Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ај ако има некој информација нека сподели, ваљда нема да се волку скапи?
Мислам нема логика да се волку скапи, стварно...
Имате слушнато нешто?
Од 20 до 25 евра ќе чинат влезниците за претстојниот меморијален концерт што се одржува секоја година во чест на Тоше Проески, на денот на неговиот роденден - 25 јануари. - пренесува Утрински Весник.
Веста се уште е непотврдена, за цената да се потврди деновиве интензивно се расправа во Министерството за култура, кое заедно со Фондацијата „Тоше Проески“ стои зад организацијата на концертот.
Од Фондацијата неодамна информираа дека концертот во чест на Тоше оваа година ќе има поинаков концепт, кој произлегува од големата љубов на пејачот кон класичната музика. Истовремено, тоа повлекува и поголеми трошоци околу организацијата, на сцената се предвидени повеќе од 90 музичари, а истовремено се подготвуваат и нови аранжмани за песните кои, исто така, чинат доста финансии.
На настанот публиката ќе има можност да ги слушне најголемите поп хитови на Тоше во нов оркестарски аранжман, изведени од популарни оперски пејачи од земјава и од Балканот. Поради потребите од специјална акустика, настанот ќе се одржи во наменски избран простор - Македонската опера и балет, а целата јавност ќе го проследи преку директен телевизиски пренос.
Извор