Вол паркиран пред излез на паркинг, како да се реагира?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не е добро да го пријавиш во полиција. Секако дека можеш да пријавиш во полиција но тие ќе додат и ќе го казнат, ќе повикаат пајак возило тоа ќе трае доста време и единствено што тој наш сограѓанин ќе мора да плати доста пари, а ти пак ќе закасниш.
Проблемот не е во тоа. Во Скопје има и треба да има доволно места за паркирање. Постојат правилници за урбанистичко планирање по кои е предвидено за секој стан да се обезбеди едно или повеќе места за паркирање ( ако е станот поголем ). Исто, за градење на други објекти има овакви норамативи за број на паркинг места. Проблем има единствено во Дебар маало и на други места слични места каде надвор од урбанистичките планови се рушат мали и градат големи згради. Но по правило, за секој стан има барем едно паркинг место. Бидејќи дури секое трето домаќинство има возило, не постои проблем со паркинг места.
Проблем настанува што поедини граѓани, ставаат рампи или други препреки и така си го „ чуваат своето паркинг место “. Во тој случај граѓанинот „ чува“ едно паркинг место пред својата зграда, а зафаќа уште едно паркинг место таму каде што отишол, односно зафаќа две паркинг места. Затоа „ оградување “ никаде во светот не е дозволено само што кај нас Градот не превема ништо да ја спречи оваа узурпација. ( така се вика оваа дело )
Наместо тоа Градот прави зони со што дополнително ја усложнува ситуацијата. Во зоните кои се во Центарот, ЈП има зафатено околу 7000 паркинг места. Бидејќи зоните работат од 7 до 21 часот, значи 14 часа значи максимално можат да се остварат околу 98000 часови паркирање дневно. Мегутоа ЈП остварува само околу 2500 часови паркирања дневно, значи помалку од 3%. Што значи дека ЈП само одземало од расположивиот број паркинг места кои всушност не се користат.
И трета работа е што Градот систематски, со поставување на столбчиња и огради го намалува бројот на расположивите паркинг места, само за да ЈП има повеќе муштерии.
Инаку Градот, според ЗБС, може на поедини тротоари да дозволи паркирање со тоа што ќе остави 1,6 метри за пешаци, а тоа во Скопје никаде не е направено само за да пајаците имаат повеќе „ работа “.
Или накратко, според мое мислење, работите битно ќе се подобрат ако се укине ЈП.

Како прво, паркингот е на зградата. Не сме „узурпирале“ некоја јавна површина (како што ти сакаш тоа да го претставиш), ниту пак сме заградиле нешто што не е легално наше (со пемпеле). Второ, воопшто ја немаш сфатено поентата на оваа тема. Ти мислиш дека секоја тема која го содржи зборот „паркинг“ треба да се искористи за плукање против паркиралиштата. За нередот на паркинзите, ти секогаш ја наоѓаш вината во некој друг - само не во паркирачите. Ма немој да ме јебеш бре, јас сум си прописно паркиран - а друг ми го блокира излезот. Очигледно некој ги нема прочитано основните китапчиња со правила кои се учат пред да се полага за возачка дозвола, каде јасно пишува дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПАРКИРА ПРЕД ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ ОД ПАРКИНГ.

И не е проблемот околу вербалната комуникација. Да беше возачот во кола, немаше да има никаков проблем.

Проблемот е во тоа што се паркираат и ги нема по повеќе часа. А за цело тоа време е блокиран целиот паркинг на зградата. Не дај боже на некој да му затреба итно да оди во болница...
 
Како прво, паркингот е на зградата. Не сме „узурпирале“ некоја јавна површина (како што ти сакаш тоа да го претставиш), ниту пак сме заградиле нешто што не е легално наше (со пемпеле). Второ, воопшто ја немаш сфатено поентата на оваа тема. Ти мислиш дека секоја тема која го содржи зборот „паркинг“ треба да се искористи за плукање против паркиралиштата. За нередот на паркинзите, ти секогаш ја наоѓаш вината во некој друг - само не во паркирачите. Ма немој да ме јебеш бре (ко што би рекол Кили), јас сум си прописно паркиран - а друг ми го блокира излезот. Очигледно некој ги нема прочитано основните китапчиња со правила кои се учат пред да се полага за возачка дозвола, каде јасно пишува дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПАРКИРА ПРЕД ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ ОД ПАРКИНГ.

И не е проблемот околу вербалната комуникација. Да беше возачот во кола, немаше да има никаков проблем.

Проблемот е во тоа што се паркираат и ги нема по повеќе часа. А за цело тоа време е блокиран целиот паркинг на зградата. Не дај боже на некој да му затреба итно да оди во болница...
Со слика во сообраќајна, мора по закон да излезат на терен и да викнат пајак, доколку не те изрецкаат и пробаат да ти солат памет како ти нетреба да ти пгријавуваш таквите случаи пошто џандарите треба и да сработат нешто, најпаметно е да го пуштиш телефонот да снима кога ќе влезеш во станица и снимката со нивната нереакција (ако те дочекаат негативно нормално, и тие знаат да изненадат и одма да искочат да го репнат по џеб, али за секој случај сними си) во алфа или телма. Ќе се заебаваш некој период, ама никој никад нема да ти паркира пред влезот на паркингот....
Проблемот е до мороните што паркираат, и мрцетините кои не си ја работат работата. Да одат во патроли и да пишуваат казни за непрописни паркирање нема секој пат да го имаш истиот проблем, а пајакот неможе да постигне секогаш се....
 
Како прво, паркингот е на зградата. Не сме „узурпирале“ некоја јавна површина (како што ти сакаш тоа да го претставиш), ниту пак сме заградиле нешто што не е легално наше (со пемпеле). Второ, воопшто ја немаш сфатено поентата на оваа тема. Ти мислиш дека секоја тема која го содржи зборот „паркинг“ треба да се искористи за плукање против паркиралиштата. За нередот на паркинзите, ти секогаш ја наоѓаш вината во некој друг - само не во паркирачите. Ма немој да ме јебеш бре, јас сум си прописно паркиран - а друг ми го блокира излезот. Очигледно некој ги нема прочитано основните китапчиња со правила кои се учат пред да се полага за возачка дозвола, каде јасно пишува дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПАРКИРА ПРЕД ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ ОД ПАРКИНГ.

И не е проблемот околу вербалната комуникација. Да беше возачот во кола, немаше да има никаков проблем.

Проблемот е во тоа што се паркираат и ги нема по повеќе часа. А за цело тоа време е блокиран целиот паркинг на зградата. Не дај боже на некој да му затреба итно да оди во болница...
Член 66 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата гласи:
Став ( 1 ) Возач не сме да да запре или паркира возило особено на:
Во став 1 алинеа 14 од овој член стои: пред влез во објект ( станбена зграда, здравствена установа, пензионерски дом, училишна и предучилишна установа), двор или гаража.
Став ( 5 )гласи: Со глоба од 45 евра во денарска против вредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, согласно со одредбите на овој закон,на возач кој постапува спротивно на одредбата од став (1), алинеи 9, 10, 13, 14, 15 и 18 на овој член.
Ова дело е казниво и ти можеш слободно да пријавиш во полиција. Зборот ми беше дека треба да имаш разбирање за тој наш сограѓанин, бидејќи неверувам дека постои некој кој намерно, за да ти наштети така ќе се паркира. Ти си исто Човек како и јас, и може да ти се случи потоа да се каеш, кога ќе се смириш и помислиш дека тој наш сограѓанин платил 45 евра . Ќе помислиш дали тој човек има 45 евра, ќе помислиш дали има деца, дали има работа... Затоа не брзај
 
Ќе помислиш дали тој човек има 45 евра, ќе помислиш дали има деца, дали има работа... Затоа не брзај

Уат !? Абе не ме заебавај. Дали има работа, а вози кола !? Што и става место бензин... плунка !?

Јас кога паркирам некаде каде што морам, а знам дека сметам уклучувам 4 жмигавци со цел да им кажам дека одма се враќам, што и се случува. Не оставам кола за да идам на кафе. Си имаш паркинг бе брат. Ој си паркирај си. Плати си.
 
Acid, еве ќе ти кажам како кај нас го решаваат тоа. Ги знаеш оние подземни гаражи кај скоро секој градски ѕид, нели? Е па неретко се дешава(ше) да се упикаат таман на самиот спуст, со изговор - има бе место за разминување. И почнавме прво со фино - оставање на белешки, чекање на „стоканот на возилото да се врати - среќа најчесто се паркираа по краток временски интервал. Но џабе. Ич уво да не им чуе, си почнаа се` почесто као ние другите што си имаме гаражи ќе си трпиме. И почна процесот бушење - издишување гуми. Ама знаеш што? Срање. Коа ќе ебеш гума ем оној шутракон ќе се избезуми, ем ќе викне цела сервисаана да му ја прегледаат колата под изговор како тоа наеднаш под мистериозни околности гумите се издишани. И така наместо за пет минути - столето си оди за 30 - 45. На крај дојдовме до заклучок - Столбчиња. И тоа на одредено место ама да бидат доволни да се даде до знаење дека ова не е паркинг зона и дека не може секој да те јебе. И знаеш што? имаше инциденти коа некоја ептен тешка издркотина ги вадеше тие столбчиња да се паркира. Ама тоа беше еднаш у година.
Твојот случај може да се реши или со столбчиња (мада викаш ти на самиот влез се паркираат) или као што вика Таруно со 3те непишани правила. Ако тој не ги почитува правилата на домаќинот - нека биде спремен на се`.
 
Член 66 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата гласи:
Став ( 1 ) Возач не сме да да запре или паркира возило особено на:
Во став 1 алинеа 14 од овој член стои: пред влез во објект ( станбена зграда, здравствена установа, пензионерски дом, училишна и предучилишна установа), двор или гаража.
Став ( 5 )гласи: Со глоба од 45 евра во денарска против вредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода, согласно со одредбите на овој закон,на возач кој постапува спротивно на одредбата од став (1), алинеи 9, 10, 13, 14, 15 и 18 на овој член.
Ова дело е казниво и ти можеш слободно да пријавиш во полиција. Зборот ми беше дека треба да имаш разбирање за тој наш сограѓанин, бидејќи неверувам дека постои некој кој намерно, за да ти наштети така ќе се паркира. Ти си исто Човек како и јас, и може да ти се случи потоа да се каеш, кога ќе се смириш и помислиш дека тој наш сограѓанин платил 45 евра . Ќе помислиш дали тој човек има 45 евра, ќе помислиш дали има деца, дали има работа... Затоа не брзај

Искрено, мене ме интересира дали тој човек има 45 евра исто колку што него го интересира дали јас може да ја изгубам работата ако задоцнам, или дека сите вработени од мојата зграда може да имаат последици ако не стигнат на време на работа, или пак дека некој треба да иде некаде (на пример на лекар) итно. Освен тоа, сум бил доведен во ситуација итно да треба да одам од Центар до Ново Лисиче, па морав да одам со такси во ниедно време (и да платам асална сметка во двата правци, затоа што во тој ден/час не возат автобуси). Требаше да му пишам благодарница на копукот затоа тоа? И да, за твоја информација, претежно пред излезот се паркираат џипови од мин. 25.000 евра.

Како и да е, фала за извадокот од законот за безбедност на сообраќајот. Ќе им го спомнам тоа следен пат кога ќе се јавам.
Ваквите случаи директ на 192 се пријавуваат, или на друг број?
 
И да, за твоја информација, претежно пред излезот се паркираат џипови од мин. 25.000 евра.

Како и да е, фала за извадокот од законот за безбедност на сообраќајот. Ќе им го спомнам тоа следен пат кога ќе се јавам.
Ваквите случаи директ на 192 се пријавуваат, или на друг број?

Ах Ацид џабе ќе се јавуваш во 192, најверојатно самиот тој што го вози џипот ќе ти крене. Ништо чудно да е од ДеБелКа.
 
Освен тоа, сум бил доведен во ситуација итно да треба да одам од Центар до Ново Лисиче, па морав да одам со такси во ниедно време.

Јаааооо, што захтевна комшифка сум имаал.. (( :
 
Ацид. јас ко шо знам ако си блокиран од некоја кола дали за влез или излез од паркинг најсоодветно е да си се јавиш во сообраќајна полиција или ако имаш сообраќаец у близина да го викнеш. убаво ти посочија горе сигурно имаш мобилен со камера сликни го од 2 3 агли кај што ке се гледа убаво регистрацијата и околината како доказ дека те блокирал повикај си полиција а они ке се јават во пајак служба. дури и да дојде говедото меѓувремено па да си отиде сепак не си со „таквото“ у раце. ги имаш сликите како доказ а мислам дека во тој случај би требало казна да му пишат по основа на доказ ( читај сликите ). па нареден пат ке се подразмисли каде ке ја остави колата.

Јас барем би постапил вака.
 
Ништо не можеш. Скопје систем... А тоа што напиша дека увек џипови од 25 илјади евра се паркираат е најзаебаната работа. Мерцедеси, ебемвеа, све некои бесни коли никако да го погодат паркингот пред маркети, на паркинзи, мислат дека ако купат кола од 30 илјади евра автоматски им е дозволено да се курчат. И да нејќат, мораат да се паркираат непрописно, зашто некој од другарите од Припор може да ги види и да ги заебава дека се паркирале прописно.

Една комшика кај мене ми рече, „како ли ќе се среди овој хаос“. Ја и одговорив со единото логично што ми дојде на памет. „Лесно, ќе се отселиме од тука“. Смешно е што луѓето мислат дека ќе биде боље, а уствари нема.

У случаите кога мене ми го фаќаа личниот паркинг простор пред куќа, ја им пишуев писменца од типот „Знам дека не ми свети палатава, ама ипак не е гробишта местово кај шо си паркирал, живеам овде, не ми паркирај пред гаража.“ What else could I do?
 
Не знам колку пари се оние столбчињата како на паркинг со заклучување, ама мислам и тоа е некакво решение, секој од станарите би имал клучот од столбчето и обврска кога ќе помине да го крени истото во првобитна позиција како исправено. Секако се зависи дали и колку станари има, дали има можност да се постави столб и дали функционира куќниот совет како што треба. Знам дека е амалска работа на секое да излегуваш од авто и да правиш клуч/заклуч ама навистина не знам како би се решило тоа ефикасно и безболно. Исто може да поставите камера која ќе ги снима сите тие што паркираат и да се достави материјалот до полиција, па со тек на време местото ќе добие реноме како "педерско" и нема никој да паркира.
 
...во еден руски град Градоначалникот ИЗРЕВОЛТИРАН од курајберите што паркираат кај ќе им текне.....примени оригинално решение....Господинот градоначалник во оклопен транспортер и тв екипа возат ПРЕКУ погрешно паркираните коли....многу добар пример за тоа како некој ќе помине доколку лошо паркира во неговиот град

...ЗА СКОПЈЕ ИМА САМО ЕДНО РЕШЕНИЕ...ЗАКОН кој ќе дозволи постоење и работење на приватни ПАЈАК служби.....на лице место вработениот од приватната ПАЈАК служба ќе изврши документирање (сликање) на возилото, ке го однесе и ќе го рши проблемот на Ацид и сите останати граѓани со сообраќајна култура

кога може да постојат приватни агенции за обезбедување, агенции за наплата на долгови, извршители и останати агенции кои ги решаваат несовесните граѓани..не гледам причина зошто не би постоела приватна ПАЈАК служба

...штом се работи за приватна фирма...во нејзин интерес е да има што повеќе интервенции односно побрзо да реагира
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom