ЕХФ прави пародија од ЕП: Навивачи повелете, ама без знамиња, тапани, алкохол и не навивајте гласно!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави кодекс на однесување за навивачите што ќе ги следат натпреварите на ЕП во Србија, со кој безмалку порачува воопшто да не размислуваат за создавање на навивачка, туку на театрална атмосфера. Имено, не смеат во салата да се внесат големи држaвни знамиња, дозволени се само три тапани и еден мегафон, алкохол нема да се точи два часа пред и по натпревар во радиус од еден километар од салата.

5xgsoz1p.jpg


Секој навивач ќе мора индивидуално да помине низ детектор, а забрането е внесување на монети, запалки, секаков вид пиротехника, шишиња, лименки, спрејови, но и средства кои предизвикуваат голема врева и звучни ефекти (дозволени се само три тапани и еден мегафон). Не се дозволени ниту свирчиња, рогови и други звучни и светлосни системи кои би можеле да попречат во одвивањето на натпреварот.

Не е дозволена ниту облека која би можела да отсликува навредлива содржина, не смеат да се внесат знамиња со огромни размери (дозволени се само мали знамиња на земјата учесник и тоа не во облик на барјак).

j4oj2h2j.jpg


Во Република Србија забрането е продавање и конзумирање на алкохолни пијалоци два часа пред и два часа по завршувањето на натпреварот и на оддалеченост од еден километар од спортските арени во Белград, Ниш и Нови Сад, како и 300 метри од салата во Вршац. Во сите спортски арени е забрането пушењето.

Овие мерки на ЕХФ и на Република Србија дефинитивно ќе делуваат негативно на создавање на вистинска навивачка атмосфера на Европското првенство во ракомет што ќе се одржи од 15 до 29 јануари. Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапува во групата во Ниш, а повеќе од 3000 Македонци се подготвуваат да заминат и да ја бодрат нашата селекција. Ова значи дека македонската фан-зона ќе треба да биде поставена на оддалеченост најмалку еден километар од спортската арена во Ниш, а македонските фанови ќе имаат големи проблеми да ги внесат во салата сите свои реквизити, пред се огромното македонско знаме кое е наш заштитен знак на речиси сите поголеми спортски натпреварувања во последните неколку години. Дали ЕП во Србија ќе се претвори во спортски театар?!

cj1oescl.jpg


виа Екипа
 
Ништо ново и спектакуларно освен носењето на големо знаме. Но и на повеќето светски стадиони не пуштаат носење големи знамиња, камоли во затворена сала. Ова со алкохолот практика е одамна во повеќе земји. Безбедноста е на прво место.
 
Добро де овие нормално малце да преувеличуваат одма, а некои работи си се наместо, тврди предмети кои би улетале в терен или свирки, рогови од кои не би се слушало судиското свирче итн.Инаку никој неможе да ги спречи фер и коректно да си навиваат.
 
можда и ке забранат алхохол да се пие :pos: овие не знаат што инати сме,ако треба и од дома ке носиме...
 
За другото можеби не ама ќе грми од навивање ! Тоа неможе никој да го забрани :)
 
Не се потребни свирки, рогови и слично. Ние ќе бидеме погласни само со пеење. Германцине ќе маваат со тоа колбасиците и ништо нема да се слушнат.
 
Се надевам дека ќе ги забранат тие моронските вувузели и она дебилнинине што се чукаат што ги користат идтиоскине Скандинавци и Германци.
Пет души да чукаат и свират се гласни колку цела сала, ушите да ти ги отечат, мамицата да им ја ебам :mad:
Гласно навивање сигурно неможат да забранат :D
 
Абе гласно навивање кога сме во напад и свирежи кога се противниците во напад не можат да ни забранат освен ова со алкохолот е нормална работа и се знае дека нема да се пие пред сала туку во шаторот кој ќе биде подалеку од салата сместен или во кафичи некој а за големо знаме па можеме да ги зафркнеме пак ќе направиме по еден дел колку што е дозволено и после сите кога ќе ги склопиме да излегува пак знамето :D
 
Абе гласно навивање кога сме во напад и свирежи кога се противниците во напад не можат да ни забранат освен ова со алкохолот е нормална работа и се знае дека нема да се пие пред сала туку во шаторот кој ќе биде подалеку од салата сместен или во кафичи некој а за големо знаме па можеме да ги зафркнеме пак ќе направиме по еден дел колку што е дозволено и после сите кога ќе ги склопиме да излегува пак знамето :D

Ќе има проблеми слично како што имаа проблеми со Литванците нашите навивачи и сега ќе имаме ние но ќе бидеме во далеку поголема бројка сега па ќе видиме дали ќе забранат и знамето и други работи :)
 
Треба да биде забрането одржување на спортски манифестации на Балканот, поготово меѓународни, се` додека не се воведе малку ред. На времето после „Хејсел“ УЕФА ги дисквалификува англиските тимови на неколку години (4 мислам) а Тачерица им стегна уште макар толку. Затоа сега имаат убедливо најсилно, најинтересно, најубаво организирано и секако најспектакуларно домашно првенство - и тоа во сите категории!!! Поспектакуларни се мечевите од англиската втора дивизија отколку кога играат Лече и Чезена во „Серие А“....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom