Македонски интернационалци

  • Креатор на темата Креатор на темата naumdb
  • Време на започнување Време на започнување

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.016
Поени од реакции
5.681
Се мислев дали да отварам тема за настапот на нашите играчи низ светот... Не се многу, ама добро е некаде да се „складираат“ нивните бројки..

Еве за старт, Дамјан Стојановски играл вчера за Лукоил на пријателски меч против Црвена Звезда.
За 17 минути игра постигнал 14 поени, 2/3 за два, 1/4 за три, 7/7 за еден поен.
линк

Вечерва очекуваме добри вести од Самарџиски :D
 
Супер си е темата браво за идејата на едно место да ги следиме нашите репрезентативци.
Добро одигрла Дамјан бар по минутите што ги одиграл одличен скор имал.
Самарџиски на Литвус - Будучност го гледав играше супер да се истакне е неговото добро играње во одбрана па и во напад имаше добри блокови и некој пикенрол.Денеска повторно ќе го даваат на спортклуб.
 
Денеска со почеток во 17:45 часот, Монтепаски Сиена каде што игра Лестер Бо МекКејлеб ќе го игра италјанскиот Суперкуп во дуел против Бенет Канту..да се надеваме дека трофејот ќе им припадне на Сиена и МекКејлеб..
 
Ова европско направти чуда за играчите, и баш убао шо се снаоѓаат каде и да се.
А се надевам после следново лето дека уште повеке играчи ќе имаат подобри и поголеми договори.
Во споредба со пред ова ЕП, сеа има 6 или 7 играчи во големи тимови.
На крај ќе влезат во ритам, па летово во Лондон нашите ќе ја добијат соодветната почит.
 
Денес исто така играат и Илиевски и Антиќ, на турнир на кој играат Ефес, Фенербахче, Олимпијакос и Панатинаикос :)

линк
 
ако ги следиме кошаркариве да го следиме и топузовски.. вистина е дека нема повеќе да биде селектор?
 
Лелеј само што сакав да отворам ваква тема... :) Oдлично!

плус, еве една изјава од Предраг незнам дали е од вчера или од ЕП...

No matter if you play at the highest level or with friends, if you love basketball, you have to play with a lot of heart

:cuc:
 
ако ги следиме кошаркариве да го следиме и топузовски.. вистина е дека нема повеќе да биде селектор?
Може да се пишува и за нашите тренери :)
Заре Марковски е тренер во некоја екипа од Болоња која игра во Италија, во втора лига.
Знам дека тренерот на Олимпија од Љубљана се вика Сашо Филиповски и сигурно има бар наше потекло. Имаше уште некој тренер, само што не ми текнува името.
 
Може да се пишува и за нашите тренери :)
Заре Марковски е тренер во некоја екипа од Болоња која игра во Италија, во втора лига.
Знам дека тренерот на Олимпија од Љубљана се вика Сашо Филиповски и сигурно има бар наше потекло. Имаше уште некој тренер, само што не ми текнува името.
Октај Махмути ја води турската екипа на Галатасарај
 
Моментално играат Летувос Ритас и Цибона. Самарџиски слабо нешто овој натпревар, 2 поени во првото полувреме. :)
 
Крај на мечот Литвос Ритас убедливо победи против Цибона со 88:71...кај победникот Предраг Самарџиски на паркетот одигра 19 минути, постигна осум поени, имаше 3/6 (50%) од обидот за два поени, додека 1/1 (100%) од слободните фрлања..
 
Заварши и натпреварот помеѓу Анадолу Ефес и Панатинаикос 84:76.
Владо Илиевски имаше 3 поени, 2 асистенции и 1 скок, играше 22 минути и 13 сек.
 
Монтепаски Сиена 73 - 70 Бенет Канту, прв освоен трофеј за Мекејлеб, а во натпреварот постигна 13 поени и имаше 2 скока 5 асистенции и 7 украдени топки. Well done Bo. :)
Еее арамија :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom