Анти-религиозни документарци и видео клипови

TGWWT.jpg


http://www.imdb.com/title/tt0455507/

Насловот кажува се. Документарен филм од 2005 година. Нема да навлегувам во детали. Еве линк

 
Многу добар монолог во кој ќе се пронајдат многу атеисти кои порано биле на „темната страна“ (шала, не скокајте одма :) ). Само за тие кои имаат време и трпение во секој случај, затоа што има околу еден час од првото cd по кое има и втор дел.

 
^ Тоа е друга работа, епизодата им е он-топик. Мене и Bill Maher ми изгледа како ѓоа-интелектуалец ама ете направи еден филм човекот...
Бил Мар не ни претендира да биде сметан за интелектуалец. Тој почнал како стенд-ап комичар чиј ментор (и спред самиот Бил, идол) бил покојниот Џорџ Карлин. Бил Мар се декларира како „TV host“и „comedian.“ Ниту Бил Мар ниту Џорџ Карлин не се „интелектуалци“ во строга смисла, но, според мене, се битни за јавната интелектуална дебата во САД каде нема многу место за „безбожници“. Двајцата се ефектни гласноговорници на секуларизмот, или поточно, на милитантниот атеизам. Инаку Бил Мар го следам одамна – тој имаше шоу на ABC, Politically Incorrect (кое го симнаа, а Бил го отпуштија поради „непатриотски испад“ и критика на Буш). Подоцна премина на HBO со шоуто Real Time кое го води и денес. Religulous и стенд-ап настапите му се „меѓупроекти.“

Бил Мар е значаен бидејќи на неговото шоу редовни гости се интелектуалци од калибарот на Ричард Докинс, Салман Рушди, или (сега покојниот) Кристофер Хиченс. Иако сметан за брилијантен реторичар и заколнат атеист, Хиченс сосема некритички (и зачудувачки лошо) ја бранеше Бушовата администрација и инвазија на Ирак. За разлика од него, комичарот Бил Мар остана подоследен во својот атеистички либертаријанизам.
 
A celestial North Korea by The Hitchslap
 
Дека не сум во можност сега... што е ова? ^^
Ова емисија е мајка на сите религиозни емисии, доказ дека Србија е божја земја, има звездена капија во Косово и поврзаност со Сириус, поврзаност на Св. Јован со Хромозом 53 во нашата ДНК, поврзаност на бившото знаме на СФРЈ со енергетска енергија, како човек станува свесен кога е несвесен, споредба на Бог со боксер, Попер, Санскрит и откривање на каменот од Розета (само Србин може да го најде лекот) и уште многу.
 
Ова емисија е мајка на сите религиозни емисии, доказ дека Србија е божја земја, има звездена капија во Косово и поврзаност со Сириус, поврзаност на Св. Јован со Хромозом 53 во нашата ДНК, поврзаност на бившото знаме на СФРЈ со енергетска енергија, како човек станува свесен кога е несвесен, споредба на Бог со боксер и уште многу.
Ја загледав у понеделникот... циркус на лудаци.
Едниот криминолог у пензија од '41ва ако добро слушнав, што користел криминолошката наука за да открие дека Русите се по потекло Срби од времето на Рашка.
Дамата пак, 30 години ја проучувала библијата за да на крај открие у неа ѕвездени порти у Палестина и Персија кои биле силни електромегнетни полиња...
:vozbud::pos::drk::tapp::facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom