Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ИПА ИПА ИПА ИПА ИПАСе е пробано во main зоната. Во крафт би требало да се најде нешто ново.
Уште 2 животи да живеам нема да ги сакам овие пиваИПА ИПА ИПА ИПА ИПА![]()
Се согласувам дека ипата не влегува во категорија на тоа што го имаш наведено. Веројатно и јас ако треба да зеам гајба пиво за да се ладам на плажа, би земала лагер. ИПАта, од мое искуство е тешка за пиење на жешко и спарно време, јас у главно ја пијам навечер. Мене искрено ми се здосадени лагери и гледам што помалку да ги пијам, и уште повеќе гледам да ги избегнувам индустриските пива, и да експериментирам со крафт.Уште 2 животи да живеам нема да ги сакам овие пива
Пиво во мојата дефиниција е: камен ладен пијалок, лесен за стомак без разлика колку ќе испијам. Е во втората карактеристика никако не ми влегува ИПА, после пиење вакво пиво (било кој бренд) желудникот ми е попара.
Што е овошно пиво?сајдер не е овошно пиво
овошно пиво е друго
ваљда
Експериментирам и јас, без разлика што ми прават проблем на стомакот обично каде и да одам им ги пробувам сите пива од менито (особено ако имаат craft пива), али ипата не ги сакам ниту на вкус, ниту пак како ми влијаат врз стомакот, не постои некое што сум го купив по втор патСе согласувам дека ипата не влегува во категорија на тоа што го имаш наведено. Веројатно и јас ако треба да зеам гајба пиво за да се ладам на плажа, би земала лагер. ИПАта, од мое искуство е тешка за пиење на жешко и спарно време, јас у главно ја пијам навечер. Мене искрено ми се здосадени лагери и гледам што помалку да ги пијам, и уште повеќе гледам да ги избегнувам индустриските пива, и да експериментирам со крафт.
За мене најбитен е контекстот и природата на пиењето. Ако сакам да одам на сигурно, и пијам онака лабаво за да се опуштам дома најверојатно ќе земам лагер, ако сум излезена и во локалот има било што друго освен лагер и темно, би земала нешто што не можам да го најдам у секое маалско гранапче.
Специфично за мене кај ипата е тоа што е hit or miss, за разлика од лагерите што сите ми се скоро исти на вкус и ги рангирам по тоа после колку почнува глава да ме боли, со ИПА никогаш не знаеш што ќе добиеш, пример ипата на Фокс е едно од најубавите пива што сум ги пробала, а ипата на Стимбру едвај го испив и никад веќе не би го ставила во уста, толку ми беше тешко и гадно за пиење.
Ама пак ќе кажам најбитно е со која цел пиеш, ако е за да се освежиш, лагерите се измислени за тоа, ако сакаш да експериментираш тогаш ИПА му е мајката. Јас у последно време почнав и овошни пива да сакам, ама тука сме многу лимитирани по тоа прашање за жал. Единствено овошно пиво што можеш да најдеш е сајдер, ама сепак, не е крик.
Не се исти, сајдерите се скоро секогаш поблаги (пивата немаат шеќер), и мислам дека има разлики во процесите на ферментација.И ја не знам со сигурност.
затоа пишав ваљда
Уште 2 животи да живеам нема да ги сакам овие пива
Пиво во мојата дефиниција е: камен ладен пијалок, лесен за стомак без разлика колку ќе испијам. Е во втората карактеристика никако не ми влегува ИПА, после пиење вакво пиво (било кој бренд) желудникот ми е попара.
Или цел свет, или Белгијците се грешкаПишував претходно за ова. Да живеевме во Белгија веројатно поинаку ќе го перцепиравме пивото.
Али, тука скопска пивара ни сервира лагер и навикнавме на тоа
Инаку, сум пиел лагери што многу потешко сум ги "сварил" него било која ИПА. Не е до стилот. *а и јас општо имам осетлив желудник.
Кога сме кај "овошни" пива. Сајдерите не ни спаѓаат во категорија на пиво. Криекот да.
Што се тоа ипа, крафт и лагер?
Или цел свет, или Белгијците се грешка
Поарно вино пиј наместо нивните пива, сум пробал неколку сите со висок процент алкохол, 3 пива и во кревет.
Искрено не е само до навика, далеку поубави ми се и на вкус лагерите, отколку овие нивните, тие нивните ми се силни како да го лижам бурето каде што ферментирало![]()
Што се тоа ипа, крафт и лагер?
Имам уште за експериментирање тука (иако не сум фасциниран од пивата, особено не тие тие со ѓумбир). Денес зедов некој ефтин лагер (скап во однос на Европа, 6*0.33 околу 600 денари, најчесто се поскапи од ова).Те разбирам скроз.
Али ако сакаш да експериментираш, само со лагери не можеш. Многу се еднолични, мање/више горлчиви, газирани.
A и приликата и мезето игра битна улога исто.
IPA (Indian Pale Ale), стил на пиво. Со доста поинтезивен вкус и често повисока горчина.
Крафт. Пиво правено во "домашна" мини пивара, помали количини што не се пуштени во широка продажба. Не фабричко, механизирано производство.
Лагер. Машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба.