Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.330
- Поени од реакции
- 34.766
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Македонската кинематографија добива уште едно блескаво дело. После трејлерот за „Трето полувреме“, со свое промо видео најавено е уште едно македонско филмско остварување, „Скопје Ремикс“.
Во филмот во продукција на „Ново Македонско Видео“ се испреплетуваат 10 љубовни приказни, секоја изработена од посебен еминентен режисер. Десет херои, секој од нив со своја битка и визија за градот, ни прикажуваат различна перспектива на околината во која живееме, создавајќи синергија наречена „Скопје Ремикс“.
„Скопје Ремикс“, филм со 100тина различни уметници, ќе направи визуелен ремикс на градот, претставувајќи го Скопје каков што го знаеме денес, но и слика за која сите мечтаеме да ја доживееме. Филмското остварување ќе ја промовира македонската уметност на различни нивоа и начини, а особено ќе се фокусира на македонската музичка сцена, вклучувајќи повеќе македонски високо-квалитетни музички автори.
Во актерската екипа можеме да ги видиме имињата на Дејан Лилиќ, Александар Микиќ, Дади Ангеловски, Кирил Коруновски, Камка Тоциновски, Јордан Симеонов, Милан Тоциновски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Славица Николовска-Спасова, Софија Куновска, Јулија Милкова, Влатко Христов, Ирфан Незир, Ерма Куртишова и многу други.
Проектот „Скопје Ремикс“ сака да го претстави нашето поднебје на еден поинаков начин - не само како место каде владее меѓучовечката омраза и луѓето сакаат меѓусебно да се убиваат, туку место на големи мислители и уметници, чија борба ќе изгради подобра иднина. Оптимизмот во филмот сака да посочи дека без разлика на економските и политичките ограничувања со кои сме соочени изминатава деценија и пол, без разлика на соседските спорови и светските проблеми, сепак луѓето наоѓаат начини да се забавуваат, заљубуваат, да ја почувствуваат радоста и среќата.
Погледнете го трејлерот: