Ч Е Н Т О
Методија Андонов
Да не го цитирам целиот пост, сепак генерализираш и воопштуваш без ниедна референца од каде ти е знаењето за работите што си ги навел.Jap Mak Sun напиша:Дами и Господа, периодот на Антиката е многу тежок за објаснување доколку не се соживееме со луѓето кои тогаш живееле...
Немој да ме сфатиш погрешно, ама во пишувањето и пренесувањето на знаења за историјата на одреден период, личност, настан секогаш кога ќе сретнеш генерализација и обопштено гледиште дигај рачна и крени го скептицизмот на 100%.
Таква "слобода на изразот" е привилегија само на вистинските и признати експерти во одредени области, и е една од најголемите мани на секој млад историчар којшто сака да го наметне своето мислење.
убаво, само што Феничаните за првпат се спомнати во средновековието....
radiomileva напиша:The Greek name Phoinike (Phoinix) is first mentioned by Homer..
Ако ова се однесува САМО на името "Феникијци" и "Феникија", тогаш ќе ти кажам дека за тоа одамна се водела и сеуште се води дискусија меѓу познавачите на тој период на историјата за медитеранот и се извадени и разгледани најразлични теории. (ако сакаш ќе постирам нешто од тоа тука, ама не овде темата за тоа).
Тоа му доаѓа како уште една грчка ујдурма која на светот, поточно западниот свет му ја пренесоа Римјаните (Punice="Пунски војни" со Картагина, ханибал, итн.) и од тогаш тоа име остана за таа земја и народ, иако секој, дури и почетник историчар за тој период ќе ти каже дека т.н. "Феникијци" никогаш самите себе не се нарекувале така.
А за ова што гледам го тврдиш на неколку теми, дека многу од работиве што денеска се земаат здраво за готово се всушност "измислици" од ренесансата во Италија од 15-16 век... хмм, има тука нешто, ама не знам дали може така генерално да се аплицира на се и сешто...
Сепак, отвори една тема со соодветен наслов па да продискутираме.