Вистината

Вистината молчи, и оној кој ја бара - ќе ја најде.
Вистината која постојано вели “Јас сум вистината, јас сум вистината!“ - е вистинска лага.
 
Кога некој човек е искрен и постојано греши зашто не му ја кажувате вистината во моментот кога ќе ја дознае вистината, тој може да престане да греши, но може и да престане да биде искрен.
И затоа постојат само два начина да бидеме излажани: едниот начин е тие што не лажат да не натераат да веруваме во нешто што не е вистина, а вториот начин е поради некој што постојано не лаже и самите да престанеме да веруваме во нешто што е вистина.
 
Ментално здравје е посветеност на вистината и стварноста по секоја цена. - Мајкл Скот Пек
 
Само вистината ослободува...Кој ја бара вистината, мора да знае да ја поднесе..Самото време ја открива вистината..Вистината која не е истакната во вистинското време е уште полоша од лагата....
 
Нема сомнеж дека вистината е нешто позитивно, но што е вистината? И дали воопшто постои апсолутна вистина?
Сократ рекол: ''Какви мене сите нешта ми се чинат, такви тие за мене и се, а какви тебе, такви тие се, пак, за тебе. Човек си и ти и јас. Зар понекогаш не се случува кога дува истиот ветер, на едниот од нас да му студи, на другиот не, а на некој многу?''
Според Протагора, реалноста не може да осознае апсолутно, па според тоа нема апсолутна вистина.
Па затоа нели мислите дека нема објективен критериум за вистината, и дека треба понекогаш два пати да се запрашаме пред некој да наречеме лажго? :)
 
monetata ima dve strani., taka i vistinata., veke 7., milijardi lugje ., tolku i vistini:coffee:
 
За мене лично постои апсолутна вистина, но сепак би ја нарекол лична апсолутна вистина. Благодарејќи на некои коан вежби сум ја постигнувал повеќе пати но само за момент. Не може совршенството долго да опстои во несовршенството како мене, но затоа е ко еден вид молња, патоказ. Не може да се опише со зборови, чувството е како да е постигната крајната цел. Само јас пак му се враќам на патот, гледам да не сум пропуштил некој битен детал. :)
 
Како може да постои според тебе апсолутна вистина, а истовремено таа да е лична? Ако е лична, ваљда не е апсолутна :)
 
Како може да постои според тебе апсолутна вистина, а истовремено таа да е лична? Ако е лична, ваљда не е апсолутна :)

За време на тие мигови се осеќав ко да сум споен со се, дека се е една целина, привидно издвоена :) Така мислам и сега иако го немам тоа чувство. Но знам дека доколку секој човек тоа би го имал, на светов би бил рај. Затоа така се изразив. И верувам дека секој човек спонтано го доживува тоа чувство, но тоа минува незабележително, се прифаќа некако здраво за готово. Има еден дел од текст од New Order -
I feel so extraordinary
Something's got a hold on me
I get this feeling I'm in motion
A sudden sense of liberty
Само така би можело тоа да се опише.
 
За мене лично постои апсолутна вистина, но сепак би ја нарекол лична апсолутна вистина. Благодарејќи на некои коан вежби сум ја постигнувал повеќе пати но само за момент. Не може совршенството долго да опстои во несовршенството како мене, но затоа е ко еден вид молња, патоказ. Не може да се опише со зборови, чувството е како да е постигната крајната цел. Само јас пак му се враќам на патот, гледам да не сум пропуштил некој битен детал. :)
Нема крајна цел, тоа тврдење е илузија.
Гаранција ни дава универзумов кој е бесконечен.
--- надополнето: Nov 3, 2011 8:36 PM ---
ЗНе може совршенството долго да опстои во несовршенството како мене,
Што е совршенството а што си ти?
 
Нема крајна цел, тоа тврдење е илузија.
Гаранција ни дава универзумов кој е бесконечен.
--- надополнето: Nov 3, 2011 8:36 PM ---
Многу филозофи и мислители се сложуваат дека таа Вистина е илузија (привидна) на овој наш ограничен свет, нема реална основа да постои тука. Вистинита е, но не е реална. Всушност, парадоксално! - се што е реално и материјално е илузија, се е илузија освен Илузијата на Вистината. И така е, не е конечна, вечна е! :)
Што е совршенството а што си ти?
Совршенството го опишав колку можев, песната True Faith од New order го опишува подобро, иако, таа песна за жал е посветена на хероинска зависност. Се надевам дека нема да ме нападнете поради ова, бидејќи зборувам само за описот на чувството. :)
А јас, кој сум јас, сега за сега само едно бедно мало Јас. :)
 
Сакав да ти кажам дека не постои крајна цел(смрт).
Постои само моментот, а што би бил моментот ако после него нема и друг и трет и т.н.
Инаку да, светот е илузија и постои заради нешто што
е на повисоко ниво од истата.

Совршенството е илузија, не постои совршенство.
Нештата едноставно постојат и такви се "совршени" :)
Совршенството е производ на умот...проекција.
Така доаѓаме до тебе(бедниот и мал).... совршен :)
 
Добро, а некој да дадеше вистинит одговор на прашањето „што е вистината“, а не само празно нагаѓање?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom