- Член од
- 19 декември 2010
- Мислења
- 523
- Поени од реакции
- 23


Nokia N500 има капацитативен дисплеј на допир со големина од 3,2 инчи и резолуција од 640х360 пиксели. Телефонот има камера од 5 мегапиксели, Wi-Fi конективност, вграден GPS приемник, miniUSB приклучок и 3.5 милиметарски аудио приклучок. Внатрешната меморија изнесува 2GB, а може да се надгради со microSD мемориска картичка.
Ова е воедно првиот Symbian базиран мобилен телефон на Nokia кој има процесор од 1GHz. Nokia ја фали и батеријата, која и покрај брзиот процесор успева да прикаже перформанси за почит - 5 до 7 часа време на зборување, 450+ часа во мирување и до 35 часа репродукција на музика.