Најдобра апликација за Remote Control на сите компјутери во мрежата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Изгубив може цели 2 саати во пробување, ама никако не успеав да го профункционирам iTALC. Пробав и со постара верзија, ама никаде неможам да најдам асален туторијал. На јуѕјуб изгледав неколку видеа, кај сите што ги пуштаат најважниот дел го рипаат зашто од претходно им е некако подесен да им е*ам тоа. Мојот компјутер си го гледам, лаптопот никако да ми се појави, цело време ми стои Host Unreachable.
На едно место прочитав дека треба мојот јузер да го ставам во пермисиите на клиентскиот компјутер, ама програмот не ми дава можност да бидам јузери од други компјутери.

Инаку колку што приметив, кога ќе си се поврзам на мојот компјутер, не се прават никакви промени на екранот, така да мислам дека програмов е полн погодок. Само некој да се најде да ми помогне, некој што веќе го инсталирал ова да ми каже грешам, кај е финтата. Отворив еден куп форуми и блогови, според коментарите што ги читав, не сум единтвен, напротив никој нема направено саглам туторијал што работи под виндоус.

И прочитав дека за над 10 конекции требало некој посебен твик, тоа било лимит од самиот Виндоус ХР. Јас користам 7ца на двата така да мислам дека не би ми требало. Али во секој случај не ни имам 10 компјутери во мрежата, меѓутоа ако некој има информација околу ова, може да сподели искуство:)

Некој да ми асистира за iTALC?

како се прави ова да не се мењава позадината на теам?

Не е само позадината, цел екран трепнува и го мења Аеро-то на некој начин...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom