Македонски државјанин закопувал живи луѓе во Унгарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Српскиот весник "Блиц" тврди дека човекот кој се сомничи за закопување живи луѓе во Будимпешта е најверојатно Македонец. Медиумите тврделе дека се работи за Србин, но тоа веднаш било демантирано од тамошната амбасада.

Истражните органи пронашле три гроба во кои имало три тела кои неодамна биле закопани. Утврдено било дека тие се закопувани живи. Ваков тип на злосторства во Унгарија не биле забележани веќе подолг период. Ова се случувало во Ада Чепел, во јужното предградие на Будимпешта.

Злосторствата ги пријавило момче кое било жртва на монструмот, но успеало да се откопа и да ја извести полицијата.

Српски “Блиц“ од извори од амбасадата на Србија дознава дека осомничениот не е ниту Унгарец, ниту Србин, туку Македонец и дека нашата амбасада била известена за ова. Од таму пак сеуште нема никаков одговор ниту соопштение за целиот настан

http://www.time.mk/cluster/3f83bd9f7c/monstrumot-od-budimpesta-ne-e-srbin-tuku-makedonec.html
 
Ајде да дискутираме :триераце:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
И ние дојдовме на ред да се популаризираме со сериски убиец?
 
Не е битно, лоша реклама е добра реклама.
 
Убиецот го посетувал семејството на момчето (последната жртва) и им позајмувал пари се што ја стекнал нивната доверба.
Му рекол на момчето дека ќе го носи на пиво во некоја куќа во шумата и таму со неговите помошници го врзале и го закопале.
Ова го кажаа на Сител но сепак доколку момчето не се спасело неговите родители ќе го пријавеле убиецот затоа ова ми изгледа нереално.
 
Контроверзни информации за идентитетот на монструмот од Унгарија

Ги ограбувале, па живи ги закопувале. Овие дупки лоцирани во шумата Аде Чепел близу Будимпешта, сведочат за ужасот, каков не памети Унгарија.
getImageThumbnail.axd

Остатоци од најмалку шест жртви, три трупа и три човечки черепи, откопа унгарската полиција по информацијата дека шумата на југот на главниот град крие масовна гробница.

Тројцата монструми, како што ги нарекоа медиумите, жртвите прво ги грабнувале, им ги одземале платежните картички и ги принудувале да им ги кажат пин кодовите.

Но, и тоа не било доволно. Сите киднапирани завршиле живи под земја, во однапред ископани дупки. Освен еден, кој успеал да се извлече од под земја и случајот да го пријави во полиција.

Станувало збор за млад Романец, кој добро се познавал со водачот на егзекуторите, за чиј идентитет, се уште постојат контрадикторни информации. Белградските медиуми експресно објавија дека е српски државјанин, иако српската амбасада во Будимпешта ја демантираше информацијата. Потоа ја преиначија информацијата оти монструмот бил Македонец.

Таква потврда наводно добиле од српската амбасада во Будимпешта. Веста ја негираше македонското министерство за надворешни работи. Засега немало официјална информација дека убиецот е Македонец.

Нашите дипломати во Будимпешта стапиле во контакт со српската амбасада во Унгарија. Но срспките дипломати демантирале дека тие ја дале информацијата за националноста на убиецот и сето тоа било измислица на медиумите во Србија.

Осомничените ги признале злосторствата врз шестмината досега пронајдени жртви.

Унгарската полиција се уште го пребарува теренот, стравувајќи дека шумата Аде Чепел, можеби крие уште закопани тела.

http://www.time.mk/read/b0aa185952/eb6117f2e3/index.html
 
Да дојде да ги закопа живи политичариве наши сите до еден.
naаh..
ние ги заслужуваме нашите политичари, не се тие од Марс паднати, од нас се произлезени.
 
naаh..
ние ги заслужуваме нашите политичари, не се тие од Марс паднати, од нас се произлезени.
Јас за тоа прашав да не роднина со некој од актуелниве политичари. Зошто и овие живи не закопуваат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom