Скопје Ремикс (Skopje Remixed)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најголем дек од саундтракот е дело на Роботек :)
Бонус траките се следните:
Новиот Почеток - Агнозија
Аномалија Натива feat Кацар - Премногу дрско
Чиста ОКОлина - Пуздер 2
Low Budget - Лош ти е зарот
Моноботс - Happy endings

Еј овие LB се ѕверови, песнава 1000 пати ја имам слушнато:

 
Пред саат време се вратив од премиерата.Наместо да почне во 22.30 почна во 23.15 од прилика.Трае 2 саати и 15 минути
првите 2-3 стории ми беа интересни,после почна да ми се спие
 
Денес го гледав. Како што и претпоставував, воопшто не ми се допадна. Воопшто. Ако е тоа духот на Скопје, ондак режисерите и јас живееме во два паралелни универзуми. Знаев уште по трејлерот дека нема да ми се свиѓа. Премногу долго трае башка, кога заврши, помислив дека како Роберто Бењини кога доби Оскар ќе ги прескокнувам столчињата за да излезам што побрзо. Не, тоа не е моето Скопје во кое сум родена, растена и во кое ден денес живеам.

Се бара јунак кој ќе сними македонски филм во кој нема дрога, random секс сцени и мутави дијалози. Не значи дека ако нешто е спротивно од популарното мислење и ако е андерграунд дека е уметност. И не, ич не го отековте со 103ка. :confused: И да... се уште ми остана мистерија што смешно гледа македонската публика во пцовки, без разлика дали е тоа во театар или во кино.

Како и да е, поддршка за трудот, ама филмов оди во топ 10 најлоши филмови кои ги имам гледано. Се работи за вкус. Мене не ми се допадна воопшто.
 
Мене пак ме бендиса.
Филм кој е надвор од македонскиов шаблон на мизерија, немаштија и слично. Не е совршен, ниту пак ремек дело, ама е солиден труд на кој се насмеав доста пати(не на пцовки). Битно е шо е напраен со мадиња, испробано е нешто ново кај нас. Па и целиов концепт на повеќе кратки филмови, го среќавам ретко. Поради самото то и не е тежок или досаден за следење.
Од мене препорака за гледање, па или ќе ме пљукните по улица или ќе ми речите браво Болигла и мене ме бендиса. :)
 
Денес го гледав. Како што и претпоставував, воопшто не ми се допадна. Воопшто. Ако е тоа духот на Скопје, ондак режисерите и јас живееме во два паралелни универзуми. Мене не ми се допадна воопшто.
Многу е лошо што кај нас режисерите патат од тоа да го прикажат општествово онакво какво што не е. Кои дроги бе,кои диви сексови,кои мафијаши,кои Панкови(што не се мртви),кај е тоа Скопје ?

Лошо истрипување...........ама затоа очекувам Трето Полувреме да наплати со квалитет,за досегашново срање и фејкерство.
 
Знаев дека живеам во различен универзум од Крејзи ин Лав и да, вистина е :)

Значи оние кои ги фатиле журките од крајот на 90тите и почеток на новиот милениум, и оние кои слушале 103ка баш убо ќе им дојде филмов. Нормално, бидејќи е филм некои работи се преувеличени за уметнички впечаток, али како и е да, мене ми се допадна и тоа многу.
Највеќе ми се допадна Камка Тоциновски :) Камка како Камка и ликот кој го глуми, мх мх мх :) GodHateUsALL да беше женско ќе беше ко ликот што го глуми Камка :)
И цртаниот филм е интересно решен.
За стари џанаци топло го препорачувам вториот дел у кој Дејан Лилиќ и Оливер Митковски пушат грас на кров на зграда :D

Саундтракот е извонреден. Го слушав пред да го гледам филмот и ми се допадна, ама не премногу. У филмов е извонредно вклопен.
 
За стари џанаци топло го препорачувам вториот дел у кој Дејан Лилиќ и Оливер Митковски пушат грас на кров на зграда :D
Џанаци се на хорс.
Тие што се на грас, кока, таблети...не се викаат џанаци.
 
Џанаци се на хорс.
Тие што се на грас, кока, таблети...не се викаат џанаци.
Значи да се исправам, за почитувачите на лесни психотропни супстанци :)
 
Значи не вреди да се гледа, а баш мислев да одам да го гледам.
 
Значи не вреди да се гледа, а баш мислев да одам да го гледам.

А бе види, тоа е веќе работа на вкус. Мене на пример, воопшто не ми се допадна, тебе може ќе ти се свиѓа. Отиди, погледни го, нема што да изгубиш освен 140 минути. Или ќе си речеш топ е или ќе речеш (како јас што реков): ова се 140 минути од мојот живот кои за жал нема да се вратат назад.

Не суди по туѓите вкусови, оди и сам увери се, така е најубаво.(y)
 
А бе види, тоа е веќе работа на вкус. Мене на пример, воопшто не ми се допадна, тебе може ќе ти се свиѓа. Отиди, погледни го, нема што да изгубиш освен 140 минути. Или ќе си речеш топ е или ќе речеш (како јас што реков): ова се 140 минути од мојот живот кои за жал нема да се вратат назад.

Не суди по туѓите вкусови, оди и сам увери се, така е најубаво.(y)

Истото го реков и за Ова не е Амерички филм, и се покајав што отидов. Си викам еј добар е ај ќе го гледам и излегов незадоволен и со наведната глава. Едно време сакав и на пола филм да си отидам, но ај не бев сам и непријатно ми беше.
 
Единстевно нешто што не беше доволно застапено, а без што Скопје не е Скопје, беа скопските шмизли, градските сељаци и нафураните малишани. Имаше градски сељак и шмизла, ама не беа автентично прикажани.
За оние кои хејтаат, ако ова не е Скопје во кое живеете, тогаш вие не го знаете Скопје доволно. Скопје без квазиначитани џанаци:pos:
Најдоследна препорака што јас можам да ја дадам е, ако ви се допадна Paris, je t'aime, со сигурност ќе ви се допадне и овој филм.
 
За оние кои хејтаат, ако ова не е Скопје во кое живеете, тогаш вие не го знаете Скопје доволно. Скопје без квазиначитани џанаци:pos:
.

Не велам дека ги нема, ама не е тоа цело Скопје и не е тоа реалната слика на Скопје. Никаде не се прикажани луѓето што водат нормален, да не кажам “досаден“ живот. Јас само во нашите филмови гледам толку дрога и секс. Цело време само таа страна се прикажува, андерграунд страна, као само тоа да е Скопје. Има Скопје многу повеќе убавина и шарм од она што е прикажано во филмов. Поискривена слика за Скопје, одамна не сум видела. Не мора постојано да се форсира одредна слика од одреден начин на живот на одредени поединци. Тоа не е Скопјето кое јас го обожавам. Скопје е микс од многу различни нешта и различни луѓе, а овој филм само еден правец и горе-доле една страна застапува. Да сум од друга држава, сликата која би ми се создала за Скопје воопшто не би ми се допаднала гледајќи ги нашиве последни филмови (Скопје ремикс и Панкот не е мртов (пошо делумно е во Скопје дејствието)). И од толку фурање на 103 радиото во филмот, мислам дека никогаш нема да го уклучам 103 повторно (не дека и претходно го слушав нешто баш).

Не е дека сакам да наметнам мислење, но ја кажувам мојата страна, затоа што очигледно во филмов се промовира сосем поинаква страна и начин на живот, кој не е толку присутен колку што тоа сака филмот да го прикаже.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom