Најдобра апликација за Remote Control на сите компјутери во мрежата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Да не испадни работа RTFM (стр. 4) таа порака треба да ја појави при прво стартување, ама после се правела датотеката.

Инаку ако не бива работата, отвори го тоа прозорчето со сервисите, properties на italc сервисот и таму за корисник наместо LocalSystem стави го твојот корисник. Па пушти го сервисот наново.

Го исчитав, ама за постара верзија е, и рипнат е делот околу креирањето на таа датотека...

алоо чекајте бе.. за каква мрежа станува збор? за каква намена е програмот по конкретно кажи...
за обично интернет кафе ли ти е? за по дома ти е ? за на работно место ти е кај шо имаш 50+компјутери ли? кажи си што точно бараш.
иаку имаш од самиот виндоус Remote Desktop Connection

Алоооо? Види колкав е првиот пост. Се што имаш напишано имам одговорено уште во првиот пост со плус детали што не ги ни праша. За каква мрежа, за чива мрежа, за каква намена, за колку вработени, не е за дома, не ми треба ремоте конекшн, ми треба програм како повеќето што ми ги спомнаа горе, да ги гледам во реално време сите 10, 20 или 30 компјутери колку што ќе се уклучени во моментот, а не да се поврзувам со некој како што функционира Remote Desktop Connection или Teamviewer.

Во принцип до сега 5-6 набројавте, од нив 2 ги знаев, знам уште 6-7 кои ги најдов гуглајќи, али сеуште неможам да одлучам кој е најдобриот избор. Затоа и ја отворив темава да продискутираме и да споделиме мислења и искуства и се разбира по нешто ново да научиме.

Да бидам попрецизен, се работи за мрежа со поголем број на компјутери (10-20-30) и ми треба некој програм во стилот на Net Control 2 кој работи прекрасно со тоа што имам некои замерки како што се при подигање на системот се појавува Splash Screen на десктоп кој трае 5 секунди, доинсталирува некако видео драјвер кој некогаш знаел да ми прави проблеми со одредени компјутери и трето клиентскиот дел некогаш знаеше да не побара пасворд, па со тоа корисникот слободно може да чепка и да прави измени го програмот или евентуално да го изгаси...

Тоа што барам е да речеме јас како администратор кога ќе го отворам админ панелот, да ги гледам сите компјутери како Thumbnails (може да видите горе на линкот како е кај Net Control), да можам да влезам во билокој компјутер во секое време да гледам што прават (без да знаат дека сум влезен), да можам да влезам во билокој компјутер и да им дадам remote помош. Останатите тракатанци што ги нуди Net Control се исто корисни али не се пресудни да ги има апликацијата како што се да им оставиш порака, да им црташ по екранот, да им скратиш некакви пермисии и слично.

Кај програми од типот на Teamviewer, покрај тоа што не ги нуди функциите што ги барам, работата е што кога некој ќе се поврзе преку таков програм, позадината ја прави црна и корисникот знае дека некој е влезен во компјутерот. Значи барам програм сличен на Net Control 2, каде што кога ќе се влезе во клиентскиот компјутер, нема да се направат никакви промени за да се примети дека некој е влезен. Не дека тоа треба да е тајно, туку не е убаво сред работа кога некој ќе ти се логира да ти ја смени темава како што прави Teamviewer да речеме...

Се разбира дополнителна предност би било да не се ни гледа дека нешто има инсталирано на клиентскиот софтвер... Значи не барам некакви програми што функционираат како вирус, или програми што треба да ги инсталирам скришно на туѓ компјутер, туку се работи за своја сопствена мрежа каде треба да се контролира работата на вработените и ако се јави проблем или е потребна помош, да може да се помогне. Се ова е потребно само во рамките на локалната мрежа.

Билокаква помош, совет или предлог со некој програм што сте го користеле е добредојден:)


Не ми врши работа Teamviewer, објаснив погоре во постот зашто:)

Ќе се подеси да не ја менува позадината.

А за ептен да не знае кој што како влегол, AnyplaceControl

Исто и овој не е тоа што ни треба...

http://www.netsupportschool.com
Одамна сум го користел, искрено не памтам точно кои функции ги нуде, но моќен програм е. Пробај.

Баш ќе ја разгледам и оваа, само да ја најдам фри:)
 
Во школо кај мене користиме Netop, ми изгледа океј мене, разгледај ја :).
 
Во школо кај мене користиме Netop, ми изгледа океј мене, разгледај ја :).
Баш Remote connection верзијата или School6/Vision7? И ако е Remote connection која верзија ја користите?
 
де бе јане пуздер ме напраи. у првиот пост видов дека бараш само таков програм а детално не загледав баш. ок моја кривица
П.С ај ај побарај си на гугл EasyCaffe - претежно го користат за работа во играчница ама мислам дека ке може да ти заврши работа...
 
Да,Easy Caffe го користат кај неколку од играчниците кај нас. Го имам видено админ делот,и ми изгледа прилично едноставно.
 
Да,Easy Caffe го користат кај неколку од играчниците кај нас. Го имам видено админ делот,и ми изгледа прилично едноставно.
едноставен е и лесен е за работа а има многу опции.. што сакаш можеш да правиш !!!
 
де бе јане пуздер ме напраи. у првиот пост видов дека бараш само таков програм а детално не загледав баш. ок моја кривица
П.С ај ај побарај си на гугл EasyCaffe - претежно го користат за работа во играчница ама мислам дека ке може да ти заврши работа...

Тоа "Алоооо..." ме натера да избувнам... :)
Како и да е, и ова Easy Cafe одлично изгледа. Ќе имам доста програми за тестирање...
 
Вака, таа верзија што ја имаме во школо е некоја си 9.незнам која, ама ми рекоа дека тебе ти треба remote control верзијата, која неможело да се најде никаде... Освен да си платиш лиценца :( .
 
Јас би рекол Netop продукт, но да те предупредам дека ако имаш повеќе од 2-3 компјутери кракуваната верзија ќе ти прави многу проблеми и не ја препорачувам бидејки предизвикува рандом да се прекинува комуникацијата помеѓу сервер/клиент компонентите ...

Доколку е за школска околина Italc е најприфатлива солуција (или лиценца за Netop School) ако е за администрација и/или подршка некои од горниве солуции ... од сите наведени TeamViewer е најефикасен и брз иако и другиве имаат одредени предности или недостатоци.

Генерално сите продукти кои вредат да бидат спомнати се веќе во дискусијава сега би оставил да пробаш некои од нив и да ни кажеш што и одлучил и зошто ...
 
Вака, таа верзија што ја имаме во школо е некоја си 9.незнам која, ама ми рекоа дека тебе ти треба remote control верзијата, која неможело да се најде никаде... Освен да си платиш лиценца :( .

Remote Control е тогаш. Само таа има 9ка, односно од неодамна е искочена 10ка.

Јас би рекол Netop продукт, но да те предупредам дека ако имаш повеќе од 2-3 компјутери кракуваната верзија ќе ти прави многу проблеми и не ја препорачувам бидејки предизвикува рандом да се прекинува комуникацијата помеѓу сервер/клиент компонентите ...

Доколку е за школска околина Italc е најприфатлива солуција (или лиценца за Netop School) ако е за администрација и/или подршка некои од горниве солуции ... од сите наведени TeamViewer е најефикасен и брз иако и другиве имаат одредени предности или недостатоци.

Генерално сите продукти кои вредат да бидат спомнати се веќе во дискусијава сега би оставил да пробаш некои од нив и да ни кажеш што и одлучил и зошто ...

Пак ќе речам, тимвјуер не ми овозможува да гледам Thumbnails од компјутерите што ми се во мрежата. iTALC сеуште не успеав да го подигнам, ај денес повеќе ќе се ангажирам, на најсаглам ми личи пред се зашто е бесплатен и нема да се замарам со кракови и лиценци:)
 
Изгубив може цели 2 саати во пробување, ама никако не успеав да го профункционирам iTALC. Пробав и со постара верзија, ама никаде неможам да најдам асален туторијал. На јуѕјуб изгледав неколку видеа, кај сите што ги пуштаат најважниот дел го рипаат зашто од претходно им е некако подесен да им е*ам тоа. Мојот компјутер си го гледам, лаптопот никако да ми се појави, цело време ми стои Host Unreachable.
На едно место прочитав дека треба мојот јузер да го ставам во пермисиите на клиентскиот компјутер, ама програмот не ми дава можност да бидам јузери од други компјутери.

Инаку колку што приметив, кога ќе си се поврзам на мојот компјутер, не се прават никакви промени на екранот, така да мислам дека програмов е полн погодок. Само некој да се најде да ми помогне, некој што веќе го инсталирал ова да ми каже грешам, кај е финтата. Отворив еден куп форуми и блогови, според коментарите што ги читав, не сум единтвен, напротив никој нема направено саглам туторијал што работи под виндоус.

И прочитав дека за над 10 конекции требало некој посебен твик, тоа било лимит од самиот Виндоус ХР. Јас користам 7ца на двата така да мислам дека не би ми требало. Али во секој случај не ни имам 10 компјутери во мрежата, меѓутоа ако некој има информација околу ова, може да сподели искуство:)
 
како се прави ова да не се мењава позадината на теам?

Extras >> Options >> Remote Control >> ќе ја одштиклираш Remove remote wallpaper опцијата.Најверојатно вака,пробај па ќе кажиш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom