- Член од
- 14 февруари 2010
- Мислења
- 264
- Поени од реакции
- 52
Одлична е. Според моето мислење она што е Толкин во фантастиката, Херберт е во научната фантастика. Всушност, „Дина“ е серијал од неколку книги, вкупно шест ако добро се сеќавам кои кај нас се достапни во повеќе изданија (главно на српскохрватски), така што можеш да ги најдеш собрани во три или повеќе томови. Се работи за интересна приказна во која на еден специфичен начин, карактеристичен за Херберт, се обработуваат теми од религијата, политиката, екологијата, генетиката, филозофијата и сл.
Во cd- то од Поларис што беше спомнато ги има сите нив(BTW во истото cd има неколку добри романи од фантастичниот жанр).
Инаку, одличен впечаток ми оставија и делата на Зелазни - „Господарот на светлината“ (sf) и „Амберските хроники“ (F). Добри се и Робер Џордан со „The wheel of time“, и Нил Гејмен со „Американски богови“, „Ѕвездена прашина“, „Neverwhere“ за кои мислам дека би било убаво да се прочитаат.
Скоро ја прочитав правата книга од "The wheel of time" и беше многу добра, почнав со втората негде сум на почеток, планирам да ја дочитам, но некако се зафатив со "Хрониките на Нарнија"( по малку детски се ама ми се видоа интересни ).
Имам слушнато дека книгите од Нил Гејмен се стварно добри посебно "Американски богови". Има уште една од него што ја има заедно напишано заедно со Тери Прачет(Terry Pratchett) се вика "Добри предзнаци"(Good Omens) сатирична е книгава и во неа се исмева филмот "the omen"(1976) и крајот на светот. Буквално се пукнав од смеење додека ја читав книгава.
Незам дали некој слушнал за "Песна од лед и пламен"(a song of ice and fire) серијал од книги од Џорџ Р. Р. Мартин, слушам дека серијалот бил стварн добар. Или пак за "Perdido Street Station" од China Miéville.