Гласање за изгледот на новата фасада на Владата на РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
За луѓе без вкус и собранието изгледа ужасно, а појма немаат како изгледа од птичја перпектива. Само кинеска копија за таквите.

На собранието очајно му треба префарбување. Каки боја има, башка може да се види како е попукана фасадата на одредени места.
 
За луѓе без вкус и собранието изгледа ужасно, а појма немаат како изгледа од птичја перпектива. Само кинеска копија за таквите.

Јебига, неаме сите крила.
 
:гомце:Свето Срање (Проливот на папата) :гомце:
НИЕДНО!:гомце:
Еден дел личат како Атина, а другите како неуспешен трговски центар од раните 90-ти:гомце:И нема да гласам, 1 или 5 ќе ги градат, тука им е двоумењето:гомце:Уште погрдо од досегашново:гомце:А место машина за перење среде влада, да им платеа заостанати плати на Македонија Пат?:гомце: Патни трошоци на државните службеници за последните 5 месеци?:гомце: Да помогнеа со средства на некој од многуте случаи за кои е потребна операција во вредност од 50-100.000 евра?

И не знам шо сте запнале за собранието, со мали корекции ќе е многу добра зграда.Или дека не е во ретро стил?
 
На собранието очајно му треба префарбување. Каки боја има, башка може да се види како е попукана фасадата на одредени места.

Собранието веќе се реновира од поодамна..е сега дали ќе се мења бојата незнам..според мене би требало да се смени,стварно бојава е пролив.
 
Кај овој третиов предлог фали уште Дејвид Гета со еден сет и публика што вика У у...
 
Резултатите засега:

Решение 1 29% (393)
Решение 2 24% (323)
Решение 3 18% (252)
Решение 4 13% (178)
Решение 5 13% (173)
Не знам / Нема одговор 4% (49)

Вкупно гласови 1368
 
Мене ми се свиѓаат кецот и петката, иначе гласав за кецот :) Секој си има свој вкус, лично мене двојката како трансформатор ми личи најозбилно :pos:
 
А, да гласавме за фасади на домотовите за деца без родители итн? Мавај една четка врз владата и онака внатре се им е топ (ако веќе не им е удобно во ,,такво место,, да донесуваат големи одлуки)
 
А, да гласавме за фасади на домотовите за деца без родители итн? Мавај една четка врз владата и онака внатре се им е топ (ако веќе не им е удобно во ,,такво место,, да донесуваат големи одлуки)
e sega i ti ne e toa vo programata na cekorite 3 napred 2 nazad :pos:
 
Гласав за најочајната верзија (мислам 3 беше) покрај сите градби споменици шаренолики и џиџани осветлени и хромирани застаклени и гипсирани предимензионирани и кичерајски наконтени, убо ќе му легне како јаготка на шлагот и една така очајбијна градба за мастермајндовите на ова фрик шоу.
 
Мене ми се свиѓаат кецот и петката, иначе гласав за кецот :) Секој си има свој вкус, лично мене двојката како трансформатор ми личи најозбилно :pos:
И мене мис се "свиѓа " кецот, такво уникатно, уметничко и практично решение никаде нема, нит ќе има:pos:.
acropolis-landmark_321.jpg
Не е насочено ова кон тебе ОfO, само критика на инвентивноста и слободната уметничка мисла (бар последниот пат кога прашав архитекти истите до некој степен се чувствуваа како уметници)
 
Објектот број два е најдобар (без скулптурите во фонтаните), но зградата на Владата е сосема добра како што е и нема потреба од било каква “реконструкција“ - евентуално реновирање доколку нешто е оштетено. Истото важи и за Собранието, но него веќе почнаа да го реконструираат, за жал.

Значи, ниеден предлог. Патем, да не го видов предлогот за првиот објект на официјалната страна на Владата, ќе мислев дека е некоја пародија.
 
Прво едно реторичко прашање, не сакам никој да ми одговара, ги знам одговорите. Зошто кога ниеден голем капитален проект во овие години не успеа да се резлизира- ни хидроцентрали, ни автопатишта (или пропаѓаат тендери или никој не се јавува) некој нас не замајува со вакви работи, па уште и анкета ставиле, демек баш нас ќе се слушаат?! Приоритетите се тотално побркани, Европа и светот се во најголема криза од 1929 а ние фасади на влада ќе поправаме.

Ама ако веќе се фаќаме на орото, втората опција е интересна, но фактот е дека таа за 10, а може и пет години со нашето фушерај градежништво нема на ништо да личи, основата на зградата е таа, метална коцка, без никакви облини и стил. Фасадата ќе се обнови но брзо ќе се запушти. Првата ми се допаѓа, јас сакам такви згради во класичен стил, затоа мислам дека треба да се оди со тоа решение, има најмногу промени во однос на сегашната зграда. Би гласал за зграда со футуристички стил, ако се прави скроз нова. Иначе за оние што викаат дека државните инстутиции треба да бидат во озбилен класичен стил, очигледно не сте ги виделе некои нови згради кои се направени, како на пример Градската куќа во Лондон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom