Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.204
- Поени од реакции
- 34.441
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави кодекс на однесување за навивачите што ќе ги следат натпреварите на ЕП во Србија, со кој безмалку порачува воопшто да не размислуваат за создавање на навивачка, туку на театрална атмосфера. Имено, не смеат во салата да се внесат големи држaвни знамиња, дозволени се само три тапани и еден мегафон, алкохол нема да се точи два часа пред и по натпревар во радиус од еден километар од салата.
Секој навивач ќе мора индивидуално да помине низ детектор, а забрането е внесување на монети, запалки, секаков вид пиротехника, шишиња, лименки, спрејови, но и средства кои предизвикуваат голема врева и звучни ефекти (дозволени се само три тапани и еден мегафон). Не се дозволени ниту свирчиња, рогови и други звучни и светлосни системи кои би можеле да попречат во одвивањето на натпреварот.
Не е дозволена ниту облека која би можела да отсликува навредлива содржина, не смеат да се внесат знамиња со огромни размери (дозволени се само мали знамиња на земјата учесник и тоа не во облик на барјак).
Во Република Србија забрането е продавање и конзумирање на алкохолни пијалоци два часа пред и два часа по завршувањето на натпреварот и на оддалеченост од еден километар од спортските арени во Белград, Ниш и Нови Сад, како и 300 метри од салата во Вршац. Во сите спортски арени е забрането пушењето.
Овие мерки на ЕХФ и на Република Србија дефинитивно ќе делуваат негативно на создавање на вистинска навивачка атмосфера на Европското првенство во ракомет што ќе се одржи од 15 до 29 јануари. Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапува во групата во Ниш, а повеќе од 3000 Македонци се подготвуваат да заминат и да ја бодрат нашата селекција. Ова значи дека македонската фан-зона ќе треба да биде поставена на оддалеченост најмалку еден километар од спортската арена во Ниш, а македонските фанови ќе имаат големи проблеми да ги внесат во салата сите свои реквизити, пред се огромното македонско знаме кое е наш заштитен знак на речиси сите поголеми спортски натпреварувања во последните неколку години. Дали ЕП во Србија ќе се претвори во спортски театар?!
виа Екипа