МРТВ ГО КРАДЕ НАРОДОТ!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте задоволни од МРТВ?

  • Да.

    Гласови: 23 12,3%
  • Не.

    Гласови: 135 72,2%
  • Не ме интересира./Не се замарам.

    Гласови: 29 15,5%

  • Вкупно гласачи
    187
Едукативни програми.Отвори бизнис почни како другите мали фирми и зголеми го капиталот чекор по чекор.Како да не.Јас чекав 3 месеци да ми кажат дека за да отворам стопански објект надвор од ДУП требало да направи ЛУПД од архитетонска фирма.Дадов иницијатива со барање дека ќе ги исполнувам стандардите.Бетонска подлога,машини за сортирање се во тек на време.Една глупа општина неможе 2 месеци да се одлучи дали ќе ми ја прифатат иницијативата срамота.Така сакаат да се отвараат бизнис за нивниот потпис јас да им го плаќам по одредена сума и частење ручеци.Македонија не се промени само тоне од пропаганда дека е на светлата страна...
 
Не плаќам бе не плаќам.
 
Не. Луѓето не гледаат, само плаќаат.

Името на темата е дали сте задоволни од МРТВ, јас под тоа подразбирам програмска шема на телевизијата и како истата е оценета од гледачите. Што значи веднаш пред очи ми падна мислата како е можно сеуште да има значителен број на луѓе кои сеуште гледаат телевизија и покрај ужасно досадната и и неквалитетна понуда, поготово нашите канали. Е сега факт е дека не го земав во предвид моментот со задолжителното плаќање секој месец, т.е. не го прочитав воведниот пост, одговорив инстиктивно :)
 
Како може претплата за тв да се наплаќа преку ујп, колку тој начин на наплата има законсака основа? Ујп си наплаќа ддв, придонеси, акцизи и др. даноци и само тоа има ингеренции, даноци да собира. Претплата за тв не е данок, и не е во надлежност на ујп. Ама овде се може очигледно.

Ако мтв сака да си наплати од граѓаните треба да си иде по судски пат за секоја сметка и да го тужи секој еден претплатник, а не вака со некакво измислено решение кое е нелегално. Ама очигледно нејќе мтв да се замери со цела држава, им фуфка да не им се собере цел народ на митинг пред зградата им и да им ја сруши. Револтот е дека нема опција дали сакам или нејќам да ја имам програмата на мтв воопшто, па ако изберам да ја гледам да плаќам, а ако не да се блокира сигналот, ако има таква опција на тие што не сакаат. Зошто за кабловска со сто канали да се плаќа 400 ден., а само за мтв 200, што ќе ми е?
 
Прва програма не сум гледал повеќе од пола година и не знам што се дешава. Собраниски гледав кога ги амнестираа фалсификувачите на пописот и пред тоа три-четирите вратени хашки случаи.

Едно од основните правила за перење мозок е дека информацијата треба постојано и постојано и постојано и постојано и постојано.... да му се повторува на жртвата, до лудило, додека и последната мозочна клетка не престане да се противи, а војничето со солзи во очите да ја крене десната рака и среќно да извика “Хајл...!!!“
 
Не сум плаќала досеа... нема ни сега да плаќам..
И јас не плаќам, ама бидејќи куќата е на име на дедо ми, на него му стигаат секој месец писма од УЈП.

Во последно време често се вртам во дневна и гледам РТС и ХРТ од време на време, и кога ќе свртам на МРТ останувам без зборови.

Тоа што УЈП ја наплаќа радиодифузната такса е противуставно, ама на опозицијата ни на крај памет не и текнува да покрене иницијатива бидејќи МРТ ќе им биде потребна кога ќе дојдат на власт.

И тоа... како и да се свртиш шофершајбната ти е од напред.
 
не е битно дали куќата била на некој друг а не на нас, како што знам...
не е битно, сметка како сметка мора да се плаќа.
порано се плаќаше РДТ со сметките за струја (мислам).
факт е дека мора да се плаќа, но на МТВ нема ништо ново, телевизијата одамна не ја гледам....
од аспект на програмски дел, телевизијата suck (поголем дел од РДТ оди во МТВ) а се богатат само газдите, Стошиќ, потоа некој словенец беше, па Ефтим Суперишка....
многу народ влезе таму, никој не ја оправи. Додека цица од народот и државата, дотогаш МРТ ќе постои
 
Да ти дојдат дома за наплата на МРТВ која не ја гледаш, е исто како да ми дојдат во Охрид од Комунална Хигиена Скопје да ми наплатат за собирање на контенјерите во Припор.
 
Да ти дојдат дома за наплата на МРТВ која не ја гледаш, е исто како да ми дојдат во Охрид од Комунална Хигиена Скопје да ми наплатат за собирање на контенјерите во Припор.

Не се секирај другар, како тргнало и тоа ќе ти дојде. :confused:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom