Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.002
- Поени од реакции
- 61.832
Нешот за изворите на приход и фискализацијата
МПЦ-ОА и ИВЗ вртат милиони евра
Фискализација и данок за верските заедници
според имотот и возниот парк, најверојатно заработуваат повеќе и од некои банки во РМ, па не ми е јасно зашто не подлежат на контроли и фискализација
Ова е се разбира чиста глупост. За услугата не се плаќа на гробишта, се плаќа во црква. При што ти даваат сметкопотврда. Нема никаква пречка да си чуваат фискална каса таму и да ја даваат со сметките. Се може да се регулира, ако се сака да се регулира.„Ако ги земете парохиските свештеници кога на пример на Задушница извршуваат обреди по гробиштата, дали да носат во една рака фискална сметка, дали да носат кадалница или крст. Значи практично е неизводливо, како и при извршување на други чинови и потреби. За тоа е начелно договорено црквата, односно верските заедници за сите активности што ги извршуваат во црквите, манастирите и во круговите на своите имоти да не подлежат на фискализација. Сметам дека тоа треба да остане така. Но доколку МПЦ има други свои дејности сврзани со економско работење, како сите граѓани и институции би требало да плаќаат и тие, вели владиката Тимотеј.