Антички македонски племиња

  • Креатор на темата Креатор на темата lo6ko piratot
  • Време на започнување Време на започнување
Jap Mak Sun напиша:
Дами и Господа, периодот на Антиката е многу тежок за објаснување доколку не се соживееме со луѓето кои тогаш живееле...
Да не го цитирам целиот пост, сепак генерализираш и воопштуваш без ниедна референца од каде ти е знаењето за работите што си ги навел.

Немој да ме сфатиш погрешно, ама во пишувањето и пренесувањето на знаења за историјата на одреден период, личност, настан секогаш кога ќе сретнеш генерализација и обопштено гледиште дигај рачна и крени го скептицизмот на 100%.
Таква "слобода на изразот" е привилегија само на вистинските и признати експерти во одредени области, и е една од најголемите мани на секој млад историчар којшто сака да го наметне своето мислење.

убаво, само што Феничаните за првпат се спомнати во средновековието....

radiomileva напиша:
The Greek name Phoinike (Phoinix) is first mentioned by Homer..

Ако ова се однесува САМО на името "Феникијци" и "Феникија", тогаш ќе ти кажам дека за тоа одамна се водела и сеуште се води дискусија меѓу познавачите на тој период на историјата за медитеранот и се извадени и разгледани најразлични теории. (ако сакаш ќе постирам нешто од тоа тука, ама не овде темата за тоа).
Тоа му доаѓа како уште една грчка ујдурма која на светот, поточно западниот свет му ја пренесоа Римјаните (Punice="Пунски војни" со Картагина, ханибал, итн.) и од тогаш тоа име остана за таа земја и народ, иако секој, дури и почетник историчар за тој период ќе ти каже дека т.н. "Феникијци" никогаш самите себе не се нарекувале така.

А за ова што гледам го тврдиш на неколку теми, дека многу од работиве што денеска се земаат здраво за готово се всушност "измислици" од ренесансата во Италија од 15-16 век... хмм, има тука нешто, ама не знам дали може така генерално да се аплицира на се и сешто...

Сепак, отвори една тема со соодветен наслов па да продискутираме.
 
ок, само прво најди од кој век се користат зборовите римјани, пунски, картагина, ханибал, италијанци, французи и т.н. инаку јалова ќе биде дискусијата.
генерално, работиве што денеска се земаат здраво за готово всушност во најголем дел се фалсификати.
ние наводно потекнуваме од бригите и пелазгите. кој слушнал за нив пред ренесансата? никој.
најдена е археотипната греда со натпис македонец, пари со натпис пајонија.
ние потекнуваме од нив, бригите и пелазгите се измислица, тие се македонци=пајонци.
но, некои луѓе во италија, измислиле разни приказни, во нив спаѓаат и предците на македонците.

Александар е спомнат наводно после 3 века по неговата смрт (голем временски гап, дупка), Македонија во историските документи во 12-13 век по Ристета (но, тука е гредата со име Македонец од Римското владеење ).
сепак, и покрај тоа, наводната античката историја за него, после дупката има наводна константност, светот наводно знае за него и ИНДИЈА.

но, Колумбо не живеел со светот, па наебаа домородните жители од САД, наречени ИНДИЈАНЦИ.
зошто? затоа што Колумбо не бил во Африка да види слонови, како оние во Индија против Аце.

што има врска сега Колумбо?
има врска, ете какви неуки луѓе праќале да откриваат светови.
Не требало да знае историја, туку ориентација по звездите?
ок, се согласувам, туку, жити му ориентацијата, наместо исток, на запад.
повторно,има врска, ете какви неуки луѓе праќале да откриваат светови.
зошто не користел компас од Марко Поло?
затоа што и Марко Поло е измислица.

некои, со знаење бетер (по наше, не по германски) од него, такви луѓе ја напишале "античката историја" во средновековието.

ова се само насоки за една тема со соодветен наслов....
 
Паѓа ли тезата за потеклото на Десаретите

http://tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/14795-pagja-li-tezata-za-potekloto-na-desaretite

На археолошкиот локалитет на Плаошник се откриени три бронзени монети кои датираат од античкиот период. За ова значајно откритие археологот советник Даница Бачевска прв пат јавно проговори гостувајќи во емисијата Печат. Таа како дел од тимот на археолози учествувала во истражување на локалитетот Плаошник во периодот 2007 -2011 година. Со ново пронајдените монети сега се руши тезата за потеклото на Десаретите, тврди археологот Бачевска.

moneti%20.jpg
„ Најновото и мошне значајно откритие за кое прв пат го откривам е дека во тек на најновите ископувања на Плаошник се откриени 3 монети од бронза, монети на Десаретите. Значајни се по тоа што се ковани во монетарницата во Лихнид како лихнидски монети. На нив децидно стои чии се монетите. На аверсот на десниот агол стои натписот Десаретион, а на реверсот има разни престави“.

Пронајдените три монети се класифицирани во два типа. На едниот тип на аверсот е преставен Хераклеј, а на реверсот е преставен Зевс. На вториот примерок има иницијали BA, што означува Basilios Aleksandros. Тоа се монети кои се ковани во време на македонските кралеви, Александар III и Александар Македонски, кажува Бачевска. Посочува дека до пронаоѓањето на овие три монети, во науката постои мислење дека Десаретите не се на високо економско ниво и дека не постои стоково парична размена туку само во натура.

plaosnik%202.jpg
„ Овие монети кои се доста совршени , софистицирани направени се како прототип на монети на последните македонски кралеви Филип 5 и Персеј. Типолошки се сместени со македонските монети од периодот на Александар III, на аверсот е преставен Хераклеј , а на реверсот Амон Зевс, и типолошки припаѓаат на монетите на македонските кралеви. До неодамна владееше мислењето дека Десаретите се Илири, но со овие откритија се потврди тезата на Проф. Наде Проева, која работи на античката историја, дека Десаретите се македонски племиња и не се Илири“.

Охрид, во античкиот период во 2 век пред наш ера па се до среден век , со прекини, бил силен монетарен центар каде што постоела монетарница во која се ковале монети од бронза и сребро. На археолошкиот локалитет Плаошник со истражувањата во периодот од 2001 до 2011-та се откриени над 16.000 монети од антички период па до среден век. Археологот Бачевска наскоро, досегашните археолошки откритија ќе ги објави во книгата „Лихнидската ковница“, по што ја очекува реакцијата на колегите од земјава и од странство.
 
А што е со Мармадонците, незабележав пост до сега за нив! Колку што сум информиран физички тие воопшто не наликувале на Хелени, а и говореле доста различен јазик!
 
А што е со Мармадонците, незабележав пост до сега за нив! Колку што сум информиран физички тие воопшто не наликувале на Хелени, а и говореле доста различен јазик!

Племето на Ахил, се смета дека имале пелазгиско потекло.
 
Пајонците слободно може да се наречат античко македонско племе

Пример кај Херодот и Тукидит секогаш се споменуваат како одделно племе од Тракијците. Кај Страбон се наречени и Тракијци и се поврзани со Фригите. Но Тракија значело копнена земја па често за Тракијци се нарекувале сите кои не излегувале на море, а не етнички, така е кај Страбон.
Кај Хомер Пајонците се на страната на Троја против ахајските племиња.

Според ономастиката пајонските имиња се едночлени (Дида, Котис, Манта, Мома) а тракиските се сложени (Хептакент, Мукакент, Кетрипр)
Плус на стели најдени на пајонска територија има имиња кои се поврзуваат со бригиската ономастика (Бејтис, Манта, Дулес, Местил). На територијата на пајонските племиња нема топоними кои се со типични тракиски завршетоци -para, -bria, -diza.

Пајонските тумули се со голем обем и вертикална стратиграфија на култот, а тракиските се со мал обем и хоризонтална стратиграфија на култот. Пајонските имаат радијален рапсоред како тие во Ботиаја. Најдените бронзи се најблиски со тие во Орестида.

Треба да се знае и дека сите македонски племиња пред да се обединат си имале свои владетели па при обединувањето во битата за превласт некои се вклучиле порано некои подоцна во македонската држава. Секој сакал нековиот владетел да биде над сите.
Пајонците заедно со Линкестите последни давале отпор на централната власт на Аргеадите, во текот на борбите бил разурнат Амидон, а дел од Пајонците се повлекле на север од Демир Капија со што се објаснува и намалувањето на бројот на жители на населбата Кастанас каде има континуитет до 2 век стара ера.

Според Шашељ Пајонците се стопиле со другите македонски племиња затоа што пајонската група на племиња учествувала во создавањето на античките Македонци, а според Бенац тоа е можно само заради нивната сродност.

Извор: Династија на Аргеадите, Н. Проева, Скопје 2004

Друг пат и за Енгеланите односно Дасаретите.
 
Пејонците се предци на денешните Мариовци (Мариовците се дел од Пејонците).
Затоа и во Мариово е прилично застапено во минатото името ПЕЈО - име кое не е изведено од името Петар туку е сосема засебно име. Мислам дека и градините на кралот МИДА биле во Мариово или околината. А до ден денешен ова име исто така се задржало во Мариово (мислам дека само како презиме : - Мидоски, за лично име не знам).
 
1. Адриани
2. Пердикеанци
3. Линкестијци
4. Пеонци
5. Одрисеанци
6. Моесианци
7. Орестијанци
8. Алмопијанци
9. Елиметејанци
10. Халкидијци
11. Пелагонци
12. Илири
13. Мелесијанци(Епирци)
14. Тракијаци
15. Дардани
16. Трибалци

Глупости у боја.
(*се надевам дека не треба да наведувам извор за овој мој коментар)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom