АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Украден/ Изгубен Nokia N96

  • Креатор на темата Креатор на темата babsy
  • Време на започнување Време на започнување
Важни документи облепени со сребрено црни циркончиња а на задната страна големо дијамантско срце?
Цирконите и останатите тракатанци, се одлепени 108,72% . Не пие никој мастило.
 
Незнам како полицијата ке помогне ама пробај си ја среќата.Иначе немој повеќе важни документи во телефон да ставаш.Си постои usb за тоа а тоа е нешто што не го рекламираш многу и си стои во џеб или новчаник и потешко доаѓа до контакт со крадците отколку некој таков првивлечен за око телефон.Да не те разочараме ама податоците има голема веројатност да се избришани и тие циркони тргнати уште одма.Инаку објавив на фејсбук веднаш ама не очекувам многу.Никој не би поверувал дека полицијата ке се ангажира и дека ке го најде.Така да со тоа нема сигурно да го исплашиш крадецот.Ама ке ја шириме информацијава зошто можеби е некој човек со барем малку човечност па ке ти ги прати на мејл податоците ако се до толку битни и ако сеуште ги има во телефонот.Ама телефонот:D со здравје нека се служи.

пс:Имаш убави телефончиња и за 2-3 илијади денари и на нив се прави муабет еднакво квалитетно како и на другите.Башка и не трошат многу батерија па ке забравиш кога си го полнела.
 
Како бе?! Јас во папка за на работа не можам да ставам неколку документи, а ти во телефон? Како ја собра цела таа хартија?
Напредна младина...
 
Абе шо филозофирате на темата зошто изгубила толку мобилни... нов ќе и купиле немало шанси да го најде... ако неможете да и помогнете барем не и одмагајте!

А инаку на полицијата не се надевај... кога треба да најдат нешто тешкo, ама за да ти пишат некоја казна секогаш ќе излезат од некоја грмушка :)
 
Kupi si drug mob i cuvaj go malku povece.
 
Што се правиш манга?
Биди паметна земи си ко мене мобилен од 300 денари, и да не го изгубиш ќе ти го вратат.
Ако ти е целта да го покажеш статусот биди спремна да ја платиш цената за тоа, во животот не постојат такви работи како бесплатен ручек.
 
Имам другар што го загуби/му го украдоа телефонот во Охрид, и потоа му го најдоа. Ке го начекам ке му кажам да наврати во темава да го сподели искуството, пошто не се секавам детално што и како беше.

После година може беше мислам, му се јавија од полиција и си го подигна телефонот. Е сега што и како го нашле незнам. Ке видиме што ке каже тој. Јас ги советувам луѓето да отидат во полиција со ИМЕИ бројот на телефонот (нешто како сериски број ти е тоа, го има на кутијата и во договорот и гаранцијата) и со сите документации што ги имаш со телефонот. Па објави и награда за тој што ке ти го најде, можеби и ке се мотивираат луѓето повеке...
 
Tи ко си успеала 4 телефони да изгубиш, незнам зошто воопшто купуваш телефони?
Како една моја другарка, еве ова го прави:
Седи и збора на телефон, во моментот здогледува друга другарка која поминува пред кафичот, го остава телефонот, на маса брза да се поздрав и и да и ги пренесе “најсвежите “ информации, пола сааѕт муабет со нив. Јас стиснав црвено копче и прекина разговорот и фино лепо го скрив телефонот в џеб. Кога се врати, воопшто не се сети на мобилниот, и кога и текна дека со тој/таа што правела муабет на моб дека не и докажале важни информации, почна да го бара телефонот во чантата, добро кај го оставив, што му направив и слично. Телефонот и го дадов, и најинтересното кога дозборува го стави во палтото во еден плиток џеб, кој нормално пола висеше надвор пола внатре. Подоцна ПАК го бараше телефонот и одвај и текна дека е во џебот надворешен, па додека го извади и испадна и затоа јас имам едно правило, на жена која ја имаш проценето како расеана, НЕ И КУПУВАЈ СКАПИ ТЕЛЕФОНИ НИТУ СКАПИ ПОДАРОЦИ, нормално н ии ќе ги цени ни пак ќе останат нејзини.
 
Абе шо филозофирате на темата зошто изгубила толку мобилни... нов ќе и купиле немало шанси да го најде... ако неможете да и помогнете барем не и одмагајте!

А инаку на полицијата не се надевај... кога треба да најдат нешто тешкo, ама за да ти пишат некоја казна секогаш ќе излезат од некоја грмушка :)
Казни од грмушки? :) Секс?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom