ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163
Еве некој мои заклучоци за групава...

Полска-Шведска тесен натпревар, Швеѓаните играат одлична одбрана, неверојатен беше податокот дека примија 20 гола во едно полувреме од Германците, тоа не им се случило никогаш, ете колку сме малери што не влеговме со 3 бода. Во секој случај нијанси ќе решаваат...
Македонија-Данска доколку не начнат со контрите убаво ќе не отворат како на светското, во спротивно тесен натпревар до самиот крај. 1 :)
Србија-Германија 1 играта што ја демонстрираат Србите засега е одлична, на домашен се и очекувам нивна победа
Македонија-Полска нов трилер од нашите, слично како дуелот во Хрватска на светското, гол ќе решава да се надеваме одново во наша корист
Германија-Данска во зависност од мечот против нас, ако не совладаат Данците ќе ја отворат и Германија, во спротивно ќе немаат мотив. Играчки, далеку поквалитетна Данска...
Србија-Шведска мислам дека Швеѓаните со добра одбрана ќе бидат поголема закана за Србија одошто Германија, но сепак очекувам победа на домаќинот, не за друго нас да ни биде полесна задачата во среда :D
Шведска-Данска одново според потребите на Данска, практикуваат сличен стил на игра, и двете имаат фантастични одбрани но разликата ја прават вонсериските бекови и крила кои Данците ги извадија во последниве години.
Полска-Германија единствен меч кој мислам дека би им одговарал на Германците и во кој би имале реална шанса за триумф. 50:50
Србија-Македонија битка на теренот, битка на трибините! тука се ќе зависи од претходните дуели, колкав мотив ќе имаат едните колкав другите!

Значи: Србија 8, Македонија 7, Германија 6, Полска 4, Шведска 3, Данска 2... тоа е она сценарио кое цела нација го посакува :)
 
Србите ќе ни ја пуштеле :pos: Ова е подобар кикс од оној на господин Стефан со лаптопот. Очекувам Сајбер Рајдер да ве подбере за зелениве што ги тропате. :facepalm:
Well, донекаде се во право ама незнаат да се изразат :icon_mrgr:

Тоа дека би ни ја пуштиле мало морген :pos: Да решава тој меч дали ќе идеме или не, нема теорија да ни пуштат. Белграѓани не се како Нишлии. Не очекувам баш гостопримлив пречек, а и препорачувам да не се двојат баш нашиве со обележја на себе. Сега се исфрустрирани до максимум пошто дозболија МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕП ВО СРБИЈА :D
Па дури и на мечевите на Унгарија има подобра атмосфера...

На тој меч ќе има најголем притисок од Српската публика, па очекувам и да ни ја исвиркаат химната. Кога беше ЕП за жени во ракомет во Македонија во 2008, плачеа две недели како наводно биле гаѓани од публика.

Е сега има малку вистина дека ако веќе имаат обезбедено пласман ќе излезат во мешан состав. Ипак имаат полуфинале за два дена, и нормално е дека нема да си ги трошат играчите. Е тука е нашата шанса. Но тоа не е пуштање, нема да ни ја дадат они, туку ќе излезат во малку поинаков состав заради нивно добро.
Но и тие што ќе играат ќе бидат максимално мотивирани. Ќе видиме чива мотивација ќе биде посилна :)
 
без паника влеговме у ритам :P
само судииве да бидат коректни према нас и тоа е тоа незнам каде ке ни е крајот :)
 
Дечки,да останеме сепак во границите на реалноста. Нашите го остварија примарниот план и сега се понатаму е додатен бонус за нивна и наша лична сатисфакција и афирмација на нашиот ракомет.

Но сепак да бидеме реални, било каквите шанси за полуфинале се изгубија во тој трилер финиш во поразот од Германија. Со еден пренесен бод е пеколно тешко, и се граничи со нереално поминувањето во полуфинале. Би требало нашите со лесна глава да влезат во дуелите спремни за докажување но не со некави императиви. Мечевите со Данска и Полска ќе бидат пеколно тешки од играчки аспект,а тој со Србија ќе биде дополнет со наелектризирана атмосфера на трибините и фактот дека играме со домаќинот.

Од нашата група очекувам Германците и Србија да поминат понатаму. Да не се залажуваме дека се Германците слаби. Сите видовме што им направија на Швеѓаните,и очекувам нивна чиста победа над Полска и опасно надигрување со Данска и Чешка. Едноставно се во предобра позиција за така лесно да прокоцкаат полуфинале.
 
На тој меч ќе има најголем притисок од Српската публика, па очекувам и да ни ја исвиркаат химната. Кога беше ЕП за жени во ракомет во Македонија во 2008, плачеа две недели како наводно биле гаѓани од публика.

За ова си во право, најголеми плачковци се Србиве искрено.. памтам 2008 беше исто кога се играше утакмица Македонија - Србија во Велес како дел од Балкански куп/првенство. Атмосферата беше пеколна и додека беше изедначен резултатот се беше таман играа кога се одлепивме 2-3 гола разлика одма почнаа демек публиката ги мавала па судиите суделе во наша корист и слично и на 7-8 минути пред крајот се повлекоа во соблекувална си отидоа :icon_lol:
 
Утре, најпрво Шведска да ја тепа Полска минимално, ние да ги креснеме Данциве... Србија и Германија шо сакаат нека прават... :гик:
 
утре полска тепа 5+.......србија тепа +2 македонија тепа +3
 
Мислам дека сме зрели за победи во вторава фаза. Да игравме на неутрален со Србите ги добивавме со гаранција, тие сега земаа голем замав бидејќи играат на домашен терен... Пољаците се велесила од толку медали, во нашиот единствен дуел со нив беа поразени. На тој состав му недостасуваат два играчи. Тие се далеку од формата во која беа 2009 откако ги победивме стигнаа до 3то место на светското.

Да се потсетиме на втората фаза на СП 2009. Освен Норвежаните групата верувале или не е иста. Тогаш најголем проблем имавме со Данците, со Србите и Норвежаните игравме егал... Само што сега Данците и Пољаците се далеку од тогашната форма, имаат млади и нови играчи, би рекол дека Србија е пред нив во однос на квалитетот и тимската игра што ја прикажаа до сега.

fsfa.jpg
 
Пекол ги чека играчите на терен, повеќе од сигурно е тоа. Со дополнителна мотивација и подобра игра од таа со Чешка висок ќе биде дострелот на крај.
 
Дечки,да останеме сепак во границите на реалноста. Нашите го остварија примарниот план и сега се понатаму е додатен бонус за нивна и наша лична сатисфакција и афирмација на нашиот ракомет.

Но сепак да бидеме реални, било каквите шанси за полуфинале се изгубија во тој трилер финиш во поразот од Германија. Со еден пренесен бод е пеколно тешко, и се граничи со нереално поминувањето во полуфинале. Би требало нашите со лесна глава да влезат во дуелите спремни за докажување но не со некави императиви. Мечевите со Данска и Полска ќе бидат пеколно тешки од играчки аспект,а тој со Србија ќе биде дополнет со наелектризирана атмосфера на трибините и фактот дека играме со домаќинот.

Од нашата група очекувам Германците и Србија да поминат понатаму. Да не се залажуваме дека се Германците слаби. Сите видовме што им направија на Швеѓаните,и очекувам нивна чиста победа над Полска и опасно надигрување со Данска и Чешка. Едноставно се во предобра позиција за така лесно да прокоцкаат полуфинале.
Знаеш имав проблем,2-3 дена не бев отиден по голема нужда,го прочитав твојот пост и одма ме спотера.

Фала.
 
Ако Србија се обезбеди, против нас ќе го одмара тимот и сигурно ќе игра поопуштено случајно да не и се повреди некој играч пред полуфинале.
 
Дечки да не има некој инфо каде е/ќе биде фан-зоната во Белград???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom