Кој термин го користите за пијанење?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
се озрачив во еднина
толчени ќерамиди се напрајвме (во множина)
и стандардните ѓон , камен , мортус, дамла, дрво, летва и тн и тн
 
Во зависност од степенот на алкохолизираност се користат термините :

-дипломирав ( се чувствувате релативно пријатно, никој и ништо не ве нервира, чувствувате неизмерна љубов кон целото човечанство, овој степен на пијанство најмногу се препорачува, но ретко кој останува на него)

-магистрирав (ѕидовите, а и подот почнуваат да се движат, јазикот ви се плетка, а имате толку многу да кажете, постои реална опасност од праќање СМС пораки и изјавување љубов на бившите партнери и поради тоа не се препорачува користење на мобилен телефон )

- докторирав ( со ова звање се стекнуваат само лица што завршиле на токсикологија).
 
Се здроби, се направи пепел, се еба, итн...
 
Се здрвиф, се препарираф, излегов чаљо (чаљо во бељот = 0, во превод излегов без пари од кафана), се напрајфме за макање....

да се надополнам: земја воздух, озрачен, ракета...

Се здрвиф, се препарираф, , тие термини често се користат во Битола...
Други термини низ Битола се се напрајв дроб, се напрајв железо...
 
Се зелкосав , се нацуцав, се љочкосав, се здробив
а од именките:
чутук, дрво, труп - хипи именки од времињата
камен, бочва, клавир, дроб....

Variety Is the Spice of Life :icon_lol:
 
Ко победија македонија со литванија , се напрајв ПЕПЕРУТКА :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom