ХРТ1 и РТС1 од 1 јануари ќе ги нема во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
незнам дали ти кажале ама и дримбоксот ќе се укинува и че стане нелегален кај нас, имаше тема и за ова на форумов, ме мрзи да ја барам да ти ја покажам, така да и тоа не е решение
Па и торентите и многу работи се нелегални во државава а дека ќе дојдат до дома да ми го земат, малце морген. Да не ќе шетаат по куќи да проверуваат? Во сите европски земји има луѓе со дримбокс а и пвемиевот лично си има дома стаено.

Ова е таа тема во која се дискутира за наводната забрана за продажба и користење на Dreambox рисиверите на Dream Multimedia во Македонија која се подготвува со новиот контроверзен закон за медиуми:

http://forum.kajgana.com/threads/dreambox-забранет-во-Македонија.56476/

Точно, торентите и многу други работи се нелегални во државава, но за Dreambox рисиверите на Dream Multimedia наводно се подготвува закон со кој нивната продажба и нивното користење во Македонија ќе се забранат, наводно и за Интернетот се подготвува цензура, 10000 евра цена за купување на Интернет домеин делува како да се планира правењето на веб сајт да се направи луксуз за просечниот граѓанин.

Јас слабо стојам финансиски моментално, инаку кога би имал пари, без никакво двоумење би ставил сателитска телевизија која би ја следел преку Dreambox рисивер, од поодамна ми е преку глава од идиотизмите на СРД и ЗАМП.
 
Не мора секогаш МТВ да ја мешате... но реално МТВ има подобра програма од Сител, факт е тоа. На сител цел ден имаш Турски / Индиски серии и Вести.
Да МТВ, барем 5 пати неделно во вечерен термин дава филм, јес да е некој постар од архивите или некоја реприза ама тоа е далеку подобро од тоа да гледаш грди турски актери.
Инаку планирам да си откажам гледање на тв и тоа да го заменам со радио, ако не за друго има доста радио станици и едноставно филингот е многу добар, колку ми недостасуваат тие времиња кога најмногу слушав радио.
 
Не мора секогаш МТВ да ја мешате... но реално МТВ има подобра програма од Сител, факт е тоа. На сител цел ден имаш Турски / Индиски серии и Вести.
Ја, на пример, на МТВ глеам само "Нешто плус со Кате", врх емисија, а на Сител ич ништо не глеам, така да, во право си, МТВ тепа у случајов.Реално.
 
Секако дека тепа, но пак идете против неа. Зошто на пример не одите против Сител, кој ништо не нуди... освен Сабота, кога има филмска треска.

Скоро секој си има свои кризи, така и МТВ имаше. Има подобрување, тоа е јасно...
 
Телевизија скоро и да не гледам а Дримбоксот не може да се забрани зашто е сосема легален производ во ЕУ, џабе дезинформации. Едино може да се забрани продажба на картици ама кој знае и сака пак ќе се снајде, да беше така лесно со забрани ни торенти немаше да има.
 
Па и торентите и многу работи се нелегални во државава а дека ќе дојдат до дома да ми го земат, малце морген. Да не ќе шетаат по куќи да проверуваат? Во сите европски земји има луѓе со дримбокс а и пвемиевот лично си има дома стаено.
Не дека не се сложувам со тебе ама ненормалниве незнаеш што ќе им брчне, ти викам има цела тема затоа отворено, не е место за тоа тука да дискутираме, ама дека не ставаат во цензура како во Северна Кореја, и те каок не ставаат, болни се овие, нека не те изненадува до каде може да оди нивната глупост и моронштина....
 
Секако дека тепа, но пак идете против неа. Зошто на пример не одите против Сител, кој ништо не нуди... освен Сабота, кога има филмска треска.

Скоро секој си има свои кризи, така и МТВ имаше. Има подобрување, тоа е јасно...
Тапа се и двете телевизии друже, тоа мислев.
Единствени по ОК беа хрватскине НоваТв и ХРТ2, нив први ги тргнаа, сега и овие им сметаат. Зошто, само они си знаат.
 
МТВ е подобра од Сител а има и капацитет да биде најдобра и најгледана телевизија во МК но и треба добар имиџ и добра репутација. Што ако Алфа нуди квалитетна програма кога има слаба гледаност поради тоа што народот сака кич програма?
 
A зш Шител секоја вечер после 00:00 даваат емисии со Жаре берберот и Лила Филиповска стари едно 5 години, зар до толку се за греота да немаат шо да даваат :eek:o_O
 
Со оваа одлука на ЗАМП многу нешта смрдат. ХРТ и РТС се дел од пакетот на Тотал ТВ, сакаат да кажат откажете се луѓе од кабелска, дигитална земете Тотал. Кој овде и зошто во име на заштита на авторски права се заштитува?
Дримбоксот е легален производ, се произведува во Германија. Сакаат да го забранат или предлагачот поим нема што е тоа дримбокс, сака да каже ќе го забранат кардшерингот или серверите за кардшеринг што ги има кај нас. Најголемите сервери се во западна Европа каде во некои земји е забранет но го има и тоа како. Ако сакам легално да ги гледам најатрактивните пакети од ЕУ (Скај Ук, Скај Германија, Скај Италија) морам да земам нивни оригинални сет, ресивер со картичка и легално да гледам. Каде или во што сите три ресивери ќе ги приклучам, во ... Затоа е дримбоксот кој може да ги прочита сите три картички и легално да ги гледам. Ако одберете некој сателитски пакет нормално за наши простори не е некој од овие три туку Тотал. Не ми забранува легално да гледам но технички не е изводливо да гледам повеќе пакети, се фаворизира само ЕДЕН пакет. И владата и ЗАМП како да се во корелација во стилот КАДЕ БЕ!
 
Да не знае некој кога ќе почнат МТВ да ја даваат пак Тропска горештина, зш сакам цела да ја гледам од почеток????????????

После Бушава Азбука,ќе следи серијата што ја очекуваш,и за која копнееш и трепериш со целото тело.
 
A зш Шител секоја вечер после 00:00 даваат емисии со Жаре берберот и Лила Филиповска стари едно 5 години, зар до толку се за греота да немаат шо да даваат :eek:o_O

ќути брат . барем еден игран филм да пуштат после 12 , место диносаурускиве емисии :eek: .

а со програмиве како тргнало , кабелскава ја губи секоја смисла , нема да плаќам само за македонските канали кабелска , ќе ја бапнам вилушката на тв-то и готово.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom