3 причини зошто треба да патувате додека сте млади

Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
750
Дали некогаш сте се нашле на патот да се двоумите: „Да студирам, учам, работам или да го патувам светот?“ Патувајте.

„Да, ама... што ќе биде со финансиите? Што ќе се случи со мојата работа? Што ќе се случи со мојот дечко, мојата девојка...?

3-pricini-zosto-treba-da-patuvate-dodeka-ste-mladi.jpg

Фразата „Да, ама..“ треба да звучи како да ги имате најдобрите намери, но тоа покажува дека сте премногу исплашени да го направите она што треба.
Ни дозволува да бидеме кукавици, додека звучиме благородни.
Постојат многу луѓе кои сакале да го прошетаат светот, но никогаш не го направиле тоа.
Внимавајте и чувајте се од „Да, ама...“.
„Да, ама...“ ќе ги уништи вашите соништа.
Кога ќе остариме согледуваме дека животот е приказната која ни се случила. Младоста е периодот кога ја имате целата моќ на светот. Да правите што сакате.
Како што созреваме и добиваме нови обврски, мора да внимаваме да не заборавиме што е значајно во моментот.
Па, ако сè уште имате контрола на вашите околности, треба да го направите она што навистина ви значи.
Дајте си себе можност да созреете. Добар начин за тоа е патувањето.
Ова се 3 причини зошто треба да патувате додека сте млади:
1. Патувањето ве учи да бидете авантуристи. Кога ќе погледнете наназад ќе имате моменти на кои сте горди, но и неколку за кои сте зажалиле.
Сигурни сме дека следните нема да бидат на втората листа:
  • Тура низ Европа со воз
  • Возење велосипед на Golden Gate Bridge.
  • Погледот од Ајфеловата Кула
  • Скокање банџи во Дубаи
Тогаш, што би се нашло на оваа листа:
  • Стравот.
  • Барањето изговори за да не го направите она што го сакате.
  • Чекањето.
  • Стравот да се преземе ризик.
Треба да одвоите време за да го видите светот и да го вкусите животот. Вреди да се вложи и труд и време и пари.
2. Патувањето помага да се соочите со реалноста.
Во младоста правиме избори кои подоцна нè дефинираат како личност. Патувањето ќе направи да се грижите за многу пореални проблеми од напнатоста на работа.
Ако одите во Азија ќе се соочите со трговија со робови. Во Источна Европа може да забележите ефекти на геноцидот. Во Африка да видите што е глад и сиромаштија.
Ќе разберете дека светот е мало и големо место во исто време. Ќе најдете почит за сета болка и страдање со која се соочуваат луѓето низ светот секојдневно. Ќе научите како да се грижите.
3. Патувањето ќе ве научи за другите култури.
Прошетките низ историските музеи и споменици не може да биде доловено на ТВ или на Интернет. Мора да се види и почувствува. Светот е неверојатно место, полно со восхитувачки уметнички дела.
Немојте да дозволите да ве уништи секојдневната рутина. Најдете начин да побегнете од вашата зона на комфор. Никогаш не е доцна. Патувајте и уживајте во новите нешта.
„Што ако не сум млад?“
Без разлика – патувајте!
Наш предлог:
Поставете си цел – колку години, толку посетени земји! Проверете до каде сте!
 
Малолетен сум и досега сум посетил многу европски земји и градови, можам да кажам дека нема нешто подобро од патувањето. Запознавање култури (архитектури, јазици, менталитет, манири), контакт со странци, едноставно чувството дека спиеш во кревет далеку илјадиници километри од дома е неописливо.
 
ОК,и кога ќе прошеташ неколку места ќе сватиш дека исто е секаде.Нема некоја разлика дали си бил на кафе во Париз или си бил на кафе на ул.Македонија.Битно е друштвото.
Јас сум ја поминал цела Европа и нема некоја разлика.Исто е секаде,улици,згради,луѓе...
Единствена предност е што можеш да се фалиш дека си бил некаде и толку.
Би ве сватил доколку ние сме некоја држава со тоталитарен режим како на пример С.Кореа или Саудиска Арабија па кога ќе отидеш во било која демократска држава имаш чуство дека си отишол во Америка од филмовите...но кај нас има се,и затоа нема нешто ново што би можело да се доживее.
 
Јас сепак патувањето го сфаќам подругачие од тебе, и не ми е исто дали се шетам во Рим или во Скопје :D
 
Преголема желба имам да патувам....али постојат и пречки. Не на секој му се патува. А сам досадно е :(
 
Малолетен сум и досега сум посетил многу европски земји и градови, можам да кажам дека нема нешто подобро од патувањето. Запознавање култури (архитектури, јазици, менталитет, манири), контакт со странци, едноставно чувството дека спиеш во кревет далеку илјадиници километри од дома е неописливо.
Чуството додека држиш прегрнато и истовремено бакнуваш прекрасна русинка во морето додека заоѓа сонцето,и сето тоа зачинето со морски бранови и освежително летно ветре за мене е неописливо,тоа мора да се доживее и почуствува и е една од причините поради кои мора секој да се осмели да излезе од дома и да го прегрне светот! Девојката може да биде и бугарка,и наша тоа не е важно,важно е да го почуствуваш,затоа не се двоумете секогаш кога ќе ви се укаже шанса,јас така пропуштив да ја посетам Америка кога бев студент,млад и слободен,сега сум зафтен,не толку млад,затоа победете го стравот,тој колку ви е пријател понекогаш,толку ви е и непријател,поздрав ;) !
 
Малолетен сум и досега сум посетил многу европски земји и градови, можам да кажам дека нема нешто подобро од патувањето. Запознавање култури (архитектури, јазици, менталитет, манири), контакт со странци, едноставно чувството дека спиеш во кревет далеку илјадиници километри од дома е неописливо.
Еурека, какво откритије си нашол... Демек другиве не знаат и не се свесни колку е тоа убаво... Тоа е повеќе од јасно и сите сакаат да патуваат, ама 90% од младите немаат услови да одат на такви патувања.. Да не треба куќата да си ја продадат за 5 дена во Париз да отидат? Не зезајте... Статијава е многу дебилно напишана (не зборам за твојот коментар туку почетното интро), демек покажува колку е обаво патувањето и дека кога ќе остареме ќе жалиме што не сме посетиле повеќе, ама што со тоа, демек денес младите не сакаат и прават напори да си овозможат такво нешто ама едноставно не се може тоа така лесно
 
а ако сте стари? хаха смешно и старите треба да патуваат наместо да се легачат дома а најдобро би било во бањи.
иначе малце е глупа темава ама нема врска сите треба да патуваат ако имааш длабок џеб убаво е да се видт и други земји и културните различности
 
ОК,и кога ќе прошеташ неколку места ќе сватиш дека исто е секаде.Нема некоја разлика дали си бил на кафе во Париз или си бил на кафе на ул.Македонија.Битно е друштвото.
Јас сум ја поминал цела Европа и нема некоја разлика.Исто е секаде,улици,згради,луѓе...
Единствена предност е што можеш да се фалиш дека си бил некаде и толку.
Би ве сватил доколку ние сме некоја држава со тоталитарен режим како на пример С.Кореа или Саудиска Арабија па кога ќе отидеш во било која демократска држава имаш чуство дека си отишол во Америка од филмовите...но кај нас има се,и затоа нема нешто ново што би можело да се доживее.

А зошто си ја поминал цела Европа ако ти е секаде исто ? зошто патуваш и зошто си патувал чим ти е исто ? сеа сам се направи глупав со овој пост sorry.

Патем нај голема пречка ми се парите,не ми е битно друштвото,доколку го нема можам и сам да патувам не ми е проблем тоа.
 
ОК,и кога ќе прошеташ неколку места ќе сватиш дека исто е секаде.Нема некоја разлика дали си бил на кафе во Париз или си бил на кафе на ул.Македонија.Битно е друштвото.
Јас сум ја поминал цела Европа и нема некоја разлика.Исто е секаде,улици,згради,луѓе...
Единствена предност е што можеш да се фалиш дека си бил некаде и толку.
Би ве сватил доколку ние сме некоја држава со тоталитарен режим како на пример С.Кореа или Саудиска Арабија па кога ќе отидеш во било која демократска држава имаш чуство дека си отишол во Америка од филмовите...но кај нас има се,и затоа нема нешто ново што би можело да се доживее.
Оф мори мајко, па ти во Париз идеш кафе ли да пиеш :facepalm:
ПС; Се кладам си бил во Париз, а не си бил во Лувр
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom