Авторот или авторите на овој текст, не разобличуваат ама баш ништо, туку како што напиша
Ipsissimus погоре, само даваат свое исклучително субјективно толкување.
Дали ти и Ипсисимус го прочитавте целиот текст (кој всушност претставува една мала книга)?
Така на пример 12-те апостоли, за другите религии вели дека тие претставуваат 12 знаци на Зодијакот, односно се толкуваат симболично, додека пак за Христијанството 12-те апостоли си ги толкува буквално и не ги поврзува со 12-те знаци на Зодијакот. Уште во старт двојни стандарди и контрадикторности, кои што ги има колку сакаш во овој текст.
Сакаш да кажеш дека јас како христијанин треба да толкувам дека 12-те апостоли биле всушност 12 хороскопски знаци што шетале со Исус, што јаделе пиеле спиеле, се сомневале, грешеле, плачеле, иделе проповедале, па едниот хороскопски знак се обесил, па на негово место друг знак дошол итн. Потоа тие хороскопски знаци се спомнувани од другите христијански писатели од 2-3 век исто така „погрешно“ како личности. Поликарп (кој бил епископ во Смирна) и непосреден ученик на апостол Јован исто така не увидел дека неговиот учител е всушност подвижен зодијачки знак и во неговите дела го ословува како „човечка личнос“ (ццц кој ќорко би овој Поликарп, не разликува личности од зодијачки знаци

)
А исто така и ученикот на Поликарп, Иринеј (епископ во Лион) го спомнува апостолот Јован исто така како личност. Чудно нели?
Како и да е, авторот бега од клучните прашања, а тоа се зошто баш:
-12 апостоли?
- раѓање на 25-ти декември?
- роден од девица?
- распнување, смрт и воскреснување после 3 дена?
- звезда на истокот, пратена од три крала?
Сличности што се повторуваат во еден куп религии.
Епа да го прочиташе навистина текстот ќе видеше дека не само што не бега од тие прашања, туку цел текст му е на тема на тие прашања

Во сите тие тврдења има протнато еден куп лаги. На пример Исус воопшто не бил роден на 25 декември и покрај тоа што луѓето тогаш одредиле да го слават Божиќ. Не се знае точниот датум на Христовото раѓање, ама познато е дека во Витлеем на 25 декември тешко дека ќе најдеш пастири како пасат овци и си лежат на отворено небо (онака како што пишува во евангелијата).
Понатаму во евангелијата никаде не пишува дека тие „маги“ (во наш превод преведени како „мудреци“, а уствари биле еден вид на ѕвездари/астролози) биле тројца на број. Тоа е измишљотина со цел некој да си ги прилагоди бројките со својата измислена теорија.
Понатаму има и доста лаги во учењата на другите религии. Авторот ги разобличува тие работи една по една, укажувајќи на намерно изменетите работи со цел да се добие привидна сличност.
Понатаму добра е забелешката на авторот дека некои од работите што делуваат слично има голема веројатност да се додадени бидејќи тие датираат многу векови после христијанството. Еве земете го православието кај нас. Вие ќе најдете еден куп сличности меѓу тоа ткн. „христијанство“ и паганската вера на словените (Перун се славел на 2 август и на негово место го ставиле Илинден), па дури и со будистите (монаштво, мантрање, будистички симболи). Дали тоа значи дека христијанството е слично со паганството или будизмот? Се разбира дека не. Проблемот е што на овие простори некој накалемил пагански елементи во христијанството и затоа сега ни делуваат слични.
Некој за сличност може да го посочи и обожавањето на Марија како слично со обожавањето на големата мајка кај словените, или молењето на светците како сличност со култовите кон мртвите. Се согласувам со сето ова дека се валидни сличности, но поентата е во тоа што сите овие се подоцнежни додатоци (накалемени примеси) и ги немало во првичното христијанство.
Така и во Новиот Завет всушност симболично се опишува циклусот на Сонцето, само штета што во светов постојат премногу буквалисти.
Прочитај го Новиот Завет кога ќе имаш слободно време и пробај на местото на личностите да ставаш зодијачки знаци и самиот ќе се увериш дека тоа е пресмешно и крајно неразумно, нелогично.
Како и да е, авторот бега од клучните прашања, а тоа се зошто баш:
-12 апостоли?
- раѓање на 25-ти декември?
- роден од девица?
- распнување, смрт и воскреснување после 3 дена?
- звезда на истокот, пратена од три крала?
Како што кажав, авторот се осврнува токму на овие и други привидни „сличности“ низ целиот текст.
Значи ќе повторам нема никакви историски податоци дека Исус бил роден на 25-ти декември и дека евнагелијата никаде не тврдат дека тројца крала/мудреци дошле кај Исус. Бројката 3 е измислена.
Понатаму, еве ќе го земам Кришна за пример...
ДЕВСТВЕНО РАЃАЊЕ – Девственото раѓање никогаш не му било припишано на Кришна. Родителите на Кришна
пред него родиле уште 7 други деца. Понатака, девственото раѓање не бил нов концепт измислен од христијаните. Старозаветната библиска книга на пророкот Исаија (напишана околу 700 години пред Христос), зборува за Месијата кој ќе биде роден од девица. Ова пророштво циркулирало 700 години пред Христос и барем 100 години пред Кришна. (
Исаија 7:14)
Критичарите тврдат дека Кришна бил роден од девицата Маиа, но според хиндуистичките текстови, Кришна бил осмиот син на принцезата Деваки и нејзиниот сопруг Васудева „Си се родил од божествената Деваки и Васудева за заштита на Брахма на Земјата“ (
Махабхарата 12:47)
ПАСТИРИ, МУДРЕЦИ, ЅВЕЗДА И ЈАСЛИ – Не со спомнуваат никакви пастири или мудреци во раѓањето на Кришна. Тој бил роден во затвор (не во штала како што велат критичарите), каде што неговите родители го родиле во тајност. Сосема е неочекувано дека такви посетители ќе дојдат само за да го известат Камса за присуството на Кришна.
РАСПНУВАЊЕТО – Иако критичарите тврдат дека Кришна бил распнат, такво нешто нема во хиндуистичките текстови. Напротив, во нив точно е наведено како умрел Кришна: Кришна медитирал во шумата и ненадејно бил погоден со стрела во стапалото. Критичарите се обидуваат да ја развлечат оваа приказна (на хумористичен начин) и тврдат дека стрелата што го погодила Кришна на стапалото го заковала на дрво и на овој начин го распнала. Тие исто така посочуваат на сличноста помеѓу раната на стапалото на Кришна и Христовите прободени раце и нозе. Ако некој резбаќи ги своите иницијали на некое дрво не сакајќи си го забоде прстот, зарем можеме да кажеме за тој човек дека бил распнат?

Тоа е абсурд и претерано силување на „сличностите“. Оваа приказна има поврзаност со смртта на грчката митолошка личност – Ахил, кој исто така бил застрелан со стрела во петата. „Бесниот стрелец, по име Јара, дојде таму, посакувајќи елен. Стрелецот, промашувајќи (го Кришна), кој беше протегнат на земјата во висока Јога, за елен, го прободе во петата со стрела и брзо дојде до тоа место за да ја фати жртвата.“ (
Mahabharata, книга 16,4)
ВОСКРЕСЕНИЕТО – Zeitgeist вели дека Кришна бил во гроб три дена и потоа се појавил жив пред многу сведоци, нема ниту еден доказ кој го поткрепува ова тврдење. Напротив, извештајот вели дека Кришна веднаш оживеал и зборел само со стрелецот простувајќи му за неговото дело.
И пак ќе спомнам, стрелањето и оживувањето на Кришна се митски приказни без никаква историска поткрепа, за разлика од Христовото распнување (забележано од повеќе историски извори) и исчезнување од гробот, после кое многу луѓе тврделе дека го виделе воскреснал, па дури и маки претрпеле заради таа нивна вера (а некои и биле убиени).