- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.546
Факт е дека јазикот е променлива. Факт е дека многу изрази се превземени од странскиве (најчесто англиските) изрази. Но не мора да значи дека во формалниот па и некаде во неформалниот говор мора да се внесуваат изрази за кои постоји соодветна замена на македонски јазик. Да речеме, горе напишаа Покнување, Лејм, Лајк, Фејл итн... И најтрагичното е што веќе неколкумина се застапени во медиумите за инфорирање, (весници, телевизија, радио...) Тука веќе човек треба да се запраша како да го зачува она што сеуште опстојува во оригиналноста на нашиот јазик а да го отфрли она што е еден вид непотребно и го загрозува идентитетот на јазикот. Да речеме, вклучувам вести на некоја од телевизиите и наеднаш забележувам спикерот (говорникот) објаснува за незнам какви „Бенч маркови“ или тоа као се „апдејтувал“ договорот помеѓу две фирми. Да не одам понатаму...
Потребен е еден вид на педагошки мерки во образуванието уште од мали години да се научи што е правилно а што е неформален и „неморален“ јазик. Затоа што тоа што влегува во почетокот на детството треба да биде еден вид на квалитет а не било што да се превзема.
И да... Факт е дека медиумите многу влијаат во секојдневието. Можеме барем нив да ги исористиме за кон збогатување на јазикот со изрази соодетни на денешниве „англицизми“.
Овие два збора и мене ми „параат“ уши кога се употребуваат во медиумите.
Има пристојни можни преводи:
benchmark = мерка, одредница, споредбена точка
апдејтува = усогласи, уточни
--- надополнето: Jul 6, 2011 8:17 PM ---
Дечки (ова е прашање до сите кои се засегнати со темава) пред да „кинеме глаи“ на „масакрирачи“, може да се запрашаме сите колку англицизми користиме самите ние? Особено кога сакаме да му/и` ги соопштиме на соговорникот нашите современи погледи, информираност, итн.? Демек, колку сме „кул“
