Браковите во минатото постабилни од сегашните

  • Креатор на темата Креатор на темата --HEIDERN--
  • Време на започнување Време на започнување
не може да се влече аналогија меѓу нова кола и невина девојка - ни на заебанција. не може, жими све...;)
првиот пост на леандра ефективно ја заврши темата - комотно можеше некој од „уредништвото“ да ја заклучи. вака се претвори во глупаво препукување и навреди.
@God only knows, што би рекле енглезите: Are you for real, m8?
 
каков инвентар...децата се колатерална штета...нив никој не ги прашува....
***
поголем процент од децата кои имале разведени родители тргнале по лош пат...
линкови, бројки, студии, нешо било шо?
тоа се вика „како од моето размислување направив аксиома“
 
Имам чуство дека некоја курва ве има соблечено до гола кожа и пуштено на улица без денар. За тоа од дно на душа не сакате ни к да слушнете :pos:
 
каков инвентар...децата се колатерална штета...нив никој не ги прашува....
***
поголем процент од децата кои имале разведени родители тргнале по лош пат...

Иии... од кај испадна сега оваа статистика? :)

Воспитувањето е најважен дел.
Какво воспитување ќе има дете кое го шетаат некое време кај мајката некое време кај мајката?
Какво воспитување ќе има дете во несреќен брак.
Важно, децата се колатерална штета во разводот
Не ја сфаќам реченицава. Што сакаше да кажиш поточно? Образложи малку...
 
линкови, бројки, студии, нешо било шо?
тоа се вика „како од моето размислување направив аксиома“
ти треба теорема за да сфатиш дека децата го извлекуваат подолгиот крај?
или не можеш да најдеш тангента?
--- надополнето: 24 декември 2011 во 00:44 ---
Не ја сфаќам реченицава. Што сакаше да кажиш поточно? Образложи малку...
шит....грешка :)
 
ти треба теорема за да сфатиш дека децата го извлекуваат подолгиот крај?
или не можеш да најдеш тангента?
дечки, ај бе не ме зезај... докажи дека е точно тврдењето. не со типичното македонско, „аксиоматско“, ја сеа шо ќе ти кажам....
децата го извлекуваат НАЈдолгиот крај во семејство во кое владее војна и во кое мажот и жената не се трпат....
жити бога, читај се што пишуваш...
 
Европеец просветли ме
Децата чии родители се разведени се шеткаат по улица насмеани... Се им е рамно ко Пелагонија
***
за болдот си во право
 
Deka ima mnogu raznisani brakovi, koi se na stakleni noze i koi mozat da tresnat, a i tresnuvaat na zemja ko kula od karti, da ima.
No jas se prasuvam dali ima voopsto deneska nekoj navistina asalen brak, sto bi se reklo brak za primer, bidejkji ne poznavam bas takvi brakovi, stoznam !!
 
Европеец просветли ме
Децата чии родители се разведени се шеткаат по улица насмеани... Се им е рамно ко Пелагонија
***
за болдот си во право
прво, јас не кажав дека сум европеец - само го потенцирав нашиот неубав став „ја шо ќе ти кажам“. ама добро, си ја ишна мувата од капата.
не реков дека децата на разведени родители се среќни, ниту дека се несреќни. не гледам зошто децата на разведени родители би испаѓале полоши од другите. се разбира, тие разведени родители треба да се зрелии возрасни и подигнувањето на децата да го стават над своите недоразбирања, што е полесно ако не се гледаат и живеат заедно, не? доколку веќе не се поднесуваат, нели...
муабетот беше комплетно друг:
денес, за разлика од порано, разводот не е (толку) табу.
тоа е добро, бидејќи не постои толку лош развод колку што може да биде лош бракот
децата не се колатерална штета, туку се дел од целата динамика брак-развод.
мое мислење е, (и логично е некако), дека подобро да се растури бракот и децата да се извадат од таа лоша околина, отколку секојдневно да присуствуваат и да ја преживуваат мизеријата на своите родители.
детето може да е растено во најдобри услови, со родители кои го сакаат „до небо“ и кои се сакаат исто така „до небо“, а тоа дете да тргне по лош пат.
покажи ми доказ дека, всушност, „разведените“ деца повеќе тргаат по лош пат

нормално, дека не е добар разводот, но е подобар од лош брак.
 
Deka ima mnogu raznisani brakovi, koi se na stakleni noze i koi mozat da tresnat, a i tresnuvaat na zemja ko kula od karti, da ima.
No jas se prasuvam dali ima voopsto deneska nekoj navistina asalen brak, sto bi se reklo brak za primer, bidejkji ne poznavam bas takvi brakovi, stoznam !!

Братучед ми може да се пофали со добар брак,со сопругата добро си се разбираат,имаат ќеркичка која ептен си ја сакаат,обајцата имаат солидни работни места.Освен ако сето ова е една јако добро смислена глума за која чисто се сомневам.

Не знам какви биле работите пред 60 и повеќе години.Можеби имало и добри и лоши бракови ама не можам да се пофалам дека во мнозинството од сегашните тече мед и млеко.Фактори има многу-дали е изневерување,дали пак се отуѓиле поради различни кариери или се едноставно се автодеструктивни па нивното спојување било лоша идеја од самиот старт.
 
Имало и тогаш лоши бракови не би рекол дека цветале рози.Поинакво време било се внимавало на некој углед на семејството,традицијата била голем товар во тие времиња.Тогаш жената трпела многу повеќе од жената денес па и покрај тоа што да речеме Митре пиел останала со него до крај на животот,денешните се независни со кариера,финансиски примања.Те трпи еднаш,двапати собира куферите и адиооо.Како што напомена Леандра еманципацијата и промената на гледиштето се клучни причини.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom