Parkour & Free Running

  • Креатор на темата Креатор на темата SimonBeyond
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше едни дечки нон стоп се вртеа кај Технолошки и Електро ( паркчето меѓу нив) у Карпош. Вежбаа и такви ствари - интересно за гледање.

За мене овој е неверојатен лик...

Damien Walters





 
Да, да Forest. Најверојатно ние сме биле... Таму ни беше порано главно место за вежбање па после некое време ни здосади малце и така се преселивме на други места да вежбаме таму. Инаку Damien е стварно неверојатен човек. Вежба многу долго гимнастика и акробатика и ова му дојде онака доста лесно за учење бидејќи има многу искуство со такви спортови.
Инаку деновиве имавме и Паркур Собир во Скопје па кој сака може да ги ѕирне сликите кај нас на профил на Facebook. Слики од Паркур Собирот.

Наскоро треба да искочи и видеото од Собирот и ќе постирам линк и тоа да го видите. :)
 
А конечно еве го и видеото од собирот... Уживајте, смејте се и се по ред а на крај ако можете и ако сакате нормално Share-нете го со пријателите на Facebook.
Македонски Паркур Собир - Скопје 2011
 
Еве за сите кои се љубители на овој спорт или пак сакаат да видат за што се работи и какви се движења има. Имаме настап во петок... Погледнете на линков за подетални информации.
Beyond Настап.
 
Наскоро на видео нашиот настап за Капошевото Лето одржано поред скејт паркот кај карпата за алпинизам на кејот на Вардар!! Беше одлично... :D
 
Проследете го ова од другар ми,мој едит на видеово иначе следат уште многу видеа ;)
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 01:31 ---
А ова е само краток трејлер на тоа што наскоро ќе следи :)
 
Едно ново видео од мене...Прегледајте убаво и препратете го на други :) Уживајте гледајќи!
 
Вака значи... Пред некоја недела не известија дека сме избрани за да ја претставиме Македонија во Мајами на натпреварот во Паркор и Фриран и пред скоро време испративме и податоци при што не објавија на нивната страна. Тоа можете да го погледнете на линкот ТУКА но ќе треба да скролнете до крај за да не најдете нас.

Квалификациите за овој натпревар беа со пријавување на видео од тимот и нас не избраа меѓу 25те финалисти. Имаше пријавени над 500 видеа од сите земји од светов.

Видеото со кое ние се пријавивме можете да го погледнете подолу.​
Откако ни испратија мејл дека сме ги поминале квалификациите требаше да испратиме ние назад уште едно видео за да потврдат дека сме ние.​
Видеото кое го испративме погледнете го подолу.​
Се надевам дека ќе ја добиеме поддршката на сите Македонци :) Ве молам ако можете проширете го ова да се дознае дека и Македонија има добри трасери и добри атлети кои се занимаваат со овој спорт. Еден шеар (Share) на вашиот фејсбук профил не е многу тежок бидејќи е само еден клик а нас ни значи премногу :D
Поздрав до сите и се гледаме на тренинг! :D
 
Ве шеарнав, инаку момци кај тренирате? Баш би поминал да гледам :).
 
Ве шеарнав, инаку момци кај тренирате? Баш би поминал да гледам :).
Па насекаде низ градов да ти кажам... проверувај од време на време на Фан страната што ни е на ФБ објавувам каде ќе бидеме и слично. Фан страната можеш да ја видиш под моите постови во дискрипшн :D
 
Доколку сакате да дознаете подетално што е паркор и како се тренира и кои се тренираат може да дојдете на собирот што ќе биде во Прилеп за некој ден односно на 13ти во Недела... Подетални информации видете на ТУКА
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom