А1 отиде во стечај

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Лош пример. Тебе во примерот не ти е одземена никаква дозвола за работа (сеа не знам дали за такво нешто постои некаква дозвола), туку ти е одземена имовина. Две различни работи. Ти на пример можеш да си позајмиш коли на неодредено време (од познајник кој би ти помогнал и сл.), ама ќе си продолжиш да работиш (се до евентуалната ликвидација). Ова е нешто друго. На А1 точно е дека им беа одземени возила, но тоа е од УЈП, не од Судот. Затоа и се тие консултации на СРД со стечајниот управник, да се види што треба да се прави. Никој не сака да биде обвинет дека намерно ја затвора А1. Грешки едноставно не се дозволени.
П.С. За било какво емитување мора да има дозвола од СРД, локално или национално.
Нема дозвола за мојот бизнис, доколку не возиш во странство. Консултациите се единствено поради тоа што жената на претседателот на СРД е претседател на унија на жени на СДСМ во Прилеп. За 2-3 недели истиот тој совет ќе и ја одземе дозволата на А1 и ќе видиме дали некој ќе поднесе тужба. А доколку е прекршен некој закон сигурно ќе поднесе.
 
Успешна ќе биде кога ќе врати 30 милиона на разни должници,меѓу кои и на мене и тебе.. един спас и е некој да ја купи,ама кој би дал толку пари за една пропадната телевизија.. во Македонија 60 ги има
Што ќе се случи потоа со А1 е друга приказна... Може некој богаташ (Руперт Мардок рецимо) на лицитацијата по евентуалната ликвидација да ја откупи целата опрема, да ги вработи истите луѓе, и место А1 да се вика Б1. Може брендот нема да биде ист, ама луѓето се тие што го прават брендот. Или па сосема нова фирма да основа, што е малку покомплицирано. У секој случај има решение, ако се има пари се разбира.
 
Доколку некој сака телевизија да прави ќе си направи нова. Какво купување за да дојдеш од минус на нула 30 милјони некој да даде? Абе ајде завршена прикаска со стара опрема. Отиде во Музеи.
 
ахахахах...ова ти се вика информација од прва рака.. т.е. од гулаб писмоносец :D
Па тебе смешно ти изгледа, некој друг на крај ќе си се смеј.
Ама ајде, да не одиме во оф топик, на погрешно место е оваа тема отворена, а од право ни п нема во постовите.
 
Нема дозвола за мојот бизнис, доколку не возиш во странство. Консултациите се единствено поради тоа што жената на претседателот на СРД е претседател на унија на жени на СДСМ во Прилеп. За 2-3 недели истиот тој совет ќе и ја одземе дозволата на А1 и ќе видиме дали некој ќе поднесе тужба. А доколку е прекршен некој закон сигурно ќе поднесе.
Не сакам да ти ги коментирам политички мотивираниве испади. Сите ние добро знаеме зошто се случува ова во А1. Као да еден член има моќ толку да одолговлекува (а всушност се повеќемина). Двајца се противат на тие консултации, погоди од кого се делегирани. А да, погоди и зошто се зголемува бројот на членови од 9 на 15 или 16 не сум сигурен.
 
Знам зошто се зголемува. Затоа што во нашава држава за жал ништо не се случува без да се вмеша политика. А лицемерие има и на двете страни (власта и опозицијата и нивните потрчковци во разни институции), се виде и во овој случај, бидејќи ниедна не ги испочитува законите до крај иако декларативно двете се залагаат за тоа.
 
Јас имав посебни бенефиции за самохрани мајки.. ама Тања одлучи да ме извиси со медиум... Тоа е кога од грешките не се учи :)

Он топик: Зошто не му го конфискуваат целиот имот на Велија, ама буквално се што поседува он, жена му и децата? Да ги остават како голтари на улица. Нека се направи проценка и парите од имотот да се префрлат за исплата на долгот.
 
Последно што беше емитувано? Ако гледал некој...
 
се ми е јасно со твојов одговор, но еве ќе се спуштам на твое ниво и ќе те прашам, владата донела денеска одлука А1 да престане со програмата, или пак соодветна институција за тоа
совет - друг пат тоа што го носиш на рамења треба и да го користиш

гледам дека не ти е лесно самиот со себеси,соодветната институција која потпаѓа под Владата се вика Агенција за електронски комуникации,Clear ?

http://www.aec.mk/index.php?option=...onija&catid=39:soopstenija&Itemid=196&lang=mk
 
СРД сеуште не донел одлука за одземање на дозволата на А1 за вршење радиодифузна дејност. Што прават сега овие од АЕК? Значи дефинитивно не сме нормална држава :tapp:
 
гледам дека не ти е лесно самиот со себеси,соодветната институција која потпаѓа под Владата се вика Агенција за електронски комуникации,Clear ?

http://www.aec.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=675:izvestuvanje-do-pecatenite-i-elektronski-mediumi-vo-republika-makedonija&catid=39:soopstenija&Itemid=196&lang=mk
"дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација"
што не ти е тука јасно јас незнам, некој само го спроведува законот (не влегувам тука во дискусија дали треба или не да се затвори А1 но 100% треба да се почитува законот)
законот важи за сите подеднакво, барем толку треба да знаеш
 
Болдираното го утврдува СРД, не АЕК (исто по закон).
 
"дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон во случај на стечај или ликвидација"
Да ова е точно, ама ова требаше да го утврди СРД, па потоа да реагира АЕК. Вака и АЕК го прекрши законот, истото што го правеше и СРД со тоа што не им ја одзеде досега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ime
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom