 6 гола,имавме удар за победа...не знам што да кажам,тој удар на Кирца последниот,голманот од 15 шута такви 2 ќе фати,ама ете баш тој се погоди да го одбрани со пета,потоа следуваше тоа што следуваше.Осеќам дека момците се спремни психички,да ни докажат дека можат,дека го надминале тој удар,и ќе ја декласираат Полска денес.Гладни се за тоа,ќе се истурат над Пољациве.Можеби треба малку да не посака и топката? Висок тим е Полскиот,ќе имаме проблеми во одбраната ако им тргне шутот,не знам кој гледаше со Шведска,во второто полувреме какви бомби испраќаа од 9-10 метра.
Очекувам константна игра денес,без поголеми падови како на предходните утакмици кога и ги изгубивме бодовите.Очекувам Шундо да го вклучи тоа мозокот и да побара еден АСОЛЕН тајм-аут и секако очекувам ШТО ПОВИСОКА ПОБЕДА ,со што би ги задржале шансите за 1/2 финале.
ЗА КОГО?
 
-Имаме одлична екипа која што го остава срцето на терен,
-Имаме поддршка од требините каква што секоја репрезентација сонува да ја има,
-Имаме желба и уште поголема волја за денешна победа,
-Имаме ли тренер?
Тајм аут - сите молчат и слушаат, само тренерот зборува и дава инструкции, кај нас, сите зборуваат само тренерот слуша и клима со главата, тренерот е таму првиот играч, а нашиов тренер уште џогер фали да му дадат и да го забрише паркетот:vozbud:каде е авторитетот?
Искрено се надевам дека денес среќата ќе не послужи конечно, знам дека момците ќе изгинат на терен, навивачите знам дека нема да ги штедат своите гласови и на крај ќе издвојуваме победа
Повторно очекувам натпревар на нерви, барем сме шампиони за тоа, затоа Драги Кангајџии наоружајте се со цигари, кафе, лексилиум, дијазепам и вечерва ќе славиме:vozbud:

ЗА КОГО!!!!!!!!
ЗА МАКЕДОНИЈА!!!!
 
За одлично навивање и победа за Македонија, еве што ви е потребно.
Знаме –
Свирче –
Оптимистички дух -
Откажани сите останати активности во 16:20 -
Апарат за притисок -
Глас за навивање -
Телевизор во боја -
Солзи радосници -
Мускули за нагло скокање -
Полски кревет, полско цвеќе и полско ве-це за Полјаците -√ ( :pos: )
 
За одлично навивање и победа за Македонија, еве што ви е потребно.
Знаме –
Свирче –
Оптимистички дух -
Откажани сите останати активности во 16:20 -
Апарат за притисок -
Глас за навивање -
Телевизор во боја -
Солзи радосници -
Мускули за нагло скокање -
Полски кревет, полско цвеќе и полско ве-це за Полјаците -√ ( :pos: )

Џабе ми е апарат апчиња две паковања, ништо не прајме со апаратите ќе испукаат :icon_lol:
 
Ајде вчера што фатив спортска денес ќе ги ставам на Македонија во Ниш против Германија изгубивме ама сега тешко против овие пољациве
 
Жал ми е за играчите, со прикажаната добра игра, со таа мотивираност и пожртвуваност, со огромната волја да го израдуваат македонскиот народ, во никој случај не ги заслужија двата болни порази од Германија и Данска. Среќата комплетно им го сврте грбот, најлошото што можеше да се случи во последните неколку секунди на двата меча, се случи. Марфиев закон. Fuck Murphy.
Ни на крај памет не ми е да критикувам, пцујам или колнам по играчите. Нив им е најтешко. Па кога јас ќе изгубам партија рекреативен фудбал со другарите, ми иде да си пукам у колено зашто сум изгубил, а не да изгубам меч на ЕП, со еден гол разлика примен во последна секунда, пред 10.000 Македонци кои гласот си го оставиле бодрејќи ме. Да не си им во кожа, посебно не на Кире, кој мораше да превземе одговорност, од него се очекуваше. За тоа треба муда, биковски, и он докажа дека ги има.
Сума сумарум, на кое место и да завршат, браво за играчите, алал да им е.

Но за жал истото не може да се каже за нашиот така наречен тренер. Оф леле мајко каков идиот. Гледам некои се бунат зашто не барал тајм-аути. Па сите гледаме и слушаме што збори на тајм-аутите, фајде нема од тоа.
Ако сме во напад, ќе рече - Сега битно е да дадеме гол. Ако они се во напад, ќе рече - Сега битно е да се одбраниме.
И играчите сите во еден глас - Thanks couch Obvious!!!
Катастрофа од тренер имаме. Па оној ко-коментаторон, исто така "врвен тренер", покрај двете "тактички замисли" на нашиов тренер, барем знае и фластер да спомне.
Стварно не знам дали не сме пробале да го ангажираме Червар или сме пробале но он не прифатил, но со него, друга песна ќе се пееше.

Оф, за темата сум забораил да пишам.
Очекувам многу сличен меч како МКД - Чешка, со многу сличен победник хохохо.
Т.е не очекувам, сигурен сум дека ќе победиме. Оле.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: D_T
Добиваме денес 6 разлика без гајле ;)
 
паметно само............и победата е наша............се надевам дека ке згреше полска и ке ставе фластер на кире или ке тргне со 5-1 одбрана е тукааа се наши ако биде 6-0 на линијта тешко ке го пробиеме високот ѕид............имат просечен голман ама и според мене најдобар изработеен контра и полуконтра на првенствоото.....не дај боже ако не тепат ке играт полуфинале а може и финале................................напред наши
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom