Ете wot да не ја бампнел темава немаше хејт да добијам на подфорумов.
Овој филм според мене е најпреценет филм на сите времиња. Баш ми е гајле што има добри ефекти. И Трансформерс има добри ефекти па има луѓе што го хејтаат тој филм а го обожаваат овој.
Од сега според филмов ќе одредувам кои се хипстери кои не. Стварно не знам како може да има луѓе што го сметаат филмов за најдобар на сите времиња.
За еден филм да биде наречен филм треба да има карактери, дијалог, character development. Филмов ништо од тоа нема. После прво гледање на филмов само едно име на лик ќе ви биде запаметено- HAL 9000 што технички е лик без лик (т.е. нема лице

), нема буквално ништо во филмов освен класичната музика и ефектите со што може ова да се нарече за филм. Некој имаше напишано рецензија дека филмов е 2+ часовен скрин-сејвер. И во право е. И не мора да ме цитирате како сум заостанат и како тоа не сфаќам како тоа Кјубрик е генијалец и во филмов уште од доцните 60ти предвидел дека компјутерите еден ден ќе може да не заебаваат како сакаат бидејќи филмов е екранизација на книга така да авторот на книгата го предвидел тоа.
Ако веќе некој сака да ме цитира може само да ми објасни што побогу беше поентата на првите 40 мин од филмот. Дали ние моравме да видиме луѓе облечени во мајмуни како се чудат ? Дали моравме да го гледаме вселенскиот брод како 15 минути лета во вселената додека во позадина иде класична музика ? И очекувам некој да ме цитира и да ми каже како уствари јас не сфаќам дека мајмуните биле најважен лик во филмот и како преку нив Кјубрик сака да ни каже дека сите длабоко во себе си сме мајмуни што се чудиме на се и сешто, како ние сме мајмуни во пустина кои што осамено талкаме барајќи ја смислата на животот, и иако изгледа како да сме луѓе во костим на мајмуни ние всушност сме само обични мајмуни. Навистина длабоко.
The Room > 2001