Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.

  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
40 Книги се 3.3 книги месечно, у принцип недела книга...
ја толку да читав книги од факсов до сеа се 10ки ќе имав.
не дека не сакам книги ама 40 книги се многу
(под книга подразбирам роман со ~500 страни)
 
Сакам предизвици, но што е многу, многу е. Постојат месеци кога не можам ни една книга да прочитам а тоа значи да читам дупло наредниот месец како да сум на норма, а така не можам да уживам во читањето.
 
Значи ова е предизвик не значи дека МОРАШ да го исполниш туку да пробаш. Јас мислам дека таман се 40 книги со тоа како до сега сум читал книги. Нема никој да те казни доколку не можеш да ги прочиташ, и нема потреба од притисок да си правиш, ова е за забава и за мотивација, групно ќе се водиме кој до каде е и ќе коментираме. И затоа е предизвик зошто е тешко да се исполни, ама пак доколку успееш ќе бидеш исполнет од тоа што си го постигнал. Си поставил цел и си ја исполнил.
 
Има доста квалитетни и со по многу помалце страници
 
Бидејќи наоѓав доста слободно време, во 2010 прочитав 50 книги (имам комплетна листа), со некојси просек од 200-250 стр.

Оваа година едвај 15, а за 2012 не би се нафатил, 40 ми изгледаат прилично многу.
 
Јас едвај 15 годинава, ама се нафаќам еве 2012 ке биде подобра
 
knapp01.png

Годинава прочитав околу 25 книги.Во 2012 верувам дека ќе имам време и за повеќе од 40.
P.S. Има правило за тоа колку страни минимум треба да има една книга?
 
Нема правила, само читајте и пишете што сте прочитале да знаеме
 
Значи ова е предизвик не значи дека МОРАШ да го исполниш туку да пробаш. Јас мислам дека таман се 40 книги со тоа како до сега сум читал книги. Нема никој да те казни доколку не можеш да ги прочиташ, и нема потреба од притисок да си правиш, ова е за забава и за мотивација, групно ќе се водиме кој до каде е и ќе коментираме. И затоа е предизвик зошто е тешко да се исполни, ама пак доколку успееш ќе бидеш исполнет од тоа што си го постигнал. Си поставил цел и си ја исполнил.

Годишно читам 15-20 книги и тоа ми е максимумот кој можам да си го дозволам заради другите обврски.
Но штом би се нафатил на таква „забава и мотивација“ многу е нормално да читам повеќе од нормалното за мене, за да бидам блиску до бројката од 40 и многу е нормално сите така да прават.
А доколку целта на темата е да си коментираме за книгите кои ги читаме и да кажуваме која книга ни е по ред доволни се и темите што досега ги имавме „Тука коментираме книги“ и „Што читате во моментов“
Се надевам дека се разбравме.
 
I'm in. Тоа од време на време да известуваме до каде сме може да биде пример на секоја 10та книга? И да направиме листа од тие 10 книги што сме ги прочитале со кратко опис и лично мислење.
 
.....да претпоставиме дека просечен број на страници на просечна книга е 300....предизвикот е 40 книги за 2012, односно 12000 страни годишно.....а што би рекол мојот калкулатор 32,9 страни дневно
.....15 страни можете да прочитате додека дремете на шоља.....а остатокот во текот на денот
.....е сега ќе треба да се откажете од дремењето на фејсбук.....впивањето на секоја мудрост што излегува од устите на чичко Латас и Миленко....соживувањето со ликовите од турските шампоници....дремењето во кладилници и останати слични активности

....но предизвикот не би бил предизвик доколку не бара жртви

....ПРОБЛЕМ....обезбедување на литература со добар превод

Предизвикот е прифатен
 
Прифаќам... и да, тешко е да се најде литература со добар превод. Лошиот превод и тоа како го отежнува читањето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom