Грција ги затвора граничните премини

  • Креатор на темата Креатор на темата Square One
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Грција од денеска ем затворена, ем внатрешно блокирана

5C3D6B03E8F178478A1FC90C7D37692C.jpg


Во следните 48 часа Грција ќе се соочи со целосна блокада на нејзините граници, како и блокада на јавниот превоз во Атина.
Поради штрајк на грчките погранични служби, од утрово од шест часот, па во наредните 48 часа, се блокирани сите гранични премини кон Грција.
Блокадата ќе биде целосна за сите товарни возила, а патничките возила ќе се пропуштаат на секои два до три часа во времетраење од триесетина минути.
Истовремено делумно ќе биде парализиран и главниот град. Вработените во јавниот превоз во Атина денеска почнаа нов 48-часовен штрајк против реформите во секторот и ригорозните економски мерки на Владата.
Поради штрајкот денеска нема да сообраќаат метрото, автобусите и тролејбусите, додека трамваите и надземната железница ќе работат нормално.
Но утре следи целосно замирање. Нема да сообраќаат нити едно превозно средство од јавниот транспорт во Атина. Сопствениците на такси возилата утре исто така ќе стапат во 48-часовен штрајк.
На сите тие штрајкувачи ќе им се приклучат и возачите на камиони за смет.

Извор: dnevnik.com.mk

Овие само полошо си прават
 
Грција од денеска ем затворена, ем внатрешно блокирана

5C3D6B03E8F178478A1FC90C7D37692C.jpg


Во следните 48 часа Грција ќе се соочи со целосна блокада на нејзините граници, како и блокада на јавниот превоз во Атина.
Поради штрајк на грчките погранични служби, од утрово од шест часот, па во наредните 48 часа, се блокирани сите гранични премини кон Грција.
Блокадата ќе биде целосна за сите товарни возила, а патничките возила ќе се пропуштаат на секои два до три часа во времетраење од триесетина минути.
Истовремено делумно ќе биде парализиран и главниот град. Вработените во јавниот превоз во Атина денеска почнаа нов 48-часовен штрајк против реформите во секторот и ригорозните економски мерки на Владата.
Поради штрајкот денеска нема да сообраќаат метрото, автобусите и тролејбусите, додека трамваите и надземната железница ќе работат нормално.
Но утре следи целосно замирање. Нема да сообраќаат нити едно превозно средство од јавниот транспорт во Атина. Сопствениците на такси возилата утре исто така ќе стапат во 48-часовен штрајк.
На сите тие штрајкувачи ќе им се приклучат и возачите на камиони за смет.

Извор: dnevnik.com.mk

Овие само полошо си прават

Страдаат и наши компании, а со тоа и нашата економија дека Солунското пристаниште е користено од Македонските компании како најефтино и најблиско за транспорт, затоа што кон Бугарија и Албанија нема добра патна структура.

Повеќе пати го имаме напоменувано ова, да не се ситите на туѓа мака.
 
Страдаат и наши компании, а со тоа и нашата економија дека Солунското пристаниште е користено од Македонските компании како најефтино и најблиско за транспорт, затоа што кон Бугарија и Албанија нема добра патна структура.

Повеќе пати го имаме напоменувано ова, да не се ситите на туѓа мака.

је је, а они шо се ситат на нашата? тоа као демек, ок е ..

-.-"
 
је је, а они шо се ситат на нашата? тоа као демек, ок е ..

-.-"
А бе сакале неќеле тоа е јбг, ни мене не ми е мило ама мора да признаеме дека сме економски поврзани.
--- надополнето: Sep 27, 2011 8:37 AM ---
БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ГО БЛОКИРАА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ

Во обид уште повеќе да ја интензивира соработката со македонските компании, менаџментот на Солунското пристаниште, односно државната компанија која уште од 2001 година доби концесија од Владата да менаџира со пристаништето, до 2014 година најавува подобрување на инфраструктурата, нов магацински простор за лежарина на стоката и олеснување на условите за транспорт, но и набавка на нова опрема.
Сепак, според информациите од фирмите кои соработуваат со пристаништето, сите тие инвестиции зависеле од обемот на работата што ќе ја има пристаништето до идната година, а според тврдењата на компаниите, најавите и не се толку задоволителни. Токму затоа менаџментот се обидува да привлече што поголем број клиенти, меѓу кои и македонски компании, преку намалување на цените на услугите и најава за подобрување на истите. Но, константните штрајкови од страна на грчката администрација, било да се земјоделците, железничарите или цариниците, сe уште се кочница за поголема трговска соработка. Штетите што во период на протест ги претрпуваат македонските компании се повеќекратни. Застој на стоките и камионите на граница или во магацин, пенали поради доцнење на одредени испораки, терминални трошоци на граничните премини, оштетување на производите поради претранспортирање, губење на квалитет на осетливите производи, изгубена добивка, неостварен приход, загуби на ден, застој на процесот на производство како и зголемени трошоци поради преупатување на испораките преку алтернативни превозни правци. Ако се земе предвид и дека сите шест докови на пристаништето се поврзани со железнички пруги, а многу често работи само една, тогаш повеќе од јасно е дека македонските компании трпат вистински главоболки во соработката со пристаништето.
“Има проблеми и од ваша страна, особено во делот на брзината на возовите, но мора да признаам дека поголеми се проблемите од грчка страна. Факт е дека грчката железница мора да се реконструира и тоа е во процедура, а се очекува финализација идната година. Според европската регулатива, грчката железница е обврзана да го либерализира железничкиот сообраќај. Мислам дека и во вашата држава е слично, што значи дека можностите за соработка ќе бидат поголеми доколку се случи тоа. Кога имате приватен инвеститор блокадите од страна на вработените се сведени на минимум. Од заемен интерес е да се случи тоа“, изјави Михалидис.
НЕМА ЗАМЕНА ЗА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

За најголем дел од македонските превозници Солунското пристаниште е најдобра варијанта поради близината и пониските цени, но освен константните протести и чекањето по 24 часа на царина, дополнителни главоболки им задава неефикасноста на вработените на пристаништето. Искуствата на домашните компании кои континуирано работат со Солунското пристаниште покажуваат дека ниту едно обично истоварање или товарење на пристаништето не се одвива без подмитување на вработените. Такво искуство неодамна имал и нашиот соговорник, кој од оправднани причини сакаше да остане анонимен, но за да го долови моментот ни раскажа една таква случка на поткупување на работниците за навремено завршување одредена работа.
“Тарифата на кранистите им е педесетина евра и е крајно вознемирувачки кога го знаете ова и кога треба да платите за обичен товар за кој треба еден ден да се истовари, а вие мора да платите дополнително доколку не сакате за истоварање на истиот да чекате дополнителни два дена. Буквално немате избор - или ќе платите или ризикувате да доцните со испораката на стоката, затоа што тие вработени се подготвени и намерно да го доведат возилото во дефект само за да добијат екстра пари“, објаснува нашиот соговорник.
На Солунското пристаниште е дозволено и приватна фирма да врши истоварување и товарење на контејнерите, опција која иако е поскапа, во голем број случаи ја користат и нашите компании. Во моментов на пристаништето работат 450 луѓе заедно со администрацијата и работниците на доковите, што е двојно помалку од 2000 година, кога вработени биле вкупно 850 луѓе. Менаџментот коментира дека иако имало потреба, во овој момент речиси невозможни биле нови вработувања поради рестрикциите од Владата. Недостигот од работна сила го компензирале со кратење на смени, особено на патничкиот терминал, кој и не се смета за толку атрактивен и профитабилен. Ако пред неколку години од пристаништето секој ден испловувале по три бродови, сега истата бројка важи за една недела.
Кога ќе се соберат лошите искуства на македонските компании и кога на тоа ќе се додадат илјадниците тони стока која изминатиот период во стотици контејнери стоеше блокирана во пристаништето во Солун, оправдано е прашањето има ли алтернатива за Солунското пристаниште. Иако уште од минатата година за македонските компании на Солунското пристаниште има посебни попусти, сепак, познавачите коментираат дека тоа не е доволно за привлекување поголем број компании, посебно во услови кои забрзано се развиваат пристаништата во Бар, Драч и Бургас, со што конкуренцијата се зголемува. Овие пристаништата се блиску, но патната инфраструктура е во лоша состојба, што ги прави поскапи и понедостапни за македонските компании. Менаџментот на Солунското пристаниште е свесен за рапидниот развој на пристаништата во соседните земји на Балканот, но засега не чувствуваат остра конкуренција.
“Ако зборувате за пристаништата во Драч и во Бургас, сметам дека се развиваат, но немаат направено посериозни чекори во делот на контејнерскиот превоз. Можеби во иднина ќе треба да ги прошират пристаништата, да направат нови објекти каде што ќе се чуваат контејнерите и којзнае, можеби ќе можеме и ние како пристаниште да соработуваме со нив. Не мора секогаш да се гледаме како конкуренција, мора да има и соработка, како на пример во делот на карго-превозот. Може одреден товар и ние да пратиме на тие пристаништа во услови на пребукираност на наша страна, затоа што на крај, главна цел на пристаништето е комерцијата, стоката да стигне до крајните корисници“, изјави Михалидис.
SOLUNSKO%20PRISTANISTE1.jpg

И МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ВО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА СОЛУНСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Услови за зацврстување на трговските позиции на Македонија во Грција веќе се појавија со најавената приватизација на Солунското пристаниште, но засега ниту државата, ниту приватните компании не изразија особен интерес за концесионерство или купување на дел од пристаништето. Во моментов Грција поседува 75% од пристаништето во Солун. Поради економската криза, која силно ја зафати Грција, државата реши да продаде уште 23% од својот дел на приватни инвеститори до крајот на годинава. Според претпоставките на менаџментот, поверојатно е наредната година да се случи продажбата, по што државата ќе остане со 51% удел во пристаништето, а приватните инвеститори со 49%. Во моментов приватни инвеститори се помали акционери, бидејќи пристаништето котира на берза и секој може да си купи акции, но претпоставките се дека останатиот дел, кој најверојатно ќе биде карго-терминалот, поради неговата атрактивност ќе се продаде на некој посериозен и поголем инвеститор. Во моментов 5% се во сопственост на инвестициски фонд од Велика Британија, а 20% во рацете на помали акционери.
Инаку, пристаништето е со длабочина од 12 метри, но менаџментот најавува дека со инвестицискиот циклус длабочината ќе достигне и до 16 метри. Планирана е и експанзија на шестиот док, чија површина ќе се зголеми за 500 метри и ќе биде долг вкупно 1.000 метри. Во моментов пристаништето располага со 620.000 метри квадратни простор, механичка опрема за товарење и истоварување стока и посебен дел за контејнери. Нуди услуги за товарни бродови, крајбрежен превоз и крстосувања, закотвување на бродовите, како и паркинг за автомобили и поврзување со патна и железничка мрежа. Пристаништето е опремено со самодвижечки кранови, дигалки и трактори. Менаџментот планира реализација на инвестициите уште од следниот месец, најпрвин со експанзија на шестиот приод за товарни бродови, во делот на инфраструктура и во делот на зголемување на капацитетите за чување на стоката.
Парите веќе се обезбедени од страна на грчката Влада и Европската инвестициска банка. Станува збор за 250 милиони евра, кои ќе почнат да се трошат уште од идниот месец. Се очекува реконструкцијата на шестиот приод да биде завршена до 2014 година, а придобивките од тоа ќе бидат за 500 метри зголемена површина, длабочина од 16 метри, капацитет за 1,2 милиони контејнери, бидејќи во моментов има капацитет за само 300 илјади контејнери. Пристаништето има изработено инвестициски план за наредните пет години, кој вклучува и развој на зоната каде што ќе се врши поправка на бродовите, а ќе се развие и автомобилскиот терминал.

СОЛУН НАЈМНОГУ СЕ КОРИСТИ ЗА ТРГОВИЈА СО ЧЕЛИК И ФЕРОНИКЕЛ

Со бродски транспорт најмногу патува македонскиот челик, фероникел и контејнери со разна стока, а со бродски транспорт во Македонија најмногу пристигнува стока од Кина, Бразил, Индија, Јапонија и од други далечни земји. Макстил, Миталстил, Фени и цементарница Усје се компаниите кои најмногу увезуваат и извезуваат преку Солунското пристаниште. Шпедиторски компании пак, кои оперираат како контејнерски превозници се Фершед, Медитерејниан шипинг компани, Контраст, Дени интернационал, Форшпед логистика, Фортранс, Блу вел, Транслог...​
ТРАНЗИТ НА МАКЕДОНСКА СТОКА

Низ пристаништето во Солун во 2010 година транзитирале 18.584 контејнери со македонска стока, која или се извезувала или била увезена од прекуморските земји. Според податоците на транспортерите и шпедитерските компании, повеќе од 90% од македонските стоки кои се извезуваат или увезуваат преку бродски транспорт одат преку пристаништето во Солун.
Извор​
 
Абе полошо е за нашите компании, грчките ќе увезуваат и извезуваат преку море а ние преку калдрмите од другите земји.
 
Абе полошо е за нашите компании, грчките ке увезуваат и извезуваат ке преку море а ние преку калдрмите од другите земји.

Ако се направи Железничката пруга кон Албанија или кон Бугарија би можело во воз до таму некако да се носи робата, а ќе се урне и монополот на Солунското пристаниште, добива конкуренција и ќе паднат цените ако сакаат да опстојат зошто Солунското 90 % го користат Македонски компании.
--- надополнето: Sep 27, 2011 8:48 AM ---
Ама Солун не го даваме :D
 
Сеа ако вака продужи пак ли ќе се молиме кај Бугарите за канта бензин?
 
ма само нека пропаднат и нека ги избацат од европска унија, ќе имаме и ние штета ама далеку ќе биде од катастрофа како во кои они ќе бидат
 
Дека не се мирисаме со Грците е повеќе од очигледно, ама мене ме восхитува солидарноста и соединувањето на народот. Кај нас едни ќе бојкотираа, едни ќе речеа дека соросоиди го прават тоа, а пак трети ќе речеа владата го прави тоа и пак шака народ ќе исправа криви дрини.

Ах бе македонче... разединето до трето колено.
 
Дека не се мирисаме со Грците е повеќе од очигледно, ама мене ме восхитува солидарноста и соединувањето на народот. Кај нас едни ќе бојкотираа, едни ќе речеа дека соросоиди го прават тоа, а пак трети ќе речеа владата го прави тоа и пак шака народ ќе исправа криви дрини.

Ах бе македонче... разединето до трето колено.

Тоа е цел муабет кај нас. Никогаш не можеш да отидеш некаде на овој начин да го искажеш незадоволството пред се поради фактот што никогаш не можеш да знаеш со какви намери е тој што го организира ваквиот начин на искажување на незадоволство.

Инаку, лошо за нашава и така кревка економија. Да имавме подобра патна инфраструктура кон другиве соседи, немаше толку да не потресуваат ваквиве ситуации.
Пругата кон Бугарија се заизгради и остана така, пари фрлени во бунар, никаков економски бенефит не видовме од таа инвестиција.
 
Мамицата нивна веќе претераа! По три дена стојат на терминали и камионите кој идат од Турција, абе ова вака веќе неможе. Кој нас ќе ни ги плати трошоците?
Мислам во ред е нека си протестираат али ова ги надмина сите граници, секоја недела по три дена стоиме во колона од 50км. Неподнослива ситуација е ова со Грција.
 
Мамицата нивна веќе претераа! По три дена стојат на терминали и камионите кој идат од Турција, абе ова вака веќе неможе. Кој нас ќе ни ги плати трошоците?
Мислам во ред е нека си протестираат али ова ги надмина сите граници, секоја недела по три дена стоиме во колона од 50км. Неподнослива ситуација е ова со Грција.

Ништо да затвараме фирмиве и да отвараме семкарници. Катастрофа ова стварно не ми требаше, а немам ни грам веќе у магацин. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom