ATP World Tour Finals 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата сашенко
  • Време на започнување Време на започнување

Кој мислите ке го освои купот годинава/

  • Џокович

    Гласови: 17 23,3%
  • Федерер

    Гласови: 36 49,3%
  • Надал

    Гласови: 12 16,4%
  • Мареј

    Гласови: 2 2,7%
  • Ферер

    Гласови: 2 2,7%
  • Бердих

    Гласови: 0 0,0%
  • Цонга

    Гласови: 2 2,7%
  • Фиш

    Гласови: 2 2,7%

  • Вкупно гласачи
    73
Статус
Затворена за нови мислења.
Дааалеку е овој Новак од оној што разараше, да се надеваме дека до Австралија ќе си ја врати посакуваната форма мада и разбирливо е ова нормално, повредите го ебеа и сеуште не е влезен асално во оној натпреварувачки ритам.

Голема заслуга за оваа победа има Бједрих кој психички падна по брејкот што му го направи Ноле во третиот сет и почна да прави некои несвојствени грешки, имаше и меч топка при сервис на Ноле а и во 2 гејма ако не се лажам плус имаше шанса ако ништо друго да дојде во ситуација да има повторно брејк топки.

И самиот Џокович знае дека е далеку од онаа посакувана форма, убаво рече сега коментаторов на Спорт Клуб, Ноле почнува од нула.
 
Ке одмори до Австралија бе шо се секираш, има врееееме до тогаш.Ова е резултат на заморот и на рамото.Криво ми е за Бердих само.Иначе Џокерот ке се врати подобар
 
Бердих да беше малце попаметен, ќе си завршеше работа во два сета.
Тенис составен од многу грешки и од двете страни.. Новак далеку од формата која ја имаше низ цела сезона..
 
Али девојкава на чехов ... :eek:

ester-satorova-p-b-32.jpg


berx1.jpg


1071496-img-ester-satorova.jpg
 
Аххх Томче Томче :/ Ноле треба да му се заблагодари шо Томче му подари победа и 120000 фунти
 
Како почна турниров у пм , мн јако ќе биде ако продолжи со исто темпо :)

Утре очекувам Федерер да го тепа Надал и Фиш да го тепа Тсонга :D
 
Денеска што промашив промашив, ај за утре:

Тсонга - Фиш: 2-0 (7-6, 6-3)
Ова ќе биде do or die меч за двајцата, победникот останува на турнирот, поразениот оди дома. Тсонга ми изгледа поспремен, помотивиран и поквалитетен од Фиш во овој момент, така што би требало да го победи американецот. Мислам дека Фиш и самото учество на турнирот го смета како голем успех и одличен крај на оваа сезона.

Федерер - Надал: 2-0 (6-2, 6-4)
Очекувам лесна победа за Федерер од една единствена причина - утре на мечот ќе нема притисок за швајцарецот. Федерер во сите дуели со Надал досега се наоѓал во ситуација во која пораз го исфрла надвор од турнирот, додека утре ситуацијата ќе биде помалку тензична. Очекувам Федерер да почне фуриозно и агресивно и тој стил на игра да го задржи низ целиот меч. Надал обично го добиваше Роџер пред се на психички план и на константноста во играта - утре според мене тие фактори ќе бидат на страната на Федерер. Формата и подготвеноста на Надал не помага воопшто.
Да потенцирам дека не сум фан на Роџер или хејтер на Надал и дека отсега најавувам, ако овие двајца се паднат во финалето, мојот тип тогаш ќе биде победа на Надал.
Во секој случај силно го очекувам сеуште најголемото ривалство во тенисот на кое иако типував лесна победа искрено се надевам дека грешам и дека ќе гледаме извонредно квалитетен и неизвесен меч.
--- надополнето: Nov 22, 2011 3:31 AM ---
2006 Masters Series Rome, F. Nadal d. Federer 67(0) 76(5) 64 26 76(5)
Ова е мечот кој до ден денеска жалам што немав прилика да го гледам во живо (Немаше пренос никаде, интернет по дома немав за стрим, па го следев на телетекст како идиот. Дури отпосле го гледав во снимка).
Еден од најдобрите тениски мечеви во историјата на овој спорт. Федерер играше како луд, додека Надал беше едноставно непобедлив.
Тој што не го гледал овој меч, нека се обиде да го пронајде. Нема да најде подобар тенис од тоа никаде.
 
^^ Ова девојчево на Бердих има 18 или 19 години а види ја каква е расна со педигре...
 
Не сум знаел дека во дубл, ко ќе биди 40-40 во гемот, следниот поен е решавачки, нема „предност“ како што е во сингл :) ..интересна работа.

Цонга го растури Фиш:sneaky:
 
Надал го чека тешка работа сега.Следните 2 меча ги игра со играчи кои веќе имаат по една победа и со евентуална победа над него се пласираат во полуфиналето.И Цонга и Федерер знаат како да го победат на ваква подлога, а и он самиот не игра којзнае како така да ке биде ептен тешко.И Роџер и Цонга ке идат на победа против него, и станува ептен густо овде.Ако вечер тепа Федерер, мечот Надал Цонга ке биде епик тоа сум сигурен
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom