Пиво

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Коe пиво најчесто го пиетe?

  • Скопско

    Гласови: 277 40,3%
  • Златен даб

    Гласови: 188 27,4%
  • Amstel

    Гласови: 67 9,8%
  • Heineken

    Гласови: 77 11,2%
  • Tuborg

    Гласови: 53 7,7%
  • Beck's

    Гласови: 17 2,5%
  • Други

    Гласови: 122 17,8%

  • Вкупно гласачи
    687
Je l' Sarajevo gdje je nekad bilo

20220728_140022.jpg

Саладин мислам ми го препорача пред некоја година и конечно сега да го пробам. Не ме бендисува, има горчлив taste и горчлив after taste едно 5-10 минути по пиење. :cautious:
 
Je l' Sarajevo gdje je nekad bilo

Прегледај го приврзокот 339977

Саладин мислам ми го препорача пред некоја година и конечно сега да го пробам. Не ме бендисува, има горчлив taste и горчлив after taste едно 5-10 минути по пиење. :cautious:

Taчно, скоро како IPA профил има. Само цената ( окулу 80 чинам?) треба да е поприземна, и не мора амбалажата да биде во шишиња со „тегла отварање/затварање“ (олд скул, како на Гролш шишињата).

Прилично добро пиво, нешто како лагер со толку многу хмељ да иде накај IPA. Meне ми се допадна, прилично. Цената да е едно ~ 25% поминиска почесто би го пиел. На сликата чашите се „испотени“, не е толку матно како што изгледа (ако не заборавив, поминаа неколку недели).

Saraevsko.jpg
Автоматски споено мислење:

Koга сме веќе кај IPA, еве го често спомнуваниот стим бру ипа од Кам. Ништо посебно (во однос на други ипа) ама солидно. Прилично висок процент на алкохол. Има интензивен вкус, ама некако нерафиниран и непрефинет туку груб и неотесан - што е интересно само по себе ама... Не е за подолго пиење, почнува сериозно да замара после една-две лименки. Една е таман па после префрлање на нешто полесно.

Steam_Brew_IPA.jpg
 
Последно уредено:
Budweiser Budvar vs Pilsner Urquell што велите кое е боље?
Pilsner Urquell, и тоа hands down... Ова од човек што го обича вистинскиот Бад.
Урквел ама оригиналното наменето за Чешки пазар. Ама и Бадвајзер е врв.
Урквел пробан во Скопје и во Гетеборг искрено не ја разбирам фамата што се дига за пивово искрено просечно ништо посебно.

пред 2 недели одејќи накај Шведска викам ајде бе нема од Будимпешта да возам до рошток дирекно 1150км ќе спијам една ноќ у Прага и ќе се прошетам да видам што како нуди градот. Пробав Урквел сосема различно пиво е момци, врска нема со тоа нас што ни го сервираат. Не е најдоброто што сум го пробал да не се лажеме сега, ама страшно подобро на вкус беше од она што циркулира низ Шведска или Македонија
 
Различно е во Чешка и надвор. Чешките пива со вкусот се, како да опишам, како путер. Што ја многу го сакам. Ама не е мејнстрим во други држави тоа дури сакаат да го извадат од вкусот и затоа чешките пивари го ублажуваат тоа ако пивата одат за надвор.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
Не ми е јасно како вадат различно пиво за надвор. Други производни линии ли се? Ми нема економска логика.
 
Така е, овдешново е полошо. Не ми текнува дали е од некоја околна пивара правено по лиценца.

Јас Урквел прв пат го пробав пред подоста години, сосема други тенки високи 0.33л флаши. Фантастично добро беше, како за пилснер. Овде долго време го немаше по продавници а сега ова што се продаваат кај нас се различна амбалажа и да, пивото не е исто (полошо е, осетно).

Не ми е јасно како вадат различно пиво за надвор. Други производни линии ли се? Ми нема економска логика.
Можеби се околни пивари, по лиценца.

Како Амстелот од Пивара што нема врска со холандскиот Амстел. Или Старопраменот од Пловдив што е километри далеку од Страпраменот од Чешка.
Автоматски споено мислење:

И еве ги и нив... :)
Бугарскиов Старопрамен и не е толку лош, кога Тинекс не го дилаат „половен“ - месец дена пред истек на рок, и чуван во којзнае колку топли магацини или на сонце.
(повеќе ми се допаѓа нивната Загорка, ОК пиво е)

Амстелот од Скопска Пивара е како Скопско со малку поинтензивен вкус. Глава никаква, пена не држи ИЧ - класика како Скопско и Пивара... Не значи дека не се пие и дека не „легнува“ некогаш (кога си жеден а нема подобро, и кога е добро изладен). :D

Staropramen.jpg

Amstel_pils.jpg
 
Последно уредено:
Не ми е јасно како вадат различно пиво за надвор. Други производни линии ли се? Ми нема економска логика.

Не сум експерт ама од после многу работи може да се прават. Пример кај безалкохолни пива еден метод е од после алкохолот да го вадат. Урквел сепак е индустриско пиво со големо производство и не би ме чудело ем за големи пазари како Германскиот да ублажат односно да остават некаде да се прави под лиценса.

Иначе имам одено во Плзен и во пиварата сосе водење низ неа. Огромни подруми има со огромни дрвени буриња каде го чуваат пивото. И тука ни дадоја свежо и во нивен ресторант точеа ама и низ градот. Поинакво беше него на пример во Германија што се продава. Пишав ја уште пред неколку месеци овде на темава дека поред мене пак го имаат ублажено и не е исто како што беше.
 
Тоа ако се прави во друга пивница под лиценца, се разбира дека ќе има разлика. Едно е Стела Артоа во Белгија и Стрела Артоа во Каменица, Бугарија. Или пак Лашко во Скопје или Косово не знам кај го полнат.

Затоа ми беше чудно од истата пивница да излегува исто пиво со различен вкус. Мада во право си, огромна пивница е, и може прават одредени прилагодувања на пивото зависно за кој пазар е наменето.
 
Во тој случај кои пива да ги практикуваме а истите да бидат "оригинал" и на пристапна цена?
Во моментов жулам Козел(омилено) и за него знам дека си иде од Чешка.
IMG_20220729_160051.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom