ATP World Tour Finals 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата сашенко
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите ке го освои купот годинава/

  • Џокович

    Гласови: 17 23,3%
  • Федерер

    Гласови: 36 49,3%
  • Надал

    Гласови: 12 16,4%
  • Мареј

    Гласови: 2 2,7%
  • Ферер

    Гласови: 2 2,7%
  • Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Цонга

    Гласови: 2 2,7%
  • Фиш

    Гласови: 2 2,7%

  • Вкупно гласачи
    73
Статус
Затворена за нови мислења.
Гласав за Ѓоковиќ иако не сум негов фан. Не наседнувам на неговата „повреда“ и мислам дека „слабите“ резултати во последниот период се должат на губењето на мотивацијата и инспирацијата. (У смисла- не ми се дига на играчи надвор од топ 5)
На турниров нема слаб играч, па очекувам Ноле да се напали малку повеќе и без поголеми проблеми да го освои турниров. Србинот и со 70% од своето најдобро ќе се прошета на турниров.
Единствена потешка пречка може да биде Мареј, додека во евентуален дуел со Федерер очекувам на швајцарецот да му се вратат безбројните комплекси од кои неможе да игра тенис. На Надал не му давам никакви шанси.
 
па не знам баш мислим дека повредата на ѓоковиц е посериозна од колку сто изгледа и ако е многу серозна мислим дека мозе да му се уништи кариерата а дека це се прошета на турниров тешко федерер е во стршна форма а и никој не сме да го отписе надал пред време како и да е остануе да видимо
 
Се зависи како стои Новак со повредата, ако сеуште го мачи ќе биде тешко.
Федерер е во страшна форма а истотака и Мареј па очекувам еден од овие двајца да го освои.
 
Федерер е во добра форма, но не е така добра како што мислите, има проблеми со константноста...

Од друга страна познато е дека неговата мотивација рипа паралелно во зависност од квалитетот на турнирите, така да мислам дека можно е да блесне на турниров.
 
Само Федерер и Ноле до некаде ги имам забележано со играта и формата до каде се.
Роже предничи пред сите во моментов прв показател е финалето со Цонга кога го смачка ко мува на шофершајбна.
Посебен акцент и влог има овој турнир што за престиж, што за надмоќ итн зашто тука нема добар и лош игра туку само спремен и помалце спремен и баш тоа ќе го одлучи победникот како и психолошката стабилност.
Ноле дали е до толку повреден или не ќе покаже уште на првиот меч.
Прогноза за полуфинале: Федерер, Надал, Ноле, Мареј/Бердрих
 
Vamos Rafa !

Иначе турниров ќе го даваат на Собраниски канал или на МТВ?
 
Гледаше некој Федерер бе? Честито нека му е прва победа, јас по тоа што го видов во вториот сет мислев готов е и Цонга ке прави изненадување денес ама гледам се вратил.Има некој што гледаше целиот меч па убаво да каже што точно се случуваше? Иначе крајниот резултатот е 6-2 2-6 6-4.Незнам дали и Надал-Фиш ке го даваат вечер на мтв1, ако не се лажам од 9 треба да почне мечот
 
Ке има пренос на Мтв од Надал-Фиш...
Ако имаш Спортклуб сеа за 15 мин ке пренасат и дубл меч..
 
307895_311178758893111_228744697136518_1318127_1090036785_n.jpg
меѓусебниот скор на играчите
она што ми паѓа во очи е скорот Федерер/Надал 8/17, големо ривалство помеѓу најдобриот тенисер во историјата и оној што се обидува тоа да стане, но сепак со голема разлика во меѓусебниот скор.
 
Гласав за Мареј, пошо сум негов фан..
Роџер го мразам од секогаш.
Надал ми е многу арогантен.
За Новак навивав додека не беше прв..
I'm a tennis hipster :cool:
 
Надал се „повреди“ уште непочнат да игра. :D
За прв фаворит кажав дека е Федерер, а за Новак не сум толку оптимист дека ќе направи нешто, прашање е дали и група ќе помине, барем според последните мечеви кои ги одигра во Париз.. плус повредата на рамото.

И мислам дека Типсаревиќ ќе изигра барем еден меч на овој турнир т.е ќе се откажи некој од првите осморица, па ќе му се пружа шанса :))
 
меѓусебниот скор на играчите
она што ми паѓа во очи е скорот Федерер/Надал 8/17, големо ривалство помеѓу најдобриот тенисер во историјата и оној што се обидува тоа да стане, но сепак со голема разлика во меѓусебниот скор.

Надал ги јаде сите у меѓусебни дуели :D .Иначе ништо чудно, Федерер сите лом ги правеше изминативе години ама имаше проблеми со Надал само.Никогаш немал позитивен скор против него 17-8 сега за сега ке го зголеми Надал тоа уште повеќе.Во најдобрите години на Федерер, Рафа го правеше парче а не па сега хехе
 
Моја прогноза за утре (21.11)

Мареј - Ферер 2:0 (6-3, 6-4)
Мареј би требало да стартува силно пред домашната публика и против противник со сличен стил на игра. Британецот никогаш немал поголеми проблеми со играчи кои играат од основната линија, а тие да не се викаат Ноле и Рафа. Ферер ќе се обиде да направи изненадување, но едноставно не гледам оружје во неговиот репертоар кое би можел успешно да го искористи со Мареј.
Енди е во одлична форма и ќе сака многу брзо да го стави зад себе „ужасниот“ пораз од Бердих во Париз. Плус, по мој вкус, Ферер многу често знаел да „пропадне во земја“ на поголемите турнири - посебно кога игра со поквалитетен противник од себе.

Ѓоковиќ - Бердих 2-0 (7-6, 6-2)
Ѓоковиќ ќе мора да стартува силно и моќно доколку сака да го намали медиумскиот притисок дека веќе е заминат на годишен одмор. Бердих не е тенисер кој може да му направи поголем проблем на Ноле кога овој е во максимална форма - но со ваков климав Ѓоковиќ и со нов притисок во стил да ја заврши сезоната очекувам `рѓав почеток на Ноле по што ќе го докрајчи чехот. Дополнително, Ѓоковиќ од тактичка причина треба да се обиде да го освои првото место во групата, со што би го избегнал Федерер во полуфинале (што дефинитивно ќе биде подобар пат до освојување на титулата). Подобро за него е прво Мареј да го умори швајцарецот па Ноле да игра со неговите нерви во големото финале). Бердих поголема шанса ќе има со Мареј и со Ферер, така што пораз против Ноле нема да биде крај на турнирот за него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom