Инфо за Св Петка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Almala
  • Време на започнување Време на започнување
Само што кај најчесто се празнува св:Петка-Параскева или св.Петка-Трновска (таа е жената во црно) и се слави сега на 27-ми октомври.

Има ли повеќе информации за жената во црно? Јас мислев за иста жена се работи. Жената во црно без лик е онаа која најчесто се појавува како заштитник на здравјето и предупредува за опасности.
 
Има ли повеќе информации за жената во црно?

Да претпоставиме дека има. Но, што ако еден би ти дал едни информации, а друг други - различни на предходните? (како што е случајот за св. Петка)
Што ако еден ти рече дека таа е св. Петка Трновска, а друг ти рече дека таа е св. Петка Трендафиловска? Што ако еден ти рече дека таа се слави на 31 Декември, а друг на 29 февруари? Што ако трет ти рече дека тоа е всушност демон кој прелажал илјадници суеверни луѓе кои се водат по соништа, привиденија, гледање на кафе и сл?

Кому ќе веруваш и зошто? Кој е меродавниот извор кој со кредибилитет би можел да ти даде веродостојни информации? Некој угледен поп? Некоја духовна книга? Или нешто трето?
 
А она третото си ти и твоето протестантско учење така? Вие сте тој меродавниот извор кој со кредибилитет би можел да даде веродостојни информации?

А за суеверието можеш да прочиташ на статиите поставени на премин порталот:

http://www.google.com/search?q=суеверие&sitesearch=preminportal.com.mk
 
Да претпоставиме дека има. Но, што ако еден би ти дал едни информации, а друг други - различни на предходните? (како што е случајот за св. Петка)
Што ако еден ти рече дека таа е св. Петка Трновска, а друг ти рече дека таа е св. Петка Трендафиловска? Што ако еден ти рече дека таа се слави на 31 Декември, а друг на 29 февруари? Што ако трет ти рече дека тоа е всушност демон кој прелажал илјадници суеверни луѓе кои се водат по соништа, привиденија, гледање на кафе и сл?

Кому ќе веруваш и зошто? Кој е меродавниот извор кој со кредибилитет би можел да ти даде веродостојни информации? Некој угледен поп? Некоја духовна книга? Или нешто трето?

Никогаш не сум размислувала во насока на кого да му верувам во врска со Бог и со светци. Веројатно на духовна книга кој би требало попот да ја знае напамет.
 
Има ли повеќе информации за жената во црно? Јас мислев за иста жена се работи. Жената во црно без лик е онаа која најчесто се појавува како заштитник на здравјето и предупредува за опасности.

Абе не знам за поконкретни информации, мене св.Петка ми е куќна слава и затоа сум запознаена со овие работи. Имам слушнато за луѓе кои тврдат дека ја виделе св.Петка и на секој има кажано различни работи, нешто што се однесува само за нив, така што незнам што точно те интересира за да ти одговорам.

Забележи ги иконите на двете и ќе видиш разлика во облеката, едната е во црно, а другата е во црно со лилаво. Не знам како да прикачам слика на форумов за да се гледа, инаку ќе ги ставев и двете икони.
 
Никогаш не сум размислувала во насока на кого да му верувам во врска со Бог и со светци. Веројатно на духовна книга кој би требало попот да ја знае напамет.

Еве ти предизвик, размислувај и на тоа прашање, бидејќи е основен темел на другите прашања поврзани со Бог, светците и сл.
Доколку се одлучиш да и веруваш на некоја книга која пишува за овие прашања, тогаш запрашај се, поточно сите треба да се запрашаме:

- Кој е авторот на книгата?
- На кои извори се повикува авторот? (референци на маргините, библиографија и слично)
- Доколку авторот зборува за историски настани како што се житијата на светциве за кои што зборите тука, запрашај се која е историската веродостојност на тој текст, од кога датира тоа житие, временската близина со настаните што ги опишува, бројот на манускрипти што се најдени.

За многу од житијата ќе се изненадите кога ќе дознаете дека се само усни преданија кои многу многу подоцна биле запишани на парче хартија. Усните преданија бабите им ги раскажувале на внучињата покрај вечерниот оган. Потоа тие внуци на нивните внуци итн. Оние кои како мали ја играле популарната игра „расипан телефон“, знаат точно за што зборувам.
Етимолошкото значење на усните преданија се сведува на урбани легенди кои подоцна католичката и православните цркви ги запишале на хартија со цел да има што да им одговорат на луѓето кога овие ќе прашаат: А кој бил всушност светецот кој јас го славам? Кога да му палам свеќа или чатам леб?. Доколку не ги запишеле и доколку нема одредено житие за одреден светец, тогаш луѓето за час ќе го измислат, како што и предходно тоа го направиле. Па затоа, за да нема безредие и хаос, католичката и подоцна православните цркви ги стуткале во хартија овие житија и така денес вие имате за секој ден по 2-3 светци и за секој светец житие (кој бил што бил и какви чуда правел).

И на тој начин кога ќе се крштевате, попот ќе ви каже кој ден е денес и ќе ви прилепи еден светец и потоа вие на тој светец ќе треба да му палите свеќа и тоа не било каква, туку од светите православни свеќи кои чинат 3 пати поскапо од свеќите кои ги изработуваат приватните погребални претпријатија. За возврат се разбира ќе добиете животно и станбено осигурување од дотичниот светец кое е многу поефтино од Зоил или Каско. Но ако ви се деси нешто, вам, вашето семејство или вашиот стан, автомобил, тогаш, жал ми е, нема обештетување. Преиспитајте се, можеби не сте ја платиле месечната рата во некоја од експозитурите на МПЦ (свеќи, зејтин, или пари на иконата на светецот).

„самиот сатана се преправа во ангел на светлината.“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата)

„Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!“ (Апостол Павле, Галатјаните 1:8, Библијата)

Дали го познавате Христовото евангелие кое го проповедале Христовите апостоли? Доколку не го познавате, тогаш како ќе знаете дали привидението ви проповеда исто или различно евангелие? Не си играјте со демоните. Доколку се нарекувате христијани, следете го Господ Исус Христос.
 
Има толку многу прашања на кој треба да се фокусираме, нема потреба и со овие да се занимаваме. Господ не вели да прашуваш, туку да веруваш. Така да на кој му се прашува нека прашува, мене и ова што го знам ми е доволно.
 
И на тој начин кога ќе се крштевате, попот ќе ви каже кој ден е денес и ќе ви прилепи еден светец и потоа вие на тој светец ќе треба да му палите свеќа и тоа не било каква, туку од светите православни свеќи кои чинат 3 пати поскапо од свеќите кои ги изработуваат приватните погребални претпријатија. За возврат се разбира ќе добиете животно и станбено осигурување од дотичниот светец кое е многу поефтино од Зоил или Каско. Но ако ви се деси нешто, вам, вашето семејство или вашиот стан, автомобил, тогаш, жал ми е, нема обештетување. Преиспитајте се, можеби не сте ја платиле месечната рата во некоја од експозитурите на МПЦ (свеќи, зејтин, или пари на иконата на светецот).

Какви се тие свеќи три пати поскапи од погребалните, ја само тие од 3 и 5 ден. сум ги сретнала и евентуално тие од 10 ден.?

И не ми е јасно што пропагираш, кон што не насочуваш и што сакаш да постигнеш со тоа? Темава не е за тоа дали да веруваме во религија или не, има конкретни прашање и се даваат конкретни одговори и никој не прашува дали е тоа вистина или приказна за заспивање, така што стварно не знам кој ти е проблемов.
 
Па фино нагаѓате. Сакам да знам дали покровителка на здравје, пари, работа, среќа итн. Дали и се пали само свеќа или и се носи цвеќе, мед и слични ствари. Јас сум само запознаена дека она доаѓа по човек кога е на смртна постела (ова дедо ми ја гледаше додека беше болен пред да почине).

Јас ги знам Св Петка и Св Параскева и дека се поистоветуваат. Мене ме интересира Св Петка - онаа со икконата кајшто ги држи очите насликани на нешто пред неа.
s1668003.jpg

Параскева Римска

http://pravicon.com/sv-1668
 
Да претпоставиме дека има. Но, што ако еден би ти дал едни информации, а друг други - различни на предходните? (како што е случајот за св. Петка)
Што ако еден ти рече дека таа е св. Петка Трновска, а друг ти рече дека таа е св. Петка Трендафиловска? Што ако еден ти рече дека таа се слави на 31 Декември, а друг на 29 февруари? Што ако трет ти рече дека тоа е всушност демон кој прелажал илјадници суеверни луѓе кои се водат по соништа, привиденија, гледање на кафе и сл?

Кому ќе веруваш и зошто? Кој е меродавниот извор кој со кредибилитет би можел да ти даде веродостојни информации? Некој угледен поп? Некоја духовна книга? Или нешто трето?

Баш си со негативна енергија Чорбаџи! Ако не веруваш не набивај негативна тензија со муабетот. Ако знаеш одговори, ако не знаеш не ја носи темата во друга насока и секогаш така излегува, за едно се почнува муабет, на крај ќе дојдеме до искачање во град кој каде оди!!!
 
Може ли некој од православните членови (или било кој што е запознаен со ова) да ми даде барем линкови за Св Петка. Не за нејзината лична приказна - таа ја знам. Ме интересира кои се областите на кои оваа светица е поткровител, ме интересира како се слави итн итн.

Секоја информација е добре дојдена. Фала однапред.
http://preminportal.com.mk/content/view/8613/53/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom