Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
Веруј има мнооогу луѓе кои прават с`е за да бидат прифатени во трлото на интелектуалци.
Т`рло - да ти појаснам не е троло туку нешто слично на крдо/јато/стадо. Еден вид на група означена со дрвена ограда.

А веруј многу луѓе го прават ова. Затоа и се ограничени. Работат по шаблон, немаат свое јас, со тек на време се приспособуваат но никако не можат да се вклопат во групата затоа што мислат дека интелигенција се стекнува главно преку п

И не, не тролам, најнормално дискутирам.

a што ти комплекси имаш од тие луѓе? зошто толку ти пречат?
 
a што ти комплекси имаш од тие луѓе? зошто толку ти пречат?
Ни најмалку. Но смешно е да се споредуваат таквите со оние кои имаат свое сопствено јас, изградено врз основ на книга и искуство.
 
Во тоа што спомнуваш дека е еден вид на мотивација. Веруј никој човек не е на јавен пазар за да се натпреварува во квантитет на прочитани книги. Книгите се лична сатисфакција.
 
Во тоа што спомнуваш дека е еден вид на мотивација. Веруј никој човек не е на јавен пазар за да се натпреварува во квантитет на прочитани книги. Книгите се лична сатисфакција.


30 луѓе што се пријавија за предизвикот за тебе е никој..
го вртиш во круг муабетот, кажав предходно дека не е натпревар и дека нема врска квантитетот.
 
Јас дневно поминувам 2 часа во автобус, 5 дена неделно, така да за мене се малце 40 книги годишно :)
Што да одберам од анкетата?
 
Јас дневно поминувам 2 часа во автобус, 5 дена неделно, така да за мене се малце 40 книги годишно :)
Што да одберам од анкетата?

прифаќам одбери, а потоа почни да бираш книги од кај да почнеш, т.е од кај да почнеме :)
 
Во тоа што спомнуваш дека е еден вид на мотивација. Веруј никој човек не е на јавен пазар за да се натпреварува во квантитет на прочитани книги. Книгите се лична сатисфакција.
Те сфаќам што сакаш да кажеш со ова, но еве пример јас го прифатив овој предизвик бидејќи уживам во читањето книги без да курчам пред други дека ваууу еј гледајте ме сите јас читам книги i'm smart очекувајќи некој позитивен фидбек од останатите. Исто така сакам предизвици, 40 книги за една година за човек со пополнет распоред не се малце, но не е ни многу и е можно да се прочитаат. Пред се ова го сметам како личен предизвик кој ќе ме мотивира да практикувам почесто една од активностите во која уживам, а тоа е читање интересни книги. Ако ептен ме фати некоја манија можно е и повеќе, обратно ако ме мрзи да одвојам некој саат за читање во денот тогаш можно е и десетина да не прочитам.
 
Предизвикот прифатен. Задоволството е мое.
 
Прочитана е првата книга :) Уште 39 :pos:

Пјерлуџи Колина - Моите правила на игра...
Не ме бидува за рецензии, затоа ќе оставам линк за рецензијата од sakamknigi.mk
Книгава ja има во Книжарница Три и мислам дека е 300 денари на зимскиот фестивал на книгата.
 
после два дена славење, денес денот го посветив на рехабилитација, слушајќи chill радио (без реклами) и првата книга од овој предизвик.

Романи престанав да читам пред три четири години, се склонив кон книги за подобрување на способности, психологија на човек и други полиња.
Бидејќи немав купено книга, најдов еден роман од Јасмина Кадра - "АТЕНТАТ " која ми ја имаше подарено другар за роденден пред година, и почнав да ја читам. Досега приказната ми беше многу интригирачка и те држи во љубопитност што понатаму.
за целосна рецензија и мислење за книгата ќе пишам кога ќе ја прочитам.
 
И еве ми ја првата книга.Ми стои цел месец и никако да ја почнам "Од прва рака" се вика од Даглас Едвардс нешо за гугл е (600 стр.) На англиски книгава мислам дека беше "I am feeling lucky" :confused: и појма немам зошто е преведен вака насловот ама нема везе тоа пошто пак има смисла со содржината.Иначе сега ја почнав книгава, на 10та страна сум :pos:правам кафе пауза сеа па да ве известам дека почнав со предизвиков.
 
Па така е преведен бидејќи така стои и на гугл на пребарувачот.:)Добар си е преводот.

Идејата е добра за предизвикот, меѓутоа јас не се нафаќам, бидејќи немам некоја потреба. Книгите си ги читам од љубов и кога имам време. Од друга страна, премногу си земам здраво за готово, па ќе се фатам за ова ко ќор за стап и ќе почнам да се напињам. А ми се случува да прочитам и повеќе годишно, ама сепак, не сакам да се обрзувам од горе наведените причини.
Па, со среќа читатели.:)
 
Поздрав и поддршка до сите прифаќачи а воедно и до сите хејтери :P Годината ја почнувам со 3-4 романчиња чисто ради опуштање на мозокот. Странецот - Албер Ками, Алхемичарот - Пауло Коелјо, Најубавата девојка во градот - Чарлс Буковски. Моментално ја читам Странецот и ќе ја дочитам вечерва. После тие одам на нешто по ''применливо'' на пример некоја e-book од типот на Body Language, How to ..., итд за да почнам да стекнувам работна навика која итекако ќе ми биде потребна за второто полугодие кога е закажана матурата. Поздрав до сите, среќни празници и се читаме !!!
 
Прва книга- Опседната куќа- Вирџинија Вулф. Ја прочитав во 2011 ама некои делови не ги сварив баш, па препрочитував сега, феминизам до коска, ја обожавам.
2. Сестрата на Фројд- Гоце Смилевски. Моментално ја читам и човеков ми е многу погоден зошто и во Разговор со Спиноза и овде се концентрира на делови на психата кои и мене ми се фасцинантни. Башка само што положив психопатологија, ова доаѓа ко романтично надополнување на наученото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom