Сликава е типична репрезентација на македонското опшество....скоро секој може да се ослепи, оглуви и заќути за ситна пара
Инаку Скопје, а и другите градови, плачат за креативен декор....сегде има еден куп оштетени фасади кои со малку имагинација, креативност и боја може да се претворат во улична уметност
Но за жал кај нас најкреативни се подмладоците на политичките партии и подмладоците на навивачките групи кои ги силуваат фасадите и урбаната опрема со својот првооделенски ракопис
Има и по некој креативен исклучок - во последно време дел од навивачките групи се обидуваат наместо чкртаници да направат цела композиција - што секако е многу поубаво од првооделенските шкртки
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.