Стан или куќа ?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување

Стан или куќа ?

  • Вкупно гласачи
    133
  • Гласањето е завршено на .
Јас не живеам во Центар, и лепенка имам до мојата куќа, но од кај што почнуваат дворовите, има доста висока ограда, паи да сакаат да ѕиркаат - не можат ;)
Башка некому е задоволство да средува двор, ехе, мајка ми и стрина ми само тоа нешто џавкаат, планираат, сам свој мајстор изведуваат ;)

Не би можела да живеам во стан, зошто едноставно немаш приватност. И морам да ги трпам сите, од сите станови. Јас сакам мир и тишина, а во зграда... тоа е практично невозможно.
си живеела некогаш во стан???
пробај ке се изненадиш колку рајат можеш да бидеш.
 
си живеела некогаш во стан???
пробај ке се изненадиш колку рајат можеш да бидеш.
Се зависи од комшиите. Ако тие над тебе и до тебе трчаат/урлаат по цел ден, си го наебал.
Е сеа предноста шо ја кажа, таму прав си, помалку работа има околу станот.
Јас лично повеќе би во куќа, некаде на периферија на градот.
 
си живеела некогаш во стан???
пробај ке се изненадиш колку рајат можеш да бидеш.

Да, сум живеела (со дечкото) и чат пат живеам кај него :)
Не можам бе, еден ќе лупне врата од лифт, друг ќе се раздере во ходник, трет дома ќе се развика, четврт ќе ти истресе трошки кај тебе на тераса, петтиот ќе ти свири под прозор, шестиот ќе рокне музика..... налет.
 
јас каде што живеев цел живот во станот, собата ми беше точно над автобуска постојка на главна улица.
се е навика, јас не ги ни слушав автобусите нити комшиите.
исто како што не ја заприметувате климата или фрижидерот кога работи по некое време. се ке ви биде рамно.
а за бучавата тука мачките на комшијата му дошло време за парење па урлаат низ цела улица, на другиот кучињата лаат по нив , па и моето се нервира и тоа лае ама незнам по шо.
и то ова е само животинскиот дел, а каде се луѓето со нивните гаражи , па со колите трц прц внатре надвор. и уште еден куп други работи.
кога ке видиш се е исто само што во стан помалце работа имаш или повеќе време за себе.
 
Сепак не би сакала да се навикнувам на такви моменти, а освен тоа, за ништо не би ја дала мојата фонтана и оревот над неа, кучето кое ми трчка низ двор слободно, летните ноќи поминати надвор со табла.... Како што кажа, се е навика, па рутинското средување на дворот не го сфаќаш како обврска. Еве, наводнување на цвеќиња, мене не ми обврска, туку задоволство, кога ќе го фатам цревото, ладовини ;)
 
Куќа бе брате, со дворче средено, никој не ти досаѓа, нит досаѓаш на некому, лепота! Само за ова сум, штета што не живеам во куќа xD
 
куќа, зашто има двор и нема некој кој живее лево, десно, горе или долу од тебе
 
куќа, зашто има двор и нема некој кој живее лево, десно, горе или долу од тебе

Тоа, куќа на рид или некоја планина.

Секоја нормална куќа е сместена меѓу други куќи, лево, десно, позади твојата или пред твојата куќа.
 
Тоа, куќа на рид или некоја планина.

Секоја нормална куќа е сместена меѓу други куќи, лево, десно, позади твојата или пред твојата куќа.
мислев буквално залепено до тебе, зашто еднаш живеев во стан и над него имаше стан каде живееше наркоман кој си правеше журки и го фаќаа кризи, па нонстоп лупаше, до мене лево имаше старец кој се жалеше на снегот што не сме го исчистиле пред врата, десно еден пар кој цело време се караа и слушаа гласно тв, а под мене една комшивка која не ни даваше да тресеме кебиња од прозор. На тоа мислев. Тоа беше кратко. Инаку живеам во куќа со огомен двор, и пат од две страни, па така најблиску ги имам само комшиите од позади. Вака е подобро.
 
а под мене една комшивка која не ни даваше да тресеме кебиња од прозор
Оф - Тресете ќебиња од прозор? :cautious: Ни јас не би ви дала да тресете ќебиња од прозор. Секој нормален би се бунел за тоа. :cautious: Комшиите над мене едно време си стекнаа таква навика, ми паѓаа разни чудовишта, влакна и крзно низ прозор, еднаш дури и едно женско сако ми се закачи на климата, па се цивилизираа откако ги подбравме.
Он - сакам куќа бе па :place: Во стан сум цел живот, ама многу сакам да живеам во куќа со двор. Сакавме да го продадеме станот и да направиме куќа, ама плацовите во цивилизирано градско подрачје се милион, а по селава не ни се оди. Еден ден кога ќе бидам богата и славна ќе си направам хациенда... :X3:
 
Ziveam momentalno vo stan a imam i kuka taka da imam probano od dvete varijanti , nikogas podobro od kuka so dvor da mozes da izlezes da si se raskomotis ednostavno sto sakas da si prais ;)
 
Убава и голема куќа со голем двор... Некаде подалеку каде што нема многу галама... Или некаде покрај езеро... My dream :D

Или куќата на Чарли Шин во Два и пол мажи
 
Па баш кога би бирал и би имал кеш тогаш сигурно ќе одберам некоја голема куќа со базен (таква куќа сакам да имам еден ден:)). А бидејќи живеам во куќа, баш би сакал да пробам да живеам во стан:cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom