Вегетеријанство

  • Креатор на темата Креатор на темата energichen
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе 17 месеци се хранам со храна добиена без болки и страдања и можам да кажам дека се чувствувам прекрасно, како и телесно, така и душевно. Имунитетот ми се подобри во последнава година, плус и со некое килце се надополнив (колку и да звучи чудно), а најважно од се' - можам да им погледам на животните во очи без да се осеќам виновен за тоа што сум го ручал претходно.

"Animals are my friends... and I don't eat my friends."
George Bernard Shaw

Хаха.. колку милост за животните само да те прашам.. Да се најдеш во Африка што мислиш лавот ќе рече ај нема да те јадам жал ми е.. КОЛКУ и да е сурово таква е реалноста.. Едни убиваат за други да преживеат... Сега човекот може да живее и со месо и без месо тоа е индивидуа.. Ама немој да јадеш вегетаријанска храна пошто ти е жал за животните.. Во дивина нема жал има само опстанок..
 
а најважно од се' - можам да им погледам на животните во очи без да се осеќам виновен за тоа што сум го ручал претходно.
јас не можам да им погледнам на мравките и бубашвабите во очи...ниту на глувците и стаорците...ги ништам, жал ми е.
За да живееш и да ги имаш сите погодности као човек (иако не јадеш животни), пак мора да уништиш дел од животните, цели колонии и чопори. Ете еден банален пример...седиш на дрвена столица, на дрвена маса (пишуваш на хартија)...за да го добиеш мебелот, било потребно да се уништат неколку дрвја кои биле дом за голем број животни (директна штета) или храна за уште поголем број (индиректна штета). Знаеш колку животни се ништат (и нивна храна и дом) кога се одгледува на 10 хектари пченица за леб? Уууфф, многу многу повеќе него јас што јадам месо годишно. За ние да живееме, го поместуваме балансот на екосистемот, а со тоа страдаат многу животни и животински видови.
Затоа ако ти чини за здравје во ред, ти како се осеќаш...но од сожалување...:coffee:
 
Хаха.. колку милост за животните само да те прашам.. Да се најдеш во Африка што мислиш лавот ќе рече ај нема да те јадам жал ми е.. КОЛКУ и да е сурово таква е реалноста.. Едни убиваат за други да преживеат... Сега човекот може да живее и со месо и без месо тоа е индивидуа.. Ама немој да јадеш вегетаријанска храна пошто ти е жал за животните.. Во дивина нема жал има само опстанок..

Кога и да дискутирам на оваа тема, се среќавам со овој тип на прашање: „Па и животните јадат животни“.

Интересна е оваа појава што сум ја сретнал кај луѓето, што се ставате над животните од една страна (појаки сме, може што сакаме да им правиме), а од друга страна се споредувате со нив (па и тие прават така) и сето тоа само за да излезете со некакво оправдување за тоа што го правите.

Уште нешто интересно, но овој пат што не можам да си го објаснам е што толку имате против вегератијанството? Сте ме прочитале мене во некоја тема на форумов за рецепти во кои има месо да ви пишувам колку тоа не чини, колку не е здраво? Членот кој ја отвори оваа тема бараше рецепти во кои нема месо, бидејќи е почетник во оваа исхрана, а се' што доби е проповеди за тоа колку ќе му недостигаат протеините од месото, колку исхраната без месо не е здрава... Сепак тоа е негова одлука, како што јас не ве убедувам вас на другите теми да се откажувате од месото, ќе ве молам и вие да се воздржете од излишни коментари од истиот тип на оваа тема.
 
така е,немојте да започнувате или одржувате исхрана само на “треви“ и плодови зошто тоа чинело некој живот,тоа се заблуди кои сакаат некои луѓе да ги протуркаат(не знам која е точно позадината)

човекот по природа е сештојад - ваш е изборот на вашата трпеза
 
Вегетаријанци и Вегани имаат психолошки проблем, бидејќи очигледно не прават разлика помеѓу луѓе и животни. Идејата да се додадат човечки особини на животни е глупо.
Ти можеш да ги гледаш животните во очи, на кого му е гајле, на било кое животно не му е гајле, затоа што не разбира такви работи.

ТиЏеј многу добро го објаснува.

Уште нешто интересно, но овој пат што не можам да си го објаснам е што толку имате против вегератијанството? Сте ме прочитале мене во некоја тема на форумов за рецепти во кои има месо да ви пишувам колку тоа не чини, колку не е здраво? Членот кој ја отвори оваа тема бараше рецепти во кои нема месо, бидејќи е почетник во оваа исхрана, а се' што доби е проповеди за тоа колку ќе му недостигаат протеините од месото, колку исхраната без месо не е здрава... Сепак тоа е негова одлука, како што јас не ве убедувам вас на другите теми да се откажувате од месото, ќе ве молам и вие да се воздржете од излишни коментари од истиот тип на оваа тема.
со два збора, ние сме офтопик?
 
Вегетаријанци и Вегани имаа психолошки проблем, бидејќи очигледно не прават разлика помеѓу луѓе и животни. Идејата да се додадат човечки особини на животни е глупо.
Ти можеш да ги гледаш животните во очи, на кого му е гајле, на било кое животно не му е гајле, затоа што не разбира такви работи.

ТиЏеј многу добро го објаснува.

А и ние што сме вегетеријанци од здравствени причини ли имаме психолошки проблем?
 
А и ние што сме вегетеријанци од здравствени причини ли имаме психолошки проблем?

Очигледно дека не, некој кој доброволно одбива да јаде животни на кои единствена цел во животот им е да бидат стек или хамбургер, тогаш да.
 
Очигледно дека не, некој кој доброволно одбива да јаде животни на кои единствена цел во животот им е да бидат стек или хамбургер, тогаш да.

Тогаш не ги ставај сите вегетеријанци во ист кош и не ги навредувај. Има луѓе што се вегетеријанци од религиско-филозофски ( Џаинисти, Растафаријанци, Адвентисти ) и здравствени причини не само од морални.
 
со два збора, ние сме офтопик?

Здраво дечки, пошто сум почетник во ваквиот начин на исхрана би ве замолил за некој совет од поискусните, на што да обрнам внимание, некој рецепт и сл. :)

Освен видеото за пицата, не видов ниту еден рецепт во кој нема месо, а советите од „поискусните“ беа дека не можело така да се живее, не било здраво, тоа им било целта на живеење на животните... така да, сме и тоа како офтопик. Ни јас ни ти не му помогнавме на членот кој што ја отвори темата.
 
ами исто као вината и погледот во очите на животното...

А на енергичен ете му идеи за кои рецептите ги има народот и традицијата -ајвар, пинџур, макало (може со со растителна урда), сендвич (француско лепче со парчиња буковка, маслинки, може и туна ако не е забранета)...секое јадење повеќе помалку може да се направи и со и без меснати продукти (полнети пиперки, грав, ориз, салати од истите продукти, пици, сендвичи...).
Ама и све растително не значи здраво. Пржениците не се препорачливи за одредени болести...зависи за што му е
 
Јас ги обожавам печурките (особено врганот и лисичарките) кои се богати со се' што му треба на организмот, а има 1000 начини како да се припремат - на скара, пржени, поховани... мх мх мх. :)

Баш денес бев излезен да си најдам барем 300ина грама за вечера, ама слабо. :)
 
Дај кажи кај може да најдам печурки,такви,ама свежи,зашто татко ми е алергичен,а јас си ги јадам,и има бајги да собере кај мене у стомак.
само,не ме праќај по планините :icon_lol:
 
Дај кажи кај може да најдам печурки,такви,ама свежи,зашто татко ми е алергичен,а јас си ги јадам,и има бајги да собере кај мене у стомак.
само,не ме праќај по планините :icon_lol:
Епа нема на друго место. :D
Може и да прашаш на места каде што вршат откуп на печурки, ништо не ги чини да ти дадат едно кило за 100-200 денари. Само треба да се познаваш со тој што откупува или пак, да најдеш некој ептен љубезен да ти даде. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom