Кај е најНЕбезбедно да се патува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
По убиството на малото дете во Чаир до пред некое време, тешко да ќе е безбедно во Скопје. Треба малце повеќе да се потрудат за безбедноста на граѓаните и туристите што доаѓаат. За небезбедноста во право си, но не сме толку бетер колку што е во Бразил.
Иди прошетај во Рио кај фавелите па ќе правиме муабет, Бронкс и слични места низ светов.
Не можеш Скопје со никое друго место да го споредуваш, нормално дека и тука има такви дешавки но споредбата е смешна

Не свативте, јас пишав само од што би требал еден турист во Скопје да се пази. Фала богу дека Скопје не како местата набројани погоре.


:pos::pos:
По мирно место тешко дека ќе најдеш :)
Тоа дека ме нервираат овде... Ти си од Хром тоа е место не овие овде ЃП 1 одвај чекам да се отселам...
 
На времето кој бил во Бугарија а не бил ограбен барем еднаш сигурно потекнува од лоповска фамилија, или изгледал како скитник и немало кој да му се згне
 
:pos::pos:
По мирно место тешко дека ќе најдеш :)

Во Ѓорче само во паркот почесто може да се случат такви нешта...кражби, силување. И повеќето жртви се малолетни девојчиња или сако шеташ сам/а. Иначе до сега не сум слушнал во Ѓорче да имало кражба, и да имало ретки се случаевите.
--- надополнето: Nov 13, 2011 9:34 PM ---
На времето кој бил во Бугарија а не бил ограбен барем еднаш сигурно потекнува од лоповска фамилија, или изгледал како скитник и немало кој да му се згне

Е баш таму ме ограбија летово. :D
 
Во Ѓорче само во паркот почесто може да се случат такви нешта...кражби, силување. И повеќето жртви се малолетни девојчиња или сако шеташ сам/а. Иначе до сега не сум слушнал во Ѓорче да имало кражба, и да имало ретки се случаевите.
Паркчето си е многу мирно само навечер може да се најде некоја будала, ама да го споредиш со Чаир, Сарај и Бутел е лудост... Баш мирна населба си е...
 
Паркчето си е многу мирно само навечер може да се најде некоја будала, ама да го споредиш со Чаир, Сарај и Бутел е лудост... Баш мирна населба си е...
Па да ти кажам и Бутел не знам што бара у листава... бар чистиот :)
 
Па да ти кажам и Бутел не знам што бара у листава... бар чистиот :)
Неможам да ти одговорам ретко коа се движам натака, ама во споредба со другиве земји Македонија е paradise...
 
Паркчето си е многу мирно само навечер може да се најде некоја будала, ама да го споредиш со Чаир, Сарај и Бутел е лудост... Баш мирна населба си е...

Немој да ме сватиш погрешно, не го споредив со Чаир, Бутел или пак Сарај. Само кажав дека понекогаш може да се случи и тоа во паркчето. Но многу е ретко како што кажав. Тоа почесто што го кажав е дека се случува во паркот само (ммислев само за паркот) и дека е ретко и тоа во последно време.
--- надополнето: Nov 13, 2011 9:44 PM ---
Поготово во Јужен Чикаго. Таму прекрсти се пред да одиш.
 
Комшијата мој појде до клозет, се лизна и скрши рака и клучна коска а камоли до бразил или авганистан да одеше
Чисто да ви дадам пример со какви мислења може да добиете подолготраен бан од форумов. Let 3 е баниран за континуирано тролување на теми надвор од подфорумот за сеир (ЧДА). Ќе се врати таман на време за да ни посака Среќна нова година. Стари, ако случајно се покаеш за постапките и ветиш дека нема да тролуваш во ниедна тема освен во ЧДА, тогаш можеби и ќе го намалиме банот :)

Останатите, продолжете со дискусијата.
 
Ва Македонијава Битолава си ја сакам највеќе....сам си шетал, со девојка, другар - како и да си, не те чепка никој кај и да си во градот, овде едниствено ќе си чепнат ако прв го направиш тоа, дефинитивно, секој ден сум излезен, шетам, сум поминувал низ разни групи соберени, во паркови, до сега никој на никој така за џабе ништо му нема направено...било да е машко само или девојка само, освен Перо Шуте ако ве најди и позбора со вас малце (за девојките ова :D ). Најмирно е....
 
Eве што се дешава во Рио преку ден, а луѓево не ни трзаат од што се навикнати гајле немаат, кај нас да видиме некој вака со пушка ќе почнеме да купуваме зејтин и брашно и ќе се криеме во скривници
 
Ние треба да бидеме среќни, што нема такви работи кај нас (како што се во Рио и сл.) Американец слободно може да дојде кај нас и да се чуствува безбеден.
 
Ми имаат кажувано дека во Барселона имало многу џепчии кои биле до таа мера испраксирани та воопшто да не осетиш дека те крадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom