Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 28.999
- Поени од реакции
- 61.818
Нека не ве лаже Мики чеда божји, документарците и видео клиповите на интернет се саде уште еден начин за пренос на информации и нема ништо ѓаолско во истите. Некои фини луѓе кои се занимаваат со феноменот наречен религија едноставно решиле да застанат пред или зад камера и да покренат некои прашања.
Причината што темава не ја отворам кај мене на Филм и ТВ е зошто таму нема политика, религија и слични препуцавања и на ваква тема таму единствено би можеле да се држиме до содржината на даден филм, што значително ќе не ограничи во дискусиите. Патем, таа тема би била и далеку од оние кои се занимаваат со оваа проблематика.
На интернет се среќава и терминот „Атеистички документарци“ но тоа не ги покрива сите, па подобро е темава да носи еден ваков наслов. Значи, тука би споделиле разни линкови до видео материјали кои ги оспоруваат религиите, разни дебати и слично, па да отвориме дискусии за истите.
Јас би започнал со документарците на професорот Richard Dawkins:
Root of All Evil? (2006) (според книгата The God Delusion) е задолжително четиво.
The Enemies of Reason (2007) кој повеќе се бави со разни форми на суеверие.
Потоа, два шокантни документарци:
Deliver Us from Evil (2006)
Филм кој ќе ве извади од кожа. Филм за отецот Оливер О'Грејди, педофил кој успеал да силува десетици деца. Слободен и сеуште дел од црквата, О'Грејди зборува за своите злодела во овој филм, со насмевка. Мислам дека ми смрзна крвта додека го гледав, зошто за разлика од ликови како Ханибал Лектор, О'Грејди е вистински.Филмот бил номиниран за Оскар.
Jesus Camp (2006)
Јас сум голем фан на старите хорори но од најмала возраст наваму не сум гледал филм кој посебно ме исплашил... се до овој. Ова е хорор, буквално. Се работи за процесот на индоктринација на мали деца кои на еден христијански камп се подготвуваат да бидат „Војници на Христос“. Идеите и стравот кои им се всадуваат во глава ќе ве остават без текст. Филмот нема нарација, едноставно ги евидентира настаните и ги остава децата и нивните ментори да зборуваат. Неверојатно е што нивниот ментор, пастор или што год да е, Беки, мисли дека филмот всушност зборува добро за нив и ги прикажува во добро светло. И овој филм бил номиниран за Оскар.
Ќе завршам со говорите на George Carlin кои можат да се најдат на youtube, како и предходно наведените. Кој сака да симнува, има и по торенти.
Па ајде, да споделиме што повеќе материјали и да отвориме дискусија.