Никогаш не сум размислувала во насока на кого да му верувам во врска со Бог и со светци. Веројатно на духовна книга кој би требало попот да ја знае напамет.
Еве ти предизвик, размислувај и на тоа прашање, бидејќи е основен темел на другите прашања поврзани со Бог, светците и сл.
Доколку се одлучиш да и веруваш на некоја книга која пишува за овие прашања, тогаш запрашај се, поточно сите треба да се запрашаме:
- Кој е авторот на книгата?
- На кои извори се повикува авторот? (референци на маргините, библиографија и слично)
- Доколку авторот зборува за историски настани како што се житијата на светциве за кои што зборите тука, запрашај се која е историската веродостојност на тој текст, од кога датира тоа житие, временската близина со настаните што ги опишува, бројот на манускрипти што се најдени.
За многу од житијата ќе се изненадите кога ќе дознаете дека се само усни преданија кои многу многу подоцна биле запишани на парче хартија. Усните преданија бабите им ги раскажувале на внучињата покрај вечерниот оган. Потоа тие внуци на нивните внуци итн. Оние кои како мали ја играле популарната игра „расипан телефон“, знаат точно за што зборувам.
Етимолошкото значење на усните преданија се сведува на урбани легенди кои подоцна католичката и православните цркви ги запишале на хартија со цел да има што да им одговорат на луѓето кога овие ќе прашаат: А кој бил всушност светецот кој јас го славам? Кога да му палам свеќа или чатам леб?. Доколку не ги запишеле и доколку нема одредено житие за одреден светец, тогаш луѓето за час ќе го измислат, како што и предходно тоа го направиле. Па затоа, за да нема безредие и хаос, католичката и подоцна православните цркви ги стуткале во хартија овие житија и така денес вие имате за секој ден по 2-3 светци и за секој светец житие (кој бил што бил и какви чуда правел).
И на тој начин кога ќе се крштевате, попот ќе ви каже кој ден е денес и ќе ви прилепи еден светец и потоа вие на тој светец ќе треба да му палите свеќа и тоа не било каква, туку од светите православни свеќи кои чинат 3 пати поскапо од свеќите кои ги изработуваат приватните погребални претпријатија. За возврат се разбира ќе добиете животно и станбено осигурување од дотичниот светец кое е многу поефтино од Зоил или Каско. Но ако ви се деси нешто, вам, вашето семејство или вашиот стан, автомобил, тогаш, жал ми е, нема обештетување. Преиспитајте се, можеби не сте ја платиле месечната рата во некоја од експозитурите на МПЦ (свеќи, зејтин, или пари на иконата на светецот).
„самиот
сатана се преправа во ангел на светлината.“ (
2 Коринтјаните 11:14, Библијата)
„Но ако и ние,
или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!“ (
Апостол Павле, Галатјаните 1:8, Библијата)
Дали го познавате Христовото евангелие кое го проповедале Христовите апостоли? Доколку не го познавате, тогаш како ќе знаете дали привидението ви проповеда исто или различно евангелие? Не си играјте со демоните. Доколку се нарекувате христијани, следете го Господ Исус Христос.