Македонски народни приказни

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
леле нездрава работа, стенкаат ли стенкаат ова македонски народни приказни или порничи се ??? во една стенкаат, во друга изиграваат макроа, уште ова го немаше, КАТАСТРОФА :tapp:
 
lelee dosta i jas sega gi gledav, kolku ne se toa sto treba da bidat, ova kao demek modernizirani se trudele da gi naprava ama ne e toa toa
 
леле нездрава работа, стенкаат ли стенкаат ова македонски народни приказни или порничи се ??? во една стенкаат, во друга изиграваат макроа, уште ова го немаше, КАТАСТРОФА :tapp:
Сум го пропуштил стенкањето :pos::pos::pos::pos::pos:.


Инаку и ја ја слушав не ја гледав последната епизода на А1 остана телевизорот пуштен во другата соба, ќе станев да го исклучам телевизорот ама мораше да остане А1 поради блокадата на граничниот премин кон Грција, а чичко ми се спрема за на пат. Ова ко Драга Кајгана го направив со постов :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Инаку иритирачко нешто ми идеше телевизорот да го фрлам :icon_lol:.
 
За која приказна зборите? Кој е насловот?
 
леле нездрава работа, стенкаат ли стенкаат ова македонски народни приказни или порничи се ??? во една стенкаат, во друга изиграваат макроа, уште ова го немаше, КАТАСТРОФА :tapp:

Нездрава работа и тоа како, Вики... :nerv: :nerv: :nerv: Па што повеќе да очекуваме од прикаскиве бреееееј... Стварно, уште таа да беше соблечена и точно порнич да фатеа да снимаат... ЖИВ РЕЗИЛ!!!

bscap0001ic.jpg

bscap0000yr.jpg


Можеби на некој ќе му изгледаат како смешни тие сцени, но сепак квалитетот на смислениот хумор е на толку ниско ниво. Ако на Велко Неделковски (сценаристот) не му останале други идеи за да ги пишува приказниве, подобро нека му се придружи на бацко Џумерко, и нека му напише некој нови приказни, да сними човекот уште некое цд еротски приказни, а не да ги зема идеите од класичните Македонски народни приказни, како што беше примерот со оваа, и да ги претвора во ѓубре, со сцени на секс, стенкање и други перверзлоци...
Имено, приказната беше преработка на приказната со оригинален наслов „ЖЕНСКА ИТРИНА“ во која глумеа старите добри Колозови, и уште цела плејада познати актери. И во оригиналната приказна имаше неверство, но што ли ќе му фалеше на идиотиве да снимаат сцена со едно обично гушкање и бакнеж на образ, како во старата приказна?! Или пак да му препуштеа се на имагинацијата на луѓето?! :toe: Аааааа, нееее... модерно време сме, па мора во се живо и диво да падне секс во кревет, или било каде, па дочекавме тоа и да го видиме и во приказниве... :nesvest: Па што остана повеќе... Емисиите што некогаш служеа да потпомогнат во развојот на секоја личност со нивните мудри пословици и поговорки (мислам на старите Македонски народни приказни), си се нешто неописливо и прекрасно, и како такви никогаш нема да ги заборавиме... А ако овие новиве сакаат да докажат и да направат дека се подобри од старите, во тоа нема да успеат АМА БАШ НИКОГАШ! Не можат ни за малото прсте да им се фатат на старите приказни.
Искрено, не знам што повеќе да очекуваме од новиве приказни, па и уште кога ќе размислам дека не очекуваат уште 108 нови епизоди (12 веќе ги проследивме, и не беа ништо посебно)...
И за крај, извадок од весник:
111x.jpg

...а јас ќе и речам: САМО СОНУВАЈ, МАГДАЛЕНА! ЌЕ БИДЕ И ТОА, АМА КОГА ТЕБЕ НЕМА ДА ТЕ ИМА ВО ПРИКАЗНИТЕ!!! :nerv:
 
Не се подобри од старите. Башка се обработувани истите приказни, аман бе толку сме ограничени со бајки?
 
Таа Магдалена е изгледа на тешка дрога па почнала да трипа.:tapp:
Старите приказни ги имаа Колозови,Бараков,беа баш народни,со народен говор,едноставни.
 
За срамота, а нема никакво преупредување да не гледаат деца, всушност само деца гледаат.
 
Ако на Велко Неделковски (сценаристот) не му останале други идеи за да ги пишува приказниве, подобро нека му се придружи на бацко Џумерко, и нека му напише некој нови приказни, да сними човекот уште некое цд еротски приказни, а не да ги зема идеите од класичните Македонски народни приказни, како што беше примерот со оваа, и да ги претвора во ѓубре, со сцени на секс, стенкање и други перверзлоци...
Аааааа немој така од Џумерко приказните легендарни се ,на нив се знаеше човек што да очекува. А оваа глупост што ја даваат на телевизија иритира бре ненормално многу, јас не знам зошто не побареле некој совет од Гоце Тодорвски, Ванчо Петрушевски, Лазар Бараков или вујко му од Мокрино :icon_lol:. Туку сега сите најпаметни се и знаат како треба не бараат совет затоа е чисто срање.
 
Тапа ми се ептен....цитирам "ај сеа ти пи си...ја ќе идам да слушам песни на радио" :vozbud:
 
Katastrofa ... po gadni prikazni ne sum gledal do sea...Bez starite akteri ne biva nisto..bolje da nema ic otkolku vakvi za nikade .. Sramota !
 
Вчера начекав една епизода од народниве приказни и се згадив крајно! Уште толку пцуење и уличарски муабети не сум сретнала никаде! Имаат ли осет одговорните кога ги пишуваат текстовите или овие актерите кога ги изговараат сите тие зборови! Гнасни се в крај!
А пред почеток има најава дека следува програма за целата публика. Програма за цела публика мај ес!:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom