Тоа е сепак прашање на вкус. Фантастичните кнги за мене претставуваат своевидна митологија и автотот на овие книги треба да поседува одредени квалитети на пр. да биде одличен раскажувач итн. Кај СФ книгите автотот треба да има длаболко познавање на науката(физика, астрономија, математика итн) и мислам дека авторот на вакви книги се соочува со големи предизвици.
А што се однесува до тоа дали овие книги имаат поента или не, мислам дека поголемиот дел од СФ книгите имаат одредена поента, но тоа не ги прави Ф книгите полоши. Верувај ми има доста фантастични книги со поента само кај нас не се добро познати зошто не се преведени, такви книги се "His Dark Materials" трилогија од Филип Пулман, циклусот "Земјоморија" и сите останати книги од Урсула ЛеГвин, "Американски Богови" од Нил Гејман, "Хрониките на Томас Ковенант" од Стивен Доналдсон и др.
Иако не те привлекуваат ваков тим на книги мислам дека треба да се обидеш барем да разлисташ една добра Ф или СФ книга, би ти препорачал СФ. Има нешто на сајтовиве
http://www.freewebtown.com/polarissf/ и
http://www.bestfantasybooks.com/best-science-fiction-books.html.
Поздрав
Ќе заборавев да кажам т.е. да цитирам еден автор, на крај краева сите книги се фантастични бидејќи произлегуваат од фантазијата на авторот, но само малкумина имаат храброст да го признаваат тоа.